Стално кога одиме Истанбул преку букинг резервираме исто поефтино а таму што одат луге поскапо ги фаќа. Јадењето ти е ако сакаш да си доручаш 7е ке си платиш, ако нејкиш ке си излезиш некаде надвор да си јадеш. И нема врска собата и погледот нас ни дадоа огромна соба значи дете да урла за 80е ноќта 5 души, а на човек да резервираш дирек на место 50е на човек
Не не, доручекот е плус знам. Ама да не ми кажат таму дека мора кај нив. Ок во секој случај фала ви, мене ми беше само да не ми наплатат плус од таа сума. Собата е стандард нишо посебно не барам, додуше поише е апартман дека е со кујна..
резервирав еден хотел во Белград, но во следните 72 часа се предомислив бидејќи ситуацијата меѓу нив и Косово не е баш најдобра. И го откажав хотелот, а пишуваше дека нема откажување, и сега ми стигнало порака дека не може да го процесираат плаќањето и да има средства на картичката во следните 20 часа за да се овозможи престојот. Но јас не сакам никаков престој , што треба да направам , кога нема да одам зошто да бараат пари ? Помош што да правам дали треба да пишам на букинг?
Па штом пишувало дека нема откажување, односно не е free cancelation, мора да си платиш. Скоро секаде каде што се резервира се бара уплата за капар. Има такви кои не бараат, или имаат одреден рок, но ете овие немале. Еве јас кај што имам резервирано во албанија беше слободно откажување до 17.08 а потоа ако откажам ми наплаќаат пола од сумата. А ако се реализира престојот ќе си ја платам цела сума таму.
Да но тие не бараа пари на сметката, т.е може да резервираш без да прикажеш цела или одредена сума , им пишав директно на нив и ми рекоа дека во секој случај се наплаќало иако се откажува резервацијата бидејќи политиката била таква со неповратна рефундација, стриктно сега за тој хотел без free cancellation , но рекоа дека нема да ми наплатат , а сепак сабајле пробале да повлечат пари од сметката, но за среќа не чувам пари на таа картичка . Дали доколку сега ставам пари на таа сметка може слободно да си влечат иако нпр нема да е целосната сума , т.е да може да влечат по 1000 денари ако и се така кога ќе има пари на сметката.
Е до толку не се разбирам. Ама ако не е free, сепак мислам дека ќе повлечат, кај нас пример пишува убаво дека до 17.08 доколку откажеме е без наплата, по таа дата ќе се повлечат пари, е сега не ми текнува дали внесе картица.
zdravo decki me zanima na booking cenata kade sto e na primer 40e jas baram za 2ca i mi kazuva deka e 40 e toest za 3 noki 120 e vkupno se epa sega sakam da znam dali e 120 od coek ili 12 za 1 soba
Па нели имаш опција да пишиш колку члена сте, е од ко ќе напишиш цената ти ја кажува за двајца од ноќ
Ај ве молам некој дали е станоиздавсч преку букинг ? Како може да си подигнам рејтинг? се убив од пробување и не ми оди дали се плаќа нешто ?
Можиш да дадеш поголема провизија на букинг па така да те покажува во првите. А рејтинг со повеќе букирања, можиш да ги замолиш и гостите пред заминување да дадат оценка ако се задоволни
Издаваме стан, па ме интересира како да направиме да се плаќа пред доаѓање ако знае некој. Неколку пати се случи да ни бикираат, а да не се појават
Нема некоја разлика мислам. Зависи сместувањето која опција ја избрало во однос на плаќање дали унапред или во сместувањето. За сигурност исто ти е
Во последно време Airbnb набија цени мислиш незнам кај одиш!Во почетокот кога и не беше толку популарен сајтот цените беа мн понормални и имав предобри искуства преку нив. Сега мислам преку Booking ќе најдеш далеку подобри услови и поефтино. - тоа е моето видување , немора да значи! Check24 провери ако си во можност! За сигурност , сигурни се и двата сајта.
Дечки да не знае некој како да го контактираш букинг? На телефон? Или дали имаат онлине чет? Имаме проблем со хостот, не се разбираме а веќе ни е платено.
Можеби е рано, ама дали знаете некакви понуди за прв крак грција или од другава страна Леотокарија пример, за лето 2024? Никогаш немам рано резервирано, а ми велат поефтини понуди се наоѓале.
Нешто што почна многу да ми смета кај смештаите на Booking (и Airbnb, for that matter) е што времето за чекин го местат сè подоцна, и ако сакаш да се чекираш порано, да доплатиш?! До кога со алчност за пари, бре луѓе? Последно што разгледував, чекин за некои апартмани е во 16 ч. Ама нормално дека сакам да се чекирам што порано, не сакам да ми помине пола ден шетајќи со куферите низ градот, или да плаќам негде да ми ги чуваат до 16. А битно, чекаут е во 10 или 11 ч.! А извини, зошто не е на пр. 14 или 15ч.?