Има проблем со букинг. Покажува дека има место, но всушност нема (не прима промени) - ова ми го наведоа и ми откажаа.. Секаде е преполно за викендов..
Здраво, дали некој знеа дали има можност да се одбукира без да се плати 50% откако ќе помине free cancelation преку букинг?
Ако направиле резервација надвор од букинг треба да внесат таму дека е зафатено во тој период. Ама или ги мрзи тоа да го направат или не знаат како
Резервирав денеска на booking сместување за велигден, веднаш направив уплата. По 15 мин ми пиша сопственикот да ја откажам резервацијата зошто не знаел дека договорот му истекува со букнг до крајот на март. Но таму ми стои дека доколку откажам јас парите нема да бидат вратени. Тој ме убедува дека ќе се вратат во рок од 2 недели. Им пишав мејл во поддршка на боокинг, но немам одговор. Му викам да ја откаже тој резервацијата, ми вели не може зашто он кажал дека јас ќе откажам Навистина сум на 2 ума… Не е мал износ. имал некој слична ситуација?
Нас на фул платено сместување, на ден пред тргање ни пишаа од хотелот дека нема да работат спа и базенот додека сме таму и ако сакаме да го откажеме сместувањето, а они ќе одобрат рефундација. Поминато беше времето за free cancellation, се разбира. Го откажавме и пишавме на букинг на ситуацијата. Од букинг ни одговорија дека ќе ни бидат вратени парите во рок од 7 дена, ама ни ги вратија наредниот ден во полн износ. Ќе ти одговорат од букинг сигурно, само некогаш има треба малку време.
Слична ситуација, сега ме буни што доле пишува деке доколку затворам резервација нема да ми бидат вратени парите. А горе имав 24 саати за free cancellation. Не ми се ризикуваше да откажам, зошто ја имав таа забелешка, на крај ке испадне ти ја откажа, зошто да ти рефундирам пари... А не е мал износ.
Тој треба да откаже. Нешто сомнителна ми е ситуацијава. Ако откажеш ти, може да ти ги собере парите. Никако не откажувај ти. Од каде си сигурна дека стварно му завршува договорот со букинг? Од каде да знаеш дека нема да го продолжи договорот или не се лаже? Обавезно контактирај со букинг за ситуацијава. Мислам дека ќе можат да ја решат. Ако не ти вратат на мејл, јави им се.
Не откажувај ништо, пиши им на букинг да го контактираат сопственикот и да ја објасни ситуацијата. Според мое мислење, најверојатно истото сместување го има продадено преку две различни платформи, или можеби добивал многу пораки за истиот период со повисока понуда/цена, па сака да те намести тебе да ја откажеш, за да не ти врати пари. Ако нема многу оценки, и ако е релативно нов оглас, може да се преваранти, па да земаат пари од откажани резервации без рефундација.
Не ја откажувај никако резервацијата, и биди упорна со пишување до b.com. Договор со b.com не истекува, сигурно веќе ја има продадено собата за повисока цена, или сака да менува цени за тој период па сака да ги откаже сите резервации поради загуба доколку продава по ниски цени. Како што кажаа и другите не пропуштај и слободно објасни му ја ситуацијата на b.com support
Ми отворија за 24 саати бесплатно откажување, ја откажав резервацијата. Ми пишаа дека ќе ми ги рефундираат парите. Ви благодарам на советите!