Bourjois декоративна козметика

Дискусија во 'Лице' започната од Miss007, 21 јануари 2011.

  1. Miss007

    Miss007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Дали и колку ви се допаѓаат производите на козметиката Bourjois? Дали се квалитетни и кои од маскарите би ги препорачале?
     
  2. Skorpija87

    Skorpija87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    68
    Од оваа фирма имам само едно руменило што ми е поклон донесено од Бугарија многу е тврдо, но сепак не е многу лошо сакам да пробам од моливите за очи тие црно-бело но незнам какви се
    малку офф девојките од кочани ако знаат каде има bourjois и deborah нека кажат поздрав.
     
  3. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    2.463
    имам 2 моливчиња за уста од Bourjois и ми беа поклон за роденден од една другарка ...не ми се свидеа (овде можам слободно да си кажам ) си ја изгребав усната еднаш
     
  4. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.106
    Допаѓања:
    2.677
    Пол:
    Женски
    Користам лак за нокти од оваа марка и ми се бендисуваат, не се вадат за 2 дена убав сјај имаат.Друго немам пробано па така да неможам да коментирам.
     
  5. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.113
    За лице ја користам Bоurjois HealthyMix пудрата и сум презадоволна. Исто така ја обожавам нивната купка Bоurjois Bonheur En Mousse. Сакам да го земам и HealthyMix коректорот и руменило за лице од нив.
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.737
    ги имам пробано сенките на Боурјоис и на Дебора како и еден од прозирните сјаеви со вкус на ментол на Боурјоис и се навистика прекрасни и квалитетни :*
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.568
    [​IMG]
    Имаше тестер во Unique,па и нијансата ми ја погодиле :inlove:
    Деновиве моја е!!!
     
    На frutini и girl1985 им се допаѓа ова.
  8. Nikolina66

    Nikolina66 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Искрено не сум многу задоволна од healthy mix serum пудрата и ви препорачувам доколку барате пудра да одберете од друга компанија како Loreal или Max factor, но затоа останатите производи, како сенките, маскарите и руменилата, на Bourjois се одлични..
     
  9. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.113

    Што те разочара? :^)
     
  10. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.460
    Си купив пудра и според мене вреди за сите пари :) конечно пудра која покрива а пак да имам природен изглед а не како да имам маска на лицето. Јас сум многу задоволна :)
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.909
    Вчера купив сјај ,3д тој што е зошто ептен ми се свиѓа . Ставив еднаш од една другарка и цела вечер ми стоеше и после убава ми беше устата , мека . И задоволна сум . Друго ништо немам користено . А колку се лаковите ? :)
     
  12. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    6.198
    А колку е купката Bоurjois Bonheur En Mousse? :)
     
  13. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.821
    Пол:
    Женски
    Искрено прв пат слушам за оваа козметика :$
    А може сум ја пресретнала ама не сум знаела дека имам контакт со неа :lol:

    Како и да е, ме интересира за пудрите, убави се? Гледам ги фалите...
    Која им е цената?
    И Душице, сјајот каков е? Може цена и за тоа. :$
     
  14. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.113
    Ја има во Тинекс и Космо Тинекс маркетите. 170 денари е. Дефинитивно мора да се проба :)
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  15. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.113
    Од новите 3Д? Или од старите 3Д што се на -50% акција?
     
  16. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.113
    Буржоа е француска фирма... сестринска на Chanel. Претежно прават лесна козметика. На пример пудрите HеalthyMix & HealthyMix серум се на природна база, а за таква се води и Detox, а доста фалена е и 10часовната (Sleep effect). Пудрите се во просек 800 денари, за пакување од 30мл. Според мене се многу квалитетни и ги препорачувам ако некој бара полесна пудра која има солидна покриеност и полумат финиш. Многу често имаат акции низ парфимериите па со пудра се добива гратис коректор кој инаку чини 400 и нешто, или гратис маскара која инаку чини 400-500 денари, и слични варијации. Доста познати се руменилата на Буржоа кој кај нас мислам дека ги има во 12 нијанси. Се произведуваат повеќе од 100 години, а бројот 48 од линијата на Буржоа руменила се води како воопшто прво руменило кое се појавило во ерата на шминките. Доста ги фалат и нивните сенки, кои лично ги немам користено но во план ми е. Сакам да си купам и нивна камена пудра и уште некои работи. Ама со тек на време, не може се одеднаш (за жал :D ).
     
    На koritsaki, A-j-a, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.828
    Допаѓања:
    50.648
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Јас ја имам користено оваа пудра. Многу го освежува лицето, ама воопшто не покрива. Одлична е за посува кожа што нема потреба од многу покривање, зашто дава здрав порцелански изглед.
    Со коректор функционирав некако, но за мојата кожа ова беше мало покривање. Сепак ми се допаѓаше за дневен изглед.
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.201
    Допаѓања:
    41.158
    сенките им сеееееееееееееееееееееееееееееееееее :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: се нашлапав во јуник :rofl: ама немав 'црвена' да ја купам :lol: :D
     
  19. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.113
    Бар си го напраи меракот. Ќе си купиш друг пат. :*
     
  20. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.316
    Знаете ли колку се сенките за smokey eyes?Поминав преска покрај 3 космо и заборавив да влезам?