Официјалните профили на Боржуа по социјалните мрежи објавуваат слики од кои буквално ми течат лиги по продуктите. Како да одолееш на прајмериве, на пример. : ))))) Зошто кај нас изборот е поограничен? Не дека нема избор, има широк ранг на продукти за сечиј вкус, ама имам чувство дека вакви новитети тешко идат кај нас. Он-топик: есенва се заљубив по којзнае и кој пат во чоколадниот бронзер. Изминатава година користев еден бронзер постојано, па за промена денес се нашминкав со бронзерот на Боржуа. Фантазија е, пак ќе ми биде љубов.
Девојки, јас имам сува кожа. Хелти микс пудрата ми одговара, но ме интересираат и Хелти Микс серумот но и ББ кремата. По што се разликуваат од пудрата? Во однос на текстура, покривност? Дали би била ок за сува кожа (склона на лишаи)? @koritsaki нешто ми текнува како да имаш користено нешто од производиве, па ако може збор два. Секако и некој друг ако знае. Фала однапред
ББ-кремата мене ми е со многу полесна формула од пудрата, многу е лесна на лице. А покривноста е баш како на другите ББ-креми - ако имаш многу за покривање, ќе ти треба коректор секако и билд-ап некаде со уште еден слој од кремата. Серумот е погуст од пудрата и похранлив, не е тежок и има некоја средна покривност. По мене, пудрата има најголема покривност, па серумот, па ББ-кремата. @CameliaMiller серумот го има во Анабела во Сити Мол. Ама имаат само неколку нијанси, мислам 52, 53 и 54.
@Luminary Серумот го имаше во Анабела во Сити мол и тоа одредени нијанси од 52 до 56. Сега не знам дали се уште го има. Од линијата Хелти микс и бб кремата и серумот и пудрата ќе ти одговара за серумот читав низ форумов дека е добар и за комбинирана кожа - јас го немам пробано а пудрата е по покривна од серумот по мое мислење
Само што видов на инстаграм дека имаат во Анабела парфимеријата 70% попуст на сите производи на Буржуа (освен пудрата ХМ таа ја намалиле на 30%)
Не знаев дека во Анабела има и drugstore козметика па немам ни влезено до сега. Просто немам пари за Боби Браун или Ла Мер... Имаат и други drugstore?
Само да знаеш дека drugstore брендови има само во Анабела во Сити Мол. Таа што е кај Мериот на плоштад има само high-end козметика, ама во дуќанот во Сити Мол ги имаат сите останати брендови.
Која има најдобри состојки од ББ кремата, пудрата Хелти микс и серумот, се мислам меѓу овие три. Моментално ја имам ЦЦ кремата па сакам и нешто од овие три да земам .
Bourjois имаат нова пудра за лице во форма на стик, се вика Always fabulous. Некоја ако ја пробала или планира да ја проба нека пише нешто повеќе
Јас ја имам, многу е убава. Поопширно мислење за некое време, три пати имам ставено досега од неа, ама многу ми е убава.
@Mishela прееска ја видов наградната игра на инстаграм па реков да прашам овде. Колку нијанси има? Ти која нијанса ја имаш? Важи ,баш ќе чекам поопширно мислење
Во ДМ маркетите во бг, и тоа има голем процент намаление до 17ти. Не знам колку е од помош инфото. Но ако некој оди, може да погледне ако сака.