Најсветлата. Многу е светла, ама многу ми е убава. Сунѓерчето го немам пробано, ја нанесувам со четка или мое сунѓерче, ама нежничка е, свиленкаста по текстура и не е многу покривна, средна би рекла но мене ми е сосема доволно. Дури немам потреба за коректор некогаш ако се погоди денот.
Цена знаеш? Инаку пред десетина дена гледав пудри на Буржоа, ама оваа ја немаше. Ќе ја барам следен пат. Само да има повеќе нијанси.
540мкд, моментално во Еликсир. Редовната цена не ја знам, веројатно како и сите други нивни пудри, до кај 800. Има 5 достапни нијанси.
На штандовите на Буржуа денес ја забележав пудрава во прав , има две нијанси , peach и rose. Ја пробала некоја од вас? Ставив малку на раката , убава ми се виде ама гледам има некои ситни честички..
Ве молам препорака од пудрите на Буржуа за течна и камена или пудра во прав за многу мрсна кожа. И за светол тен.
Air mat дефинитивно, но не знам дали имаат многу светли нијанси. Ќе ти кажев и 123 прфект, но најсветлата ја имам јас и не е баш светла.
Да видиш оваа новата на Буржоа, во стик што е, Always Fabulous. Е сега, мене ми е нормална кожата со масна т зона, а за многу масна не знам дали ќе одговара. Но мислам дека ќе може, оти сепак се работи за стик. А солидно е покривна, макар што јас немам баш проблематична кожа, по некоја флека и црвенило тука и таму, ги покрива. А трае на лице доста долго. А за нијанси, не знам, кај нас има само пет во Еликсир, со тоа што најсветлата е 210 (light beige), а ги има и 310 (beige), 400 (pink beige), 410 (golden beige) и 420 (beige honey). Останатите (посветли) нијанси ги немаат, a на друго место не знам дали ја има во продажба. Јас ја купив дека е на попуст сега, 400 ми е нијансата што ми одговара, споредував со City Radiance (исто на Буржоа), од нив 4ка користев.
Значи аир мат или таа во стикот.. ви благодарам а таа во стик што е до кога има попуст? Ќе одам да ги пробам двете па ќе видам
Бев пред некој ден во Еликсир и јас да ја пробам пудрата во стик на попуст беше таму , ама ништо не ја земав , нијансите се претемни најсветлата што ја носат овде е исто претемна за мене , жолта а е трета по ред (првите две не ги носат) така ми кажа девојчето во Еликсир. Така да се вратив на Аир мат
Јас ја користам моментално на Хелти микс пудрата, убава е не дека не, има слаба покривност, не ми треба за покривање само за изедначување на тенот. Она што не ми се допаѓа е што на слики ужасно стои, незнам зошто така, и со мојот телефон бев сликана и со професионален апарат, лицето ми изгледа како целото да ми е нафрлано а јас немам акни освен кога сум во ПМС. Пак ќе си ја земам ЦЦ кремата на Буржоа, и во живо и на слики супер е, само што ЦЦ кремата дава уште поприроден изглед. Сакав да ја купам и ББ кремата на Буржоа ама кај нас ја нема. Што е разликата меѓу ЦЦ кремата и ББ кремата, кај нас се уште ја нема, ќе ја барам во Ск.
Ја има во ДМ ББ на Буржоа, а и ја имам забележано во некои помали продавнички за шминка, јас се мислам да земам ББ или ЦЦ на Буржуа. Како си засдоволна од ЦЦ покривна ли е и дали добро изгледа вака на лицето?
Ако имаш комбинирано - масно лице ЦЦ кремата ќе ти биде одлична. Јас ја користев и бев презадоволна бб кремата мислам дека е повеќе за по сува кожа а покривноста на бб кремата не знам каква е , ама цц солидно покрива
Во право е @koritsaki . Јас ја користам ББ, имам суви образи и нормална т-зона, и одлична е. Навистина има солидна покривност за ББ крема, и баш убаво легнува на лице. Јас како што не користам тешки пудри, оваа како пудра ми доаѓа некогаш
И јас сум светла, ама првата нијанса е премногу светла ваљда средната ќе биде, само се надевам дека ќе биде покривна