Јас сум задоволна од ЦЦ кремата, јас немам за покривање само за изедначување на тенот, дава многу природен изглед, ја земам веќе неколку пати.
Ја сум светла и ја користам првата нијанса light и ми е баш погодена, medium ми е малку темна. Само и мене ме интересира како се покажала ЦЦ кремата на сува кожа бидејќи ББ ми е при краЈ па се мислам дали да сменам да ја пробам ЦЦ или пак да си ја земам ББ
Ја немам користено, но сакам да ја пробам ББ кремата, па ако ја имаш користено да ми кажеш како си задоволна. Ми треба за покривање, бидејќи не смеам да користам пудра поради тоа што одам на третмани за лице. И дали е добра врз неа да се става руменило, бронзер, хајлајтер и др.
Не е многу покривна (како и повеќето бб кремови што сум ги користела), ама за црвенило и некоја ситна бубулица ми врши работа и супер ми го изедначува тенот. Е сега и зависи кај кој како, на пример мене не ми смета што нема голема покривност и си ја ставам и за вечерни излегувања со бронзер, руменило и такви работи.
Дојдов да ги пофалам мат кармините на буржуа. Зборувам за хидратантни, не течни мат кармини што траат исто како и еден солиден мат кармин... не, што зборувам, траат подолго од моите аура омилени течни кармини. Заљубена сум во 22ка, чоколадно кафеава нијанса.
ЦЦ кремата од продажба да не ја повлекуваат ? Гледам секаде каде што побарав има останато уште една, две, и тоа ја нема мојата нијанса. Најновата пудра дали е потешка од ЦЦ кремот, сите останати ги имам пробано уште оваа не сум ја пробала, ама ЦЦ кремата најприродно ми делува.
Дали имате користено пудра од Буржуа (Bourjois)? Искуства? Ми кажаа дека и по состав и покривност била многу убава.
таква ко најлевата имам.. ко малтер се знае. Треба ептен мал слој да ставиш. И creases се прават секаде каде што имаш и најмала брчка.
Најлевата не сум ја пробала ама другата е најлесната пудра во таа категорија. Мене ептен ми е погодена.
Јас штотуку ја нарачав Боржуа цц и ја земав лајт беиџ. Ќе видам кога ќе стигне како ќе се покаже нијансата,другарка ми е презадоволна.
Да се самоцитирам. Пред се,нијансата има жолт подтон и мене ми е погодена. Цц кремата не е густа. За трајност понатака ќе пишам. За оние со неутрален тон нијансата е топ.