Би рекла 123 перфркт. Но се доста различни, хм има сјаен финиш (не многу) , додека 123 е повеќе мат и е подобра за мрсна кожа.
И мене ме интересира тоа, јас сум многу задоволна од healthy mix ја обожавааам. Да, имам мрсна кожа и знаев да светнам уште повеќе, но сепак е прелесна пудра.
Која е разликата помегу ББ кремата и ЦЦ кремата од оваа линија? ЦЦ кремата ја имам користено убава е, не е многу густа, и убаво стои на лицето, многу природно. Дали и ББ кремата е со таков состав, не толку густа и нелеплива, дали природно стои на лице, се мислам да ја земам за проба.
Дали Боржуа некако како да се повлекува од пазарот или така ми се чини. Ајде јас во мал град сум тоа што донесат е ситница, мал избор има ама не се ни повторува веќе да донесуваат. Гледам и во Скопје во сите ДМ нема Боржуа, некни во тие што влегов немаше од оваа линија, во другиот мал избор на руменила 2,3 и тоа без тестер. Штета, мене посебно руменилото ми се допагаше, постојано ги купувам, имам неколку и мислам едно ми трае по 100 години. Дали има некоја страна со онлајн достава?
@danichap Буржуа доколку можеш да ги најдеш во Германија , Хелти микс линијата ќе ти одговара , но не пудрата ако не сакаш голема покривност туку бб кремата или серумот пудрата, таа серум пудра ми беше најомилена иако имав мрсна кожа. Имаат и камена пудра од истата линија.
Нов производ на Буржуа пудра, ова е некоја копија на еден производ од Шанел Се прашувам дали воопшто би ја донеле во Мк. Интересно е да се проба. Дали вие што ја баравте 123 перфект негде ја најдовте? Гледам ја имаат на официјалната страна француска , што значи дека не е повлечена Јас исто на грчката страна на Нотино ја најдов во сите нијанси и ја порачав во нијанса 51 секако.
Јас баш сакам да го пробам ова, ме потсеќа на една друга пудра што ја имав (Jane Iredale) и ептен ми беше погодена. A за 123 Perfect, можеби друг е проблемот, којзнае. Се надевам ќе средат, стварно одлична пудра е.
Имаат во Шатци и Еликсир онлајн достава. Во CosmoTinex има дури и наградна игра со Borjois (патување во Париз).
Не сум приметила дали го има. Ај може некоја друга ќе каже ако го видела. Исто можеш и во Космо да провериш, во Шатци, таму обично имаат малку поголем избор од полиците во ДМ.