Фала ти. Баш таква барам светла и розева, пошто имам бело лице и до сега никако да погодам некое такво руменило.
Ништо таман работа. И јас сум иста, бела-сирење, така што ова до сега најмногу ми одговара иако не мириса баш најубаво. Друго најслично, и поевтино, имаш од Wet n Wild во нијанса Pinch Me Pink. Знам и дека во Kiko Milano има, но немам се уште пробано. А, можно е и по корејските да има поголем избор, пошто нивните палети на бои се генерално светли и наменети за бело лице, само што сигурно најскапи се.
Не ми е битна цената само да стигнам до руменило што нема да изгледа чудно на мојата фаца. Овие ми се видоа ко најдобри нијанси за бела кожа. Чим е оваа таква, ќе го купам.
Хмм, се надевам на лице не мириса? Плус и со други продукти кога ќе се нанесе. Пример бронзерот ми има убав мирис на кокос.
Не, не Само додека да го отвориш (иначе и тоа, многу тешко се отвара да знаеш). После тоа не се осеќа уопште. Иначе кој бронзер ко користиш ако не е тајна
Во ДМ ја нема оваа линија повеќе или грешка сум? Кога бев девојка постојано купував само од оваа линија, не знам зошто се откажав ама приметив дека се помалку и помалку има кај нас. И ме нервираше што некој производ кој ми стане фаворит за некое време го повлечат од продажба, посебно пудрите.
123 perfect ја има ли воопшто некаде, или престанаа да ја произведуваат? Најомилена пудра ми беше, никаде веќе не можам да ја најдам.
Да во Мк ја нема. Јас ја купувам од Нотино грчката страна (во Грција живеам) по цена од 5.90 евра, производиве Буржуа се жива џабатела таму. И тоа сите нијанси ги има. Не знам зошто во Македонија не ја носат..