Во моментов ни мене не ми текнува. Ама после планирам да одам до Космо, па ќе видам и ќе те известам.
Ако не ти е тешко ѕирни и дали има само нијанси на кафеаво или и на црно, јас кај другарка кафеавите ги пробав и беа преубави, а сепак на око ко црно делуваше.
Femina90 проверив ! Речено, сторено! Имаше такви сенки и имаше и на кафеаво, и на црно и уште неколку варијанти. Цената им е 612 денари во Космо.
Healthy mix serum пудрата неможе да се спореди со оние на Loreal или Max factor, можеби вие мислите дека е супер но, тогаш најверојатно не сте ги испробале другиве.
Не може да се спореди со што? Да, признавам, не фасадира толку многу. Ама гарантирам дека е далеку поздрава за млада кожа. Макс фактор е многу јака СЦЕНСКА шминка и за ваше добро не ја користете секојдневно.
Несомнено е тоа дека е поздрава за млада кожа како и за секојдневна употреба...но, според мене добра пудра е онаа која што не се чувствува дека ја носиме, а сепак делумно покрива и згора на се изгледа природно...со Healthy mix јас не го постигнав тој ефект
Од Јуник ги земав исто 615 Се мислев меѓу кафеавите и црните и сепак црните ги одбрав, кафеаво скоро ич не носам
Од буржоа имам само ова користено и задоволна сум и од руменилата и од сјајчето ,кога ќе подсоберам пари пак ќе си купам
Еве ги руменилата од Bourjois Paris Ballerine Collection for Spring 2011 Le Sacré Cœur on blush Rose Coup de foudre, shade #16 La Tour Eiffel on blush Ambre d’Or, shade #32 L’Arc de Triomphe on blush Lilas d’Or, shade #33 L’Opéra Garnier on blush Rose d’Or, shade #34 La Bastille on blush Rose Ambré, shade #74 La Colonne de Juillet de la place de la Bastille on blush Rose de Jaspe, shade #95
со здравје да си ги користиш може инфо за сенките мат се или? колку коштаат, кои нијанси ги има поздрав
женски сте го виделе ова чудо кај нас, сакам да го купам, пред некој ден разгледував низ парфимериите но го нема!
Сенките се 615, руменилото е 463 а четката е 486ден. Сенките се светкави но не премногу и преубави се, еве какви нијанси има http://www.bourjois.co.uk/catalog/make_ ... _eyeshadow
Аааа... полека гледам дека се навлекувате на Bourjois. Се оградувам од секаква промена на вашиот џеб за сметка на овој бренд. Инаку, бронзерот и илуминаторот, свртев Скопје за да го најдам, еми ги немет! Кај нас дел од дуќаните нит чуле нит виделе за него а се едни од попрадаваните производи на Bourjois. Ако некој некаде ги види обавезателно да не извести! Иначе Smoky eye сенките се Ф-А-Н-Т-А-С-Т-И-Ч-Н-И. Ќе си зберам паричиња да си купам.