Е денес семислев дали да ја купам и не ја зедов зедов лореал за волумен ја прашав продавачката ми рече лореал давала поголем волумен од буржоа бидјќи лореалот ја имав користено ја зедов пак,ама искрено се мислев и за буржоа,и нареден пат ќе ја купам...а сјајчињата се фантастични
А јас пак мислев Грл дека ја отворила темата а - оно не! Како и да е, со години ги користам нивните производи и многу сум задоволна. Не ме разочарале. Маскарите не лепат, сенките за очи им се супер, лаковите за нокти исто, сјајчињата се топ, купките неверојатно миризливи - bein, voila! Je suis une fille bourjoise Сега добив некои тестери за пудрата - па ај ќе ја пробам. Иако не верувам дека ќе си ја купам скоро, затоа што имам уште доста од старата, а таа не ја менувам за ништо на светов.
Леле ја обожавам шминката на буржоа Ги користам нивните пудри 10hour sleep effect како секојдневна ,преубава лесна пудра,не покрива многу ама тенот многу убав го прави,здрав некако Бидејќи немам некои проблеми со лицето,прилично ми е чисто,мене пудрава ми е супер. Е сега за ноќно излегување ја користев таа со четката ,добро прекрива ,и е малце потешка од првата. На оваа мислам Ама бидејќи ми се потроши сега како попокривна ја користам Healty mix-от мада таа со четката за ноќни искачања ми беше поубава Healty mix-от е убава и како секојдневна за оние што имаат покомплицирана кожа. Исто ги користам и нивните коректори , пудрата во прав Мineral matte , а ги користев и руменилата Користам и нивни маскари Прво ја користев Volume Clubbing Ultra Black ,а сега 1001 Cils ,aма првата ми е поубава Во план ми е таа Volumizer симпатично ми изгледа Па ако ја има некој користено,очекувам совет И туш нивен користам И сјајчињата им се прекрасни посебно 3D МAXот....Е сега сенките и кармините убави ама натинг спешл ,според мене лично Деборах имаат поубави сенки ,а Лореал кармини
Јас користам руменило, и тоа почнав сосема случајно, кога не бев расположена да дадам 700 денари за лореал И супер ми е, веќе 2-3 години користам, имаат многу нијанси, многу повеќе од другите производители, ми се чини.
да прашам дали некој ја користел оваа пудра од борјоус и колку пари е и ако некој ја користел дали е задоволен од неаи и овој дезодоранс ми изгледа интересно дали некој го употребува
Јас ја имам камената пудра, нијанса 71(најсветлата). Презадоволна сум. Остава свиленкаст полумат финиш. Цената да ме отепаш не знам колку беше, ама сум сигурна дека е максимум околу 500. Инаку дезодорансиве и јас ги меркам. Ако некој ги користел нека сподели искуство со нас.
Епа еве јас да споделам мислење за дезодорансиве го користам овој од траењето, миризбата и цената задоволна а бидејќи се потам многу...е во тоа не ми помогна
Вечерва го купив овој сјај ( оваа нијанса ) и ми се допаѓа, но ќе го користам исклучиво за излегување оти не е баш ефтино
Јас ја пробав пудрата од тестер ама бидејки имама проблематицна кожа не ми толку покрива повеке сум за ревлон , а за другиве производи се спремам да купам некој за да пробам
Living, мислам дека во Тинекс се околу 170-180мл, ама мислам дека за разлика од стандардните део спрејови кои се 150мл, овие се 200мл.
грл ти штом ја препорачуваш понатаму ке ја земам да ги потрошам овие што ги имам само ме интересира велиш најсветлата јас имам бел тен да не ме прави уште побледа ги разгледував нијансите на интернет ама не е тоа си треба да се испробат бидејки многу ретко кај мене да ми се погоди нијансата или ми е темна или на жолто удара или е ептен бледа.
И јас го имам овој , не знам дали е истата нијанса , мене горе 61 ми пишува Супер ми е а тие другите 3д какви се ?
Ја пробав деновиве оваа пудра, и сосема е ок за дневна шминка. Не покрива многу но мене ми го прави убаво лицето, некако го прави да изгледа освежено. За среќа немам премногу проблематично лице но сепак оваа би ви ја препорачала за дневна шминка, доколку размислувате за неа
Лили, мислам дека за светол тен е сосема одлична 71 како нијанса, ниту ме прави бледа, ниту жолта. Секако тестирај ги пред да купиш.
И јас ја сакам оваа пудра, вчера барав тестери ама немаше никаде. А без да тестирам 2-3 дена не купувам пудра бидејќи често се зезнувам. Или ќе утнам нијанса или ќе биде претешка за моето лице, или ќе ми го суши