тхе бест на пазарот се што е од овој бренд е толку квалитетно и професионално......гледам разлика кога ставам др шминка и оваа на буржоа...дефинитивно не мози да се спореди...лицето ми како порцеланско, стакло а и толку мн се трајни што немам зборови!само пофалби! :up:
Преубава е пудрата. Покрива ( барем мене.ама јас имам сува и чиста кожа. не знам што е тоа бубуљица ) и лицето ти е како да си станала од крвет свежа. И трае со сааати, без корекција.
Па вака сакам сјајче за усни, за нова година, да стои повеќе време. Дали ми ги препорачувате на буржоа сјајовите и колку пари се?
Малце каснам со одговорот, ама ајде, може пак ќе ти биде од помош. Ако сакаш добра (покривна) пудра, земи си ја новата - flower perfection. Доколку сакаш нешто мааалце полесно, а пак покривно, тогаш Bio Detox и немаш утка. И јас имам по некоја флека тука таму, ја користам Био дитокс-от и покрива се' без проблем. Добра инвестиција се пудрите на Bourjois, навистина.
Каде можам да ја најдам пудрава??? Утре планирам да отидам во Веро (новото што е блиску до железничка) и во ГТЦ. Знае ли некој дали ја има таму и колку пари е ???
Цените се скоро секаде исти, од 800 до 850 денари. А ја има во сите подобро снабдени парфимерии - Космо, Шатци, Еликсир. Јас мојата ја зедов од Шатци, ама не сум од Скопје.
Јас се уште се мислам еве веке при крај сум со пудрата а ја користам на MaxFactor Lasting Performance 101 веке 4-5 години, сакав да ја пробам на Bourjois healthy mix само што сеуште никој не ме убедил дека е подобра од мојата а и колку што знам не е препорачливо многу (а пудрата се користи секојдневно ) да се користат производи кои во себе содржат овошни киселини посебни во летниот период!
Cе што имам до сега користено од боржуа,сум задоволна Пудрава многу ми се погоди,лесна е и е повеке за дневно користење,но не ми се допага тоа што не ја покирва сувата кожа,некако како ја истакнува Mоливичево е многу убаво,ова смоки ајс,има четкичка на другата страна и можете да си креирате смоки ајс,одлично е Jа имав и камената пудра за лице,мислам така се викаше и таа беше добра,но ми се изгуби... Xајлатерот е исто така супер,сјајевите им се одлични,е сега знам дека многу ги фалат нивните руменила,но моето едвај боја пушта,дали е само до моево не знам Спојлер И имама само една замерка-многу се скапи,барем за мене
Пудрава ми е супер,односно супер беше за пеку зима,зошто е потешка и покрива мнооогу,е сега за летно време мислам дека healthy mix е подобра зошто е полесна,и доволно покрива,со камена пудра супер е.јас имам мака ,носот ми светнува ко лампион после некој сат...со која и да е пудра...
Јас денес си купив ваков сјај за усни четвртиот од лево , розев , и многу ми се допаѓа , не е баш евтин 14 евра го земав од Сефора
Ја обожавам козметиката на Bourjois,скапа е но барем е квалитетна,ја користев пудрата,одлична е и нијасата ја погодив,зимава ја поминав со неа.. гелот за туширање најдоброто нешто,едноставно прекрасен е,го користев розевиот но сега виолетовиот е мој фаворит нема да го сменам долго време.. маскарата elastic дава повеќе должина отколку густина,солидна е.. отстранувач на шминката,совршен е..
Колку се геловите за туширање ? И дали имаат интензивен мирис, дали се чувствува после капењето ? Ми се присака нов, појак и зимски мирис, па да видам со што располагаат. Ако има и лосиони за тело, ќе биде добитна комбинација.
170 ден се ги купувам од cosmo.имаат интензивен мирис и после кожата е многу нежна.ти предложувам да го земеш виолетовиот и нема да се покаеш инаку за лосиони не знам дали имаат не сум видела до сега..
Леле, јас мислев дека ќе ми одат минимум четири стотки. Значи само декоративната козметика им е со посолени цени. Ми олесна, најискрено. А исто, баш виолетовиот ми падна в око, па ќе тркнам деновиве во Космо да си купам.
Да не знае некој отприлика колку чини камена пудра на Буржуа по нашиве парфимерии? (Космо, Јуник, било каде...)
Јас ја користам оваа камена и сум задоволна. Лесна, не го прави лицето како зацементирано или нафрлано со брашно, баш напротив, дава ептен природен изглед, 450 денари е! Ја препорачувам
До сега не ме разочарал ни еден производ, прекрасни се ! оваа пудра ја користам веќе 2 години, презадоволна сум