Ја купив пред некој ден пудрава ама продавачката ме збуни малку ми рече дека за секаков тип на кожа била пудрава и за сува и нормална а јас се си мислев дека е за мрсна па ако знаее некоја да ми кажи за каква кожа е пудрава
^ Потешка е, а има и полумат финиш, така да мислам дека најпогодна би била за комбинирана до мрсна кожа, а со похидратантен крем би била добра и за нормална кожа.
Женски колку пари е ова руменило во МК ? Јас овде во Грција во Сефора го видов 15 евра па ми се чини многу е Ако е поевтин ке дојдам па ке си го купам од таму
Имаат убави парфемчиња ммм...не знам дали ги има овде Хрватска го купив едниот со црвено капаче,Пассион...Има и Cosmic со сино капаче и тој беше добар. Користам и маскара,и серумот пудра на Буржоа и задоволна сум,само руменилата не ми се погодија воопшто
A мене ме интересира дали се трајни овие руменила. Сакам да си земам некое такво мало и практично и да не го разнесувам секогаш кутивчето со перлите во ташна. Не си ги менувам перлите Џордани за никое друго руменило, ама некако мислам дека и ова нема да ме изневери. Па ако знаете кое конкретно од целата колекција е некоја изразита праска боја, би била многу благодарна.
Па мене руменилата ми се катастрофа,не пуштаат боја практични се малецки се,али не пуштаат боја,2 имам јас не знам што е работата,до толку да се утнати руменилата на оваа реномирана фирма
Јас пак сум многу задоволна. Го користам ова (на сликата изгледа многу на црвено, а не е така) Само четкичката што доаѓа со руменилото е никаква, не ја користам.
јас го испробав ова истото денес на тестер во Сефора и ми се допадна за боја пушта, малку е пигментирано нели?
Пушта бе Со повеќе кружни движења со четката и нанесуваш. Да Коритсаки, има низ него како светкава прашина, ама воопшто не е нападно, баш е вклопено со бојата.
Од Bourjois го имам користено чоколадниот бронзер и во зима како руж и во лето кога бев црна многу, како камена пудра презадоволна бев, да присоберам пари и пак ќе си го купам. Сега само што ја потрошив пудрава, малце чудно мириса, најверојатно зашто е повеќе на природна база и е лесна, покрива, ама не го цементира лицето. Плус ми искачаа чат-пат по некое бубуљче, ама со користење на пудрава, се поретко го имав тој проблем.
d да се надоврзнам, јас го користам 15 се двумев тогаш дали 15 или 16,и на крај ја земав 15, ми дава убава црвенкаста нијанса, Mishela земи си нема да погрешиш.мене ептен ми се погодија. и има на праска нијанса баш пред некој гледав во дм..
Девојки , кажете ми која од пудриве од Буржоа е наменета за мрсна кожа? Јас користам моментално од Мејбилајн пудра но лицево како лампион ми свети