Девојчики, може ли да ме извести некоја ако слушнала дека производите на Bourjois се на попуст низ Космо или Шатци ? ДМ, Еликсир и сличните на нив нема да ми завршат работа зашто ги немаме тука кај нас. Шта чеш, пудрата ми е при крај и си ја штедам само за во посебни прилики, а осум стотки немам (читај не ми се даваат моментално), па зошто да не ми се посреќи да фатам некој новогодишен попуст.
Има во Космо таа пудрата со овошни киселини што е со гратис маскара за 800 ден. оние што си ја користат да се упатат во најблиското Космо Имаат и нови кармини, па може да споделите импресии доколку купил некој. Јас ќе им ги пофалам руменилата друго и немам користено.
Мимс, да се замеша батко Ѓорѓија и тука. Кое руменило го користиш, тоа малото-фенси? (така си го викам, ептен ми е фенси шменси) Мислам, ќе ме извините на прашањево, ама со лаковите и руменилата, па и маскарите на Боржуа стојам слабо. Ако е од овие, ме интересира дали ти пушта доволно боја, зашто повеќе феминки се жалат како тоа руменилото не било доволно пигментирано, не пуштало боја и не траело. Спојлер
Па не пушта многу боја, јас баш поради тоа го сакам, инаку да тоа го користам што си го постирала со праска нијанса што е. Многу нежна боја остава, природно изгледа, мене многу ми се допаѓа, благ сјај дава, има некои што се посветкави ама и тие се нежни. А ми стои цел ден кога ќе ставам, ама јас многу малку скоро и неприметно ставам, како и да е многу природно изгледаат. 460 ден. се.
Имам едно прашање до тие што ја користеле Healthy Mix Serum. Дали сте задоволни од неа? Мене ми треба повеќе за преку ден, лицето да ми изгледа свежо, а не како зациментирано Дали е оваа пудра лесна или од тие потешките? Плус ја има во Космо со подарок маскара
Jас ја користам Healthy mix serum,мене ми одговара,лесна е,покрива нормално,од природни состојки е само не е баш добра за мрсна кожа,зошто ќе свети лицето многу
Дали некој ја користел пудрава? Може мислење? Јас ја користев оваа и сум повеќе од задоволна, многу е добра, покривна, трајна, дава природен изглед, меѓутоа сакам да сменам да не ми се засити лицето од пудрата
Хелти миксот е супер ,не премногу покривна ,но на изглед ја прави кожата да изгледа здраво.Мана според мене и е тоа што се брише многу лесно.Јас имам комбинирана кожа и можеби затоа,веројатно на сува кожа фино би се впила
^^ Healthy mix има за задача да дава природен изглед. Да покрие колку што треба, а сепак кога ќе шеткате наоколу луѓето да мислат дека немате грам пудра. Има разлика меѓу серум и пудра. Во принцип серумот треба да има поголема пигментација, но не е и тука така. Јас ги користам и двете. Многумина викаат дека нема разлика, што е точно до некаде. За серумот се потрудиле за пакување само. Фино стаклено шишенце и црвено капаче, изгледа поубаво, додека пудрата ја треснале во пластика и ај со здравје. Единствено што приметив на свое лице е дека пудрата дава помат изглед. Иако, ова само мене ми се случило. Секој review што го прочитав вели дека се комплетно исти.
Јас денес си ја купив оваа, да ја пробам... Ама не искачам вечерва, па ништо. Некој ја користел? Искустваа?
^ Мислам дека по зборена пудра нема Самата јас кој знае колку пати сум пишала, ама не ми е проблем да си ја испофалам пак. Мене ми е преубава, одлична. Имам многу суво лице и ми одговара ептен. Инаку имам чисто лице, и оваа совршено ми го изедначува тенот и ми дава свеж и здрав изглед. За акни и слично незнам дали би покрила, мислам не. Ама мене кога ќе ми се јави црвенило, ми прикрива. И ептен убаво се впива. Е сега ако имаш мрсна кожа, ќе ти биде кошмар. Сестра ми коа ја проба, има комбинирана накај мрсна (зависи кога како) кожа, светеше во лицето ко лампион и ако се фати за лицето мислиш ко мрснотии да и излегуваа, ко немиена Инаку во врска со руменилата, ги користам тие и стварно се добри. Продавачката ми обајсни дека биле тврдо печени (или може друго ми кажа а јас во глава си го измислив ова ), поенатата е дека не биле ко останантие, и пуштале боја само на чектка со природни влакна. И ако паднеле, не се кршеле. Така некако чудно биле правени и може затоа имате проблем со нив. Инаку мене по 8 часа на работа и држат без проблем. Е мене малку со нијансите ми е проблем, повеќето се светкави, па си ги користам и на manhattan
Луѓе може ли некој да ми направи споредба меѓу Хелти Микс обичната и таа со овошни киселини (т.е серумот) ? Јас обичната ја имам користено и супер ми е, ама сега ме буни таа со киселините па се двоумам. Ај хелп
ми здосади мирисот на виолетовот гел за туширање на bourjois па си го купив овој за промена,гел за туширање е иплускако пилинг е,може да се користи секој ден,ја прави кожата мека и чиста.. ако мислиш на оваа пудра јас јас имам користено и е за сува кожа,јас имам мрсна кожа на лице и не ми одговраше,за покривност според мене има средна покривност..
да да да јас од космо ѓи купувам мислам дека само таму ѓи има,надруго место не сум сретнала инаку 170 денари се..
Девојки руменилата се такви на Боржуа не пуштаат боја или па , денес бев да си купам ама кога од тестерот пробав тие 2, 3 нијанси на раката освен оние светки ништо немаше од боја, дури кога ги ставив на раката сите исти ми беа, уствари и немаше некоја нијанса, па се откажав да купам викам прво да се осигурам џабе да не лупнам парите, на лице кога ставаш со четката има нешто од боја или слабо, и јас не сакам некоја јака боја ама онака природно да делува добро би било, што велите вие што ги користите
За руменилата малецките, пуштаат боја како не пуштаат, сум пробала и со убава четка и со пазарскине пушта, ама треба малку да се потрие подобро. Мене не ми се свијаат боите, многу светкаат, ретко се наоѓа мат. Инаку океј руменило е, не е ко флорамарот зашто за дупло поамалку пари зимаш две у едно, и руменило и едно како шимер остава малку свекав сјај- може да се комбинира, а ова на буржа не остава избор. Имам кафено, не ко користам многу заради бојата. Инаку преубаво мирисаат ама преубаво!!!
Пуштаат боја како не, мене ми се преубави, ги обожавам. Најмногу ги сакам затоа што не пуштаат премногу боја, имаат убави и природни нијанси кои во комбинација со тие светки што ги имаат даваат природен и здрав изглед на лицето. Јас мразам нападни руменила, малку се поскапи да, ама вредат. Тоа во праска боја, мислам дека 36 бројче е и тоа едно како розево мешано со портокалово незнам што бројче е ми се најубави.