Дa пишaм декa јa земaв пудрaтa нa Буржуa флaуер перфекшн. Се мoтaв низ ГТЦ , пoминaв вo Шaтци и тaму пудрaвa беше нa пoпуст 625 ден oд 870 нo бр 54 штo е темнa зa мене и јa земaв oд ДМ нијaнсaтa 52. Кoј е зaинтересирaн зa пудрaвa вo шaтци дa знaе имa се уште нa пoпуст нo сaмo 54кaтa. Вo шaтци јa немaше 52кaтa пa oд дм кa земaв дури 879 ден и тaму пoследнa 52кa. Мирисa преубaвo нo сегa зaсегa не јa oтвoрaм здрaвје зимaтa
Јас ја купив пред некоја недела, ја коментирав и претходно во темава и мене искрено не ми се допадна многу, ми се правеа како бели линии под очите и на капакот, се насобираше пудра кај што се преклопува кожата. Дополнително, на лицето ептен се познава дека имаш ставено пудра, јас повеќе го преферирам оној природен изглед на лице, меѓутоа тоа е индивидуално. За трајноста не можам да кажам многу, бидејќи само два пати ставив по некој сат и беше океј, меѓутоа остава траги на алишта, нешто што мене лично многу ми смета. Не би ја купила повторно. Исто така, да напоменам, пудрата е изразито жолтеникава, така што ќе им одговара на тие со жолт подтон, за другите ќе биде воочлива разликата.
Девојки прочитав добри критики за bourjois healthy mix foundation како погодна за лица со многу сува кожа и решив да ја нарачам. Ќе мора на невидено па не сум сигурна за нијансата. Сакав најсветлата. 51 vanille Clair. Која е разликата со серумот? Еве го мојот тип на кожа Мислење?
Дани, пред некој ден земав Хелти Микс 52, ванила. Многу сум задоволна, ептен ми е погодена. Не ја осеќам на лицето, баш тоа што го барав. Е сега и јас сум светла ама 51 ми се чинеше пресветла. Јас мислам така сум како тебе, и би ти кажала 52, ама не смеам 100 посто да се осудам да тврдам дека таа би ти одговарала
Во однос на нијансите, имај на ум дека на потопло време оксидира и тоа премногу, особено во комбинација со камената, која и така почнува од 52(нема 51). Јас ја имам 51 од пудрата(сериумот го немам пробано и не знам дали има ваков проблем со него) и во пролетниот период се враќав дома како портокал .. Патем, според сликава, мислам дека сум малку посветла од тебе, но сепак ти препорачувам да си ја земеш посветлата како што планираш. Сепак и да не ти одговара, полесно е со камена или бронзер да го доведиш лицето во некоја нормална боја, отколку да го осветлуваш. Инаку во ред е пудрата, не е којзнае колку покривна и мене лично не ми е омилена, но солидна е.
@danichap мене Helthy mix ми е една од омилените пудри од ефтиниве брендови, искрено за таа цена за мене нема подобра пудра од оваа. Јас сум со некој среден тен, секогаш користам нијанса beige, од helthy mix ја користам 53 но и 54 ми е ок. Јас не сум забележала да ми оксидира, долго време ја имам користено и лето и зима. Посебно ми се дпаѓа за во зима затоа што не ми го досушува лицето и не ми фаќа корички на сувите делови. Презадоволна сум во однос на покривност и трајност. Формулата и е наизглед лесна и лесно се аплицира, течна структура има, може да се надоградува незабележително. На лице изгледа многу природно, а како што кажав многу солидно покрива. Идеална е за сува кожа. Иначе зборам за оваа пудра: И не би се согласила со членката горе, многу е полесно да осветлиш лице одколку да затемниш. Ако земеш со бронзери има да блескаш цела, а вака и да земеш потемна напудри се одозгора со камена или во прав што си ја користиш и ти е погодена и си завршила работа не е толку страшно. И секако подобро изгледа потемно лице одколку побледо. За helthy mix serum не би знаела не го имам користено. Мразам пудри што демек имаат серуми и чуда...
Абе, промашена нијанса си е промашена нијанса и нема тука место за полемики. Се познава дека е утната, без разлика дали е со потемна или посветла нијанса и корекции не се изведуваат воопшто лесно, посебно во деловите кај прегибите на челото, виличната коска и вратот - се познава од километар кога нешто не чини и тоа е тоа. Затоа гледајте да погодите најслична нијанса со тенот, потоа дали оксидира или не, е друго прашање и најчесто разликата при оксидација е минимална, па не е толку страшно. Сè додека не се работи за темна нијанса утната од старт, добро е.
Ааа не, ќе ставам слики да видите како се корегира утната нијанса. И онака имам сто пудри и потемни и посветли ќе ви покажам дека може. Обично ги корегирам со пудра во прав или камена.
Мене не ми се допаѓа @mims-89 како и да е. Грешка си е грешка, има мал милион нијанси, па сметам дека секоја може да си најде соодветна со малку подобро тестирање. Oкото ми е програмирано да ги забележува и овие финти, па секаде ми изгледа грдо, без разлика колку пудра во прав или што и да е нанесено.
Се соглсувам, ова е сепак за во екстремни случаеви кога ете сме утнале нијанса. Во принцип не ги утнувам нијансите но кога ќе се подисончам и тоа како морам да се снаоѓам па затоа и ми се собрани толку пудри и бб кремови во 5 нијанси. И ти гарантирам дека не се приметува, а не сум ни професионален шминкер, сепак најголема улога игра и квалитетот на шминките, не со секоја пудра може да се постигне тоа без да не се приметува. Ај да не зборам многу ќе докажам со слики дека е изводливо и дека никој нема да примети.
Во некој екстремен случај, кога сум во фаза на враќање природен тен и немам купено соодветна пудра - можеби, не е тоа толку страшно и се средува далеку полесно од скроз на скроз утната нијанса. Иако реално, никогаш не ми се случило - секогаш имам Џокер во ракав. Но повторно, не секој е манијак како нас по скапа козметика и не значи дека ако некоја девојка купи две нијанси потемна пудра од Ланком, успешно ќе камуфлира. Не. Муабетот ми беше, нека не мислат девојките дека е добро да се купи претемна или пресветла нијанса за редовна употреба, па потоа да си прават ремек-дела со бронзери, коректори и што ли уште не. Пак ќе кажам - ништо лично, но навистина мене не ми се пријатни ваквите експерименти, како и да се изведени. Ама на крај, нема потреба од натегања. Секоја одлучува што ќе купи за себе. Одамна чувствував потреба да го кажам ова, зашто жално е на толку голем избор на козметика, девојка да си дозволи да шета како морков во лицето поради лошо избрана нијанса, па дури и да се теши со она „абе ај, ќе ставам малку пудра во прав, па што“, а она сирота - еурокрем. Веднаш ми се враќа филмот на онаа епизодата од Пријатели, кога Рос си приушти „третман“.
Па Мишела не зборам јас за 5 нијанси утната пудра, тоа фала Богу со ништо неможеш да го камуфлираш. Зборам за една нијанса, повеќе не е ни изводливо да се камуфлира. Ама ете најчесто по максимум 4/5 нијанси носат кај нас скоро од сите фирми, не можеш голема популација да сместиш у 4 нијанси како и да е ќе ја утнеш. Совршена и незнам дали постои, ретко на кого не му двои кај вратот малку потемно или малку посветло, не зборам за екстремно. И секако дека не е поентата да се купуваат потемни или посветли пудри па да се камуфлираат и не е воопшто пријатно ни интересно кога треба да се корегира нијанса но не е ниту пак невозможно. Мојот муабет беше дека и не е толку страшно да се утне нијанса, да не се фрлаат пудри и пари за џабе постои можност да се искорегира тоа без да изгледа приметливо. Не е невозможно ниту толку страшно. И така имам слободно време баш ќе видам што можам да направам со најтемната и најсветлата што ја имам, хаххаха ќе биде смеење .
Од збор до збор се сложувам со тебе @Mishela . Денес има толку голем избор на пудри, почнувајќи од пудри за секаков тип на кожа, покривност, трајност, нијанси, тонови и подтонови (секако не музички ), природна козметика, понатаму, цени такви што секоја девојка може да си дозволи пудра, па до прилично скапи. При толку фини форумџики кои имаат изнапишано еден куп рецензии, едноставно листаш низ темата (или ако те мрзи прашуваш, со појаснување каков тип на кожа имаш и планираната сума), наоѓаш соодветен производ, и просто одбираш нијанса. Имам напоменато, ајде еве пак ќе кажам, пудрите не ги бирајте под неонско светло, излезете на дневна светлина- нема шанси да направите утка. Факт е дека промашена нијанса се познава, без разлика на цената на пудрата. Не знам дали само јас и Мишелка сме перфекционисти и ситничариме, ама освен ако не ставиш од пудрата на цел врат и раце, невозможно е да "за"камуфлираш.
Мимс, ти не си така светла. Јас сум бела, ко платното на Билјана , па оди корегирај ако можеш, макар се работело за нијанса која можеби и не изгледа толку темно - веднаш се познава дека нешто не е во ред. Единствен „лек“ за некој со таков тен, е мешање на темната пудра со некоја посветла и малку од кремата-подлога, доколку уште е темна. Отпосле корегирање нема шанси. Дури и со пудра во прав се познава по некое време, мрсната кожа си го прави своето. Фино те разбрав што сакаш да кажеш и тоа е во ред, ама морам да ти кажам дека ете не успева кај секого, без разлика за каква козметика или искуство се работи. Колку ли само пудри си пренаменив во бронзери, или пак со мешање си добив уште поквалитетни од постоечките. Моменталната пудра не ми дели од природниот тен воопшто, дури и не се познава дека имам пудра на дневна светлина. Најсветлата нијанса на Макс Фактор пак, ми беше потемна, а не е ниту нијанса потемна од 150-ка на Ревлон, баш тонови се во прашање. Без разлика колку пудра во прав нанесувам - разликата во огледалото е очигледна и не ми се допаѓа, тоа и ми беше муабетот, дека без разлика на обидите за камуфлажа, киксовите со нијансите нема да останат неприметени, кога-тогаш.
Еве ја разликата кај мене. Горе е по отприлика 5 минути, на собна температура, долу штотуку нанесена. Се надевам дека се гледа. Со телефон е сликано, а и овој период повеќе ми одговара откако ќе потемни, но кога не сум воопшто потемната и на повисоки температиури, кај мене разликата е очигледна пошто природно сум дух-бела. И да, доволно светол коректор, кој не ја суши кожата и не се собира, неуспешно барам со години. Тврдам дека за снешковци е многу потешко да се осветли, отколку да се потемни пудрата(ако воопшто успееш да најдеш таква). А скоро сите потемни нијанси на бел тен, не изгледаат како да си исончан, туку како морков, буквално, евентуално некои како со кал да си се мачкал. Спојлер: Слики
@BloodElf, ова најгрдо изгледа кај виличната коска зашто таму е најизразено и како што си минува време, само повеќе и повеќе добива портокалов подтон нанесената пудра. Мене тоа не ми се случило досега со Хелти Микс, ама со неодамнешна ре-употреба на 123 Перфект, се соочив со истово, во многу полоша верзија, верувај. Ова твоево сигурно е највоочливо на дневно светло, претпоставувам. Не знам што се случува со пудрите на Буржоа, ни јас не можам да си најдам солидна нијанса во последно време. Новата не оксидира, ама нијансите се премногу терсене, тоа е дури и повеќе од јасно.
После еден месец користење на Bourjois 123 Perfect сфатив дека оваа пудра не е за мене. Изгледа не ја имав проучено добро сопствената кожа па се покажа премногу сува на моето лице.. Имам мрсна т зона но образите и останатите делови ми се доста суви па почна да ми прави некои лишаи а и лицето ми изгледаше премногу збрчкано што значи еурека не сум имала комплетно масна кожа за што е и наменета оваа пудра. Искрено пудрата е одлична, има доста солидна покривност и преубав избор на нијанси ама мене ете не ми одговараше.. И друго нешто што мене лично многу ми смета кај пудра е мирисот, 123 има некој хемиски мирис што ете мојот нос не го поднесува. Е сега back to the point, по првото разочарување сепак решив да не се откажувам од Bourjois како линија во целост и решив да и дадам шанса на Bourjois Healthy mix. На јутуб блогерките полудеа по неа исто овде сите феминки имаат само пофални зборови. Ја земав 53-ката за мојот среден тен, малку сум скептична што не зедов една нијанса посветла бидејќи забележувам минимално оксидирање но во ред е не е драстична разликата од мојот тен. За жал за сега не можам да дадам веродостојни импресии, но секако ја пробав. Покривноста се покажа средна кон висока штом успеа да ми ги „маскира“ лузните од акните. Премногу ми се допадна тој dewy изглед што го дава и со ова јас дефинитивно се откажувам од целосно мат пудрите.. Течна е но не се разлева и тоа ме зачуди бидејќи ретко ваквите пудри да имаат толкава покривност што е огромен плус, а и уште една огромна среќа за мене е што има прекрасен свеж овошен мирис (се заљубив). На допир изгледа впиено и легнато на кожата и лицето изгледа здраво и свежо. Од мене за сега се позитивно. Моментално толку имам да кажам за неа, секако штом ја испробам на „подолга релација“ ќе пишам импресија повторно.
Ја ставив само онака дома колку да видам каков изглед дава, има некој минимален сјај ама не мрсен туку здрав сјај како лицето природно а на допир е впиена и нема чувство на мрсно.. Кога ќе ја имам на себе повеќе часови ќе кажам како ми изгледа на лице