Aј нешто и од мене ја користев bourjois healthy mix - секојдневна ок пудра но не сум задоволна баш како крема е не покрива ич Па ја користев Bourjois flower perfection ( со сунгерче горе онаа ) и топ ми беше , мат убава таман , и сега по трет пат идам да ја купам гледам и паднала цената ке ја укинувале , и ја добиле оваа Продавачот ми рече дека малце на жолто мавале нијансите али мене океј ми е, 570 негде ја земав у космо , толку е и у шатци . Иначе купив за нова година лани онаа мат од Flormar зашто поише по мат пудри сум и кршшшшш портокалово лицето ми го напраи како морков бев , па пробав пак после месец дена абе не бива поголем ужас немам видено , и ми кажаа дека баш бројот што го земав јас е портокалов другите не биле до толку Арт деко ми е топ пудрата и camouflage art deco секоја чест , навидум многу малце изгледа за 350 денари тој коректор ама нема подобар ! пробајте ја оваа пудра нова што ви стаив слика мислам дека е добра и најтрошена нијанса е 5ка демек. ама 55 од flower perfection ми била најдобра пудра до сега. позз
Има нова пудра на Буржоа, ми делува доста привлечно, и цената не и е висока, ама не знам дали е покривна доволно
@anastasijaki a kolku pari e taa pudra na bourjois prvpat ja gledam,jas imam suva koza pa mozebi bi mi odgovarala
Да , за сува,нормална кожа, но бидејки е ептен нова успеав да пронајдам само една рецензија за неа А,баш добро ке дојде за загаденово ни Скопје @mimi**** 630 е пудрата и ја има сега за сега само во Шатци.
Healthy Mix Serum- најубава пудра што сум ја имала во живот, многу ми фали Ја пробав и Healthy Mix обичната ама неспоредливи се. Случајно ако ја видите некаде кажете...
Мoжеш oд oвде дa јa пoрaчaш Стрaнaвa немa шипинг, aнглискa е и јaс имaм пoрaчувaнo прoизвoди Мaкaдемијa oд oвде. А ценaтa е скoрo истa кaкo штo беше и вo Мк http://m.lookfantastic.com/bourjois...10948641.html?switchcurrency=EUR&locover=true
Еве ме Лансирањето на пудрата е закажано за Јануари, затоа уште неможе да се најде нешто за неа на нет, освен 2-3 блогерки кои добиле примероци пред лансирање.. Ние ја пуштивме малку порано, да бидеме и ние први во нешто Инаку пудрата има покривност помеѓу CC кремот и Healthy Mix, значи е полесна пудра и има сјаен (radiant) финиш. Највеќе одговара за нормална/комбинирана и сува кожа. Утре ќе пишам подетално..
Јас ја користам пудрата од кога првпат се појави, и за мене никогаш ќе нема подобра пудра од оваа. Инаку сите колешки од канцеларија ја користиме истата и кога ни најавија дека треба да ја делистираме си нарачавме количина да си имаме за нас за едно 2-3 години Пиши ми порака кое бројче ти треба, можеби имаме во магацин, па ќе се договориме во која парфимерија да ти ја испратам..
Ви го постирам цел ПР текст за новата пудра и коректор, плус слика со сите пудри на Буржоа да видите како стојат со покривност/финиш.. Bourjois CITY RADIANCE Свеж и сјаен тен во загадена средина? Bourjois веднаш го прифаќа предизвикот! Беспрекорна, заштитна и свиленкаста, Bourjois ја создаде CITY RADIANCE течната пудра која го блокира загадувањето и УВ зраците за да го заштити тенот на прекрасните жителки на градот ... CITY Radiance Течна Пудра - Ја штити кожата од загадувањето - СПФ 30 - Пигменти кои го зголемуваат сјајот "Јас сум во потрага по ... - ... Течна пудра која ќе ми го осветли тенот, затоа што тоа ме расположува! Свежиот цветен мирис и 5 сјајни нијанси го прават тенот сјаен и освежен! CITY RADIANCE е збогатена со обложени пигменти, кои создаваат афинитет со кожата; Тие обезбедуваат совршена трајност во текот на целиот ден и го зајакнуваат природниот сјај на кожата. - ... здрава течна пудра која можам да ја користам секој ден. Течната пудра веќе нема да биде обвинета за спречување на кожата да дише. Лесната и воздушeста формула на CITY RADIANCE ја хидрира кожата постојано за 24 часа, а ја заштитува и од агресивните урбани фактори. Бонус? Текстура која и овозможува на кожата да дише, толку пријатна што дури и ќе заборавите дека ја имате нанесено! Временските услови може да се менуваат, но желбата за блескав тен останува! - ... течна пудра која ме штити од загадувањето ... така што мојот тен ќе остане сјаен од утро до вечер. Загадувањето е стресно за кожата. Ги исцрпува витамините на кожата и ја ослабува нејзината одбрана со што ја намалува нејзината свежина и виталност. Со својот блокатор на загадувањето, CITY RADIANCE спречува јаглеродните честички да допрат до кожата, но истовремено создава изглед на гола кожа. Кожата е заштитена, тенот свеж и изедначен. - ... течна пудра која ме штити од УВ зраците ... Не сакам да имам темни флеки ". Дури и без силно сонце во зима и пролет, УВА зраците, кои се одговорни за предвремено стареење на кожата и флеките од пигментација, сеуште остануваат. Затоа особено важно е да се заштити кожата бидејќи загадувањето го зголемува штетното дејство на УВ зраците. Со SPF 30 фактор за заштита од сонце и UVA заштита (PA +++), CITY RADIANCE го оддржува сјајот на кожата. - Достапна во 5 нијанси А ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВАМ ЗА МОИТЕ ТЕМНИ КРУГОВИ ПОД ОЧИТЕ? Јас никогаш не се разделувам од мојот магичен коректор, RADIANCE REVEAL. Концентриран хидрататор, кој ги прекрива темните кругови .. Или коректор кој хидрира како производ за нега на кожата! Која е целта? Изедначена и измазнета кожа околу очите, со скриени недостатоци. • Корегира • Осветлува • 24-часовна хидратација Со вода од глечерот Мон Блан и хијалуронска киселина. • Стилско шише. Во замрзнатото проѕирно стакло крунисано со метално капаче ... тоа оди насекаде во вашата чанта за ревитализирачка корекција во текот на денот. • Пенаст апликатор. за лесна апликација на кремаста текстура на RADIANCE REVEAL! Нанесете со нежно тапкање в рз темните кругови или други недостатоци со пенестиот апликатор, а потоа лесно разнесете со прстите. • Достапен во 3 нијанси
Добра е Heathy Mix, вероjатно една од наjдобрите за сува кожа. Пред било коja пудра обавезно ставаj хидрантна крема, почекаj да се впие па потоа пудра.
Си нaјдoв нoвa oмиленa пудрa -bourjois healthy mix .Немa дa ми текне веќе преку ден дa стaвaм revlon и vichy. Пудрaтa тoлку прирoднo делувa нa лице, пa и дa стaвиш мaлку пoвеќе не се пoзнaвa. Пoкривнoстa не и е кaкo нa двете штo ги спoмнaв, нo и тaкa немaм пoтребa, мaлку кoректoр пoд oчи е зaдoлжителен, зa oстaнaтo е oк. Пoсле некoлку чaсa светнувaм, нo сo сите пудри нa пoлa рaбoтнo време пoминувaм сo белa пудрa- фиксaтoр нa лицетo и издржувa дo крaј. Зa рaзликa oд другaркa и' flower perfection кoјa буквaлнo мaскa ефект ми прaвеше нa лице, oвaa ми е супер леснa и прирoднa a сепaк издржливa. Грејт!
Healthy mix дефинитивно ми е број еден пудра до сега што сум ја користела, се откажав од пудрите со мат ефект одамна и не знам како воопшто сум можела да излегвам од дома со такво „циментирано“ лице.. Плус и што имам суви делови - катастрофа.. Хелтито ми дава баш онака свеж изглед и боја на лицето и здрав сјај, бидејќи имам лузни од акни само еден слој ми е доволен да ми ги покрие и да ми го израмни тенот што е досега невидено чудо бидејќи секогаш ми биле потребни два слоја за лузните, просто не можам да си одолеам на лицето кога ја имам на себе Е сега има едно проблемче што ми светнува на носот и деловите до носот кај образите, ќе мора да барам некоја транслусент камена, но досега со сите пудри сум го ималала тоа а и не е нешто невообичаено бидејќи сите светнуваме на тие делови по неколку часа и колку некој да има суво лице.. Од мене само пофалби до пудрата, јас ја користам и преку ден и на вечер, мене ми е погодена во двете прилики.. Денски бидјеќи не изгледа нападно и дава природен изглед а навечер бидејќи кога се сликам не ме прави како дух (нема спф фактор) што е голем плус.. А и со додаток на бронзер навечер не изгледа лицето како „голо“ да речам... И најважно од се е што не ми предизвикува акни,алергии,митесери што за моето проблематично лице е огромно постигнување.. Цената можеби е малце повисока за разлика од другите drugstore пудри ама за она што го нуди и те како се исплати.. Секако дека ќе им дадам шанса и на други пудри ама секогаш ќе си ја имам во залиха оваа
Од Нова Година наваму ја користам Bourjois City Radiance (04 beige). Ја купив на промоција во Schatze, околу 620 ден беше, сега не знам колку е. Имам комбинирана кожа со сува образи во зима, ама поради бременоста кожата на лицето ми стана посува. Под пудрата користам хидрантен крем, моментално на Балеа со екстракт од лотус за нормална и комбинирана кожа. За пудрава имам пофални зборови. Не е многу покривна, онака средно, како ЦЦ крем е, лесно се нанесува и размачкува бидејќи е малку потечна, доволна е мала количина за лицето и дел од вратот (јас задолжително ставам пудра и под линијата на вилицата, за да не ми двои вратот од лицето, оти нијансата што ја имам е малку потемна од мојата природна, ама ми одговара). Трае скоро цел ден, трпи корекции и не се приметува, а челото ми светнува после 6 часа. Додуша, можеби од кремот ми светнува, бидејќи не е баш со лесна структура. Ми пречи што се пресликува на телефонот, а се пресликува и на хируршките маски за лице кои ги носам на работа секојдневно, но не изгледа како да ми е избришана од тој дел на лицето. Јас немам проблематична кожа во смисла со лузни, акни и црвенило, и да има нешто понекогаш, оваа пудра ми е сосема доволна, особено за секојдневна употреба. За појака, вечерна шминка и за посебни пригоди не е. Мириса многу убаво, што е плус, барем за мене, оти не поднесувам тешки и непријатни мириси. Ја препорачувам за секојдневна употреба.
Гледав дека во еликсир на попуст се одредени производи меѓу кои и ЦЦ кремата на Буржоа? Мене ме интересира каква е во однос на покријноста и трајноста?
Oдлична е, речиси како пудра е. Покривноста е средна и лесно се надоградува, но делува природно на лице и има полумат финиш. Со камена пудра на лицето ми издржувала и по цел ден, но и да не нанесеш нема да избледи или да се впие во кожата, само би засјаела во Т-зоната. Одлична е, вреди да се проба.