Јас како што знам во Македонија ги нема сите нијанси на Хелти микс - јас кога ја барав ги имаа 53-54 што за мене се претемни. Само во Анабела во Сити мол можеш да ја најдеш. Хелти микс пудрата ја има секаде А нијансите мене ми се исти
Пудрата многу ми се допадна, па сакам да го пробам и серумот. Ја имам нијансата 51 и ептен ми е погодена, па си реков прво да прашам тука, да знам дали воопшто да барам таква нијанса од серумот.
Многу сум задоволна од пудрава, прв пат ја користам и до сега немам никаква забелешка. Сосема доволна прекривност како за моево лице. Нијансата бр. 51 одлично се вклопува со мојот тен. Во комбинација со коректорот кожата ми изгледа кристално чиста и свежа. Ептен ми се погоди, би сакала да го пробам и серумот.
Сменета е и формулата, имаат додадено некои нови состојки. Проверив баш на cosdna бидејќи наеднаш многу ми се исфрли лицето откако ја зедов новата верзија, баш штета а ми беше најомилена пудра на сите времиња
И јас ја користам многу долго време. Но неодамна на сестра ми и отекоа очите и лицето се повеќе и се оштетуваше. Се мислевме дали тоа се случи поради едни сенки за очи или пудрата. Но најверојатно е до пудрата Јас сепак продолжив да ја користам бидејќи не ми се има појавено ништо Сигурно ја смениле формулата
Вчера си ја купив од Космо Bourjois Healthy mix и преубаво мириса, ептен ми е погодена на тенот и убаво легнува на лицето. Не знам како не ја открив досега. @koritsaki фала за препораката
И јас сега ја зедов. Ја имав пробано од другарка и многу ми се допадна, како ми легна на лицето. Зедов од старите пакувања, нови немаше. Се надевам нема да ги сменат, зошто навистина пудрава е преубава. Едвај чекам да се нашминкам.
Полесен и похидратантен е од пудрата но и помалку покривен, нешто помеѓу пудра и бб крема е. Мене ми е подобар за дневна шминка, а пудрата за навечер.
Пудрата е средна накај висока покривност, се надоградува така да на проблематичните делови можеш да ставиш и втор слој без да добиеш изглед на маска, изгледа многу природно. Дава изглед на нормална кожа во поглед на сјајноста, dewy look.
Кај и да е треба да стаса и кај нас (се надевам наскоро) ББ крема од линијата Хелти Микс и камена пудра. Видов по социјални мрежи кај Хрватски блогерки, би требало да стигнат и кај нас.