Revlon colorstay vs. Било која од Буржоа? Ревлонот го потрошив, се мислам дали пак да купам или да пробам некоја од овие. Имам релативно чисто лице, но имам пеги и тие прават да изгледа како да имам флеки. Важно ми е да е покривна пудрата, јас не сакам да ми се познаваат пегите. Секогаш користам и камена, затоа што имам мрсен нос. Имам суви образи, но сакам мат финиш. Ревлонот до сега ми е најубава што сум ја користела, на второ место ми е Авон flawless. Но Ревлонот како формула ми е претечна за мој вкус, само тоа како маана можам да го најдам. Дали било која од овие е покривна, одговара на комбинирана кожа, и не е премногу течна?
Ова е совршена пудра! Мене Коритсаки ми ја препорача и стварно е совршена. Јас сум презадоволна. Не оксидира да се претвориш во чудовиште со една боја на лице, другата на врат (еднаш сум шетала цел ден таква, дури вечерта се видов дома!)... Туку израмнет е тенот, башка има многу голем спектар на нијанси, сигурно ќе најдеш што ќе ти одговара. Вреди за секој денар! Е, сега да прашам цена за серумот и за новата ББ крема што дошла.
Се согласувам Поради тоа јас 3 пати ја имам купувано. Да напоменам дека во Анабела имаат 50% попуст на цел бренд
123 пудрата или 123 цц кремот? Имам комбинирана кожа и повеќе ме влече цц кремот бидејќи гледам по мислењава дека пудрата давала прашкаст мат финиш, а јас сакам да избегнам тоа. Е сега дали цц кремов би ми одговарал со оглед на тоа што имам комбинирана кожа ?
Па пробај ги за да видиш која повеќе ќе ти одговара. Јас имам комбинирана кожа, ми одговараа и пудрата и ЦЦ-кремата. ЦЦ-кремата ја носев и во лето, со камена пудра и малку фиксатор ми беше супер. Имам пишувано многу мислења за ЦЦ-кремата, пребарај во Пудра за лице.