Серумот го има и во Еликсир? Мислам дека само Анабела го држат, а во моментов е на 50% попуст мислам, па затоа прашав.
Леле се извинувам, не видов дека за серумот прашуваш. Јас ти одговорив за пудрата А во Анабела серумот е на 50% колку што видов на страната, а пудрата на 30%, за цена поточно не знам. Извини уште еднаш.
И јас се збунив, затоа и те препрашав. Ништо, утре ќе одам до Анабела па ќе ви пишам инфо од прва рака.
Серумот го има само во Анабела, на попуст е 410 денари.. @Mishela за тебе нема нијанса, само 52, 53 и 55
Оф, штета. Од 123 Perfect пудрата порано имам користено 52, ама не сум сигурна дали ќе ми одговара. За секој случај ќе пробам, па ќе пишам дали одговара или не. Ќе ми биде криво ако воопшто не проверам. Фала ти многу Мадлина.
Денес ја пробав BB кремата во ДМ. Хранлива е и дава убава хидратација па ја препорачувам за сува до нормална кожа. Покривноста и пигментацијата и се одлични, како на пудра, а во поглед на нијанси има три, светла, средна и темна. Нијансата 02 одговара на 52 од Healthy Mix пудрата. Во ДМ цената е 449 денари. Не ја купив единствено затоа што сакам да видам да не е можеби на попуст во Анабела, во Шатци, Рима Бисер и Еликсир ја немаат сеуште.
Ја земав 123 Перфект ЦЦ кремата, лајк од мене, таман ми е за на работа, не ми е ту мач нашминканото. На попуст во Космо ја земав 300 и нешто денари.
Па јас пудра имам 56ка Beige Rose, на рака делува темна, но на лице кај мене е таман. Исто, ЦЦ имам 33ка Beige Rose, делува потемна при нанесување, ама за 2 минутки одлично легнува. ЦЦ не е нешто покривна, таман е за секој ден. Инаку во однос на самата формула, текстура, јас пудрата (како и секоја друга) ја поминувам со камена пудра, додека кај ЦЦ кремава нема потреба, како и секоја крема се упива и останува само "бојата"
Многу добра! Доволно покривна, а и мириса убаво. Имам навика да испробувам разни додека не ми се погоди ама буржоа за пудри не ја менувам, следна е 123 или хелти микс.
Ја користам хелти микс веќе подолго време и океј ми е али ме интересира серумот што претставува пудра подлога не ми е јасно.. Инаку дали пудрата боржуа 123 може и за сува кожа, сакам да ја земам сега таа бидејќи како што се информирав е и полу мат па сакам за зимово да ја земам таа.. ?
Ако имаш сува кожа немој 123. Буквално како испукана земја ќе ти изгледа лицето. Јас серумот сакам да ја купам, бев во Анабела, ама поради попустот празен беше штандот.