Серумот може да се користи и за сува кожа , а може и за комбинирана лично потврдувам. Го земав серумот пред две недели , нијансата 52 ванила , се мислев помеѓу 51 и 52 ама 52ката ми е супер Не е толку покривен серумот како течната пудра ХМ , ама мене ми е по-мат и трае подолго на лицето. Во последно време не ми се мрси лицето толку па можам да кажам дека сум презадоволна од ХМ серумот. Обавезно го фиксирам со камена пудра , и стои на лице додека не ја извадам шминката. 123 перфект за сува кожа не е никако. За сува кожа од Буржуа се следните - ХМ пудра , ХМ серум , бб кремата ХМ, City radiance пудрата , цц кремата на Буржуа 123 перфект (која што исто така одговара на комбинирана-мрсна кожа)
Да, всушност мислам дека на мрсна кожа воопшто нема да прилега Само ако го начекаш некаде кажи ми, и јас сакам да го купам @koritsaki јас имам сува до комбинирана кожа, ни со 100 кг крема не можев 123 да ја оправам. Како маска... полошо само Аир Мат изгледала на мене.
Каква крема/прајмер ставате пред ХМ? Долго ја користам пудрата, ама во последно време како лицето да не ми ја прима... лошо стои на површината и мнооогу брзо светнувам, дури и на образите што не било случај порано.
За секој ден не користам прајмер, туку само крема, комбинирано др. Хаушка роза и Нивеа хилаурон. Јас секогаш и со сите пудри имам проблем на носот, па затоа таму + коректор ставам. Може да ти се случува така зошто е ладно и посува ти е кожата, обиди се малку похидратантни креми да користиш. Јас во последно време скоро ич не користам прајмери, Бенефит ми е супер ама кога сакам екстра долго да ми трае шминката.