Бидејќи не најдов оваква тема, си реков дај да ја направам. Повеќето дигурно сте слуснале за Brainster и нивните академии, кој овозможуваат да стекнете знаење за програмирање, маркетинг и дизајн. Како и бесплатни курсеви што можете да се најдат на нивниот youtube канал: https://www.youtube.com/channel/UCNtVHccQMoj5VV8HM1jv_uw Во оваа тема можете да ги споделите вашите мислења, искуства, како и прашања!
Искуство лично немам. Мој близок пријател заврши курс за онлајн маркетинг и еве си работи самостојно со пријател си отворија маркетинг агенција. Јас не се разбирам од програмирање, но мислам дека курсот по маркетинг би ми бил од помош. Во средно учевме маркетинг и ми беше интересно. Реално зошто да не се заврши академија кај нив кога се бараат програмери, се почесто вработуваат и без завршен факултет.
Исто и мене ме интересира искуства за образовниов центар. Овде треба да се спомнат и другите конкуренти како семос, севус,затоа што нудат исти курсеви, а има кај некои огромна разлика во цени.
Ја започнав темава зошто мене ме интересираше за дигитален маркетинг и дека не видов многу дискусии поврзани со Brainster. Тоа е супер, ама нема врска програмирањето со маркетинг тоа се две различни полиња. Не значи дека треба да знаеш програмирање за да работиш во дигитален маркетинг. Му доаѓа повеќе како лице што е одговорно за промовирање на некоја фирма. Да разлики во цената има, за Семос знам повеќе дека е за програмирање, game development и слично. Brainster e малце покреативно, во смисла нудат повеќе курсеви за креативност.
Ако сакате нешто паметно да изучите, не ви треба Brainster.. Искрено 1450 евра за академија што не е никаде призната не би дала ни на сон. А да не зборам дека за 80% тоа има бесплатни ресурси онлајн само треба да знае некој да бара.. Подобро одете во Сивус или Семос и стекнете се со меѓународен сертификат, отколку ова.. А за креативност курс не ви треба..или ја имате или ја немате.. сами треба да ја развиете, не друг да ви ја развие..
Brainster е признаена во Австрија, крај краева за добар програмер или веб дизајнер и не бараат кај точно имаш завршено,туку колку се разбираш во таа струка и што можеш да понудиш.
@Bubish26 од кога тоа Бреинстер е признаено во Австија?? Јас немам никакво инфо, никој не не известил, нас ни беше кажано дека сертификатот не е признаен никаде.
Отворија академија во Австрија. За тоа дали е признаена или не, немам информација, мада Петар (сопственикот) јавно има изјавено дека не сака да ги сертифицира (бара признавање) на обуките. Ова до некаде држи, бидејќи имаме Граѓански универзитети (поранешно работнички) кои штанцаат сертификати кои се признаени без никаков квалитет. Од друга страна за цената секој треба да си процени, дали може сам да се организира со мноштвото ресурси, бесплатни и евтини (Курсера кои се признаени), или треба некој да го води за 1450 Евра.
Ова е малку комплициран одговор, но ќе пробам да одговорам за Македонија. Сертификат може да издаде само понудувачот на обука што е верифициран од страна на ЦОВ (Центарот за образование на возрасни) и Министерството за образование и наука (МОН). http://cov.gov.mk/ Верифицирање на таква програма трае неколку месеци, а потоа се верифицира и самата образовна инситуција. Brainster нема верифицирано таква програмаhttp://cov.gov.mk/all-courses/, ниту тие се сертифицирани http://cov.gov.mk/members/. (дел на конкуренцијата на Brainster е сертифицирана: http://cov.gov.mk/members/data-masters/, http://cov.gov.mk/members/semos/, http://cov.gov.mk/members/seavus/) Никој не му забранува на Brainster да држи обуки. Тие можат да држат обуки и да даваат дипломи, но истите не се признаени во рамки на институциите. Е сега, како што спомнав претходно, дали учиме за знаење или диплома (или за двете) е друга работа.
Можеш за тие пари да добиеш верицифиран сертификат, реално не нудат ништо повеќе од останатите а истата цена се. Барем ќе добиеш сертификат од останатите, знаењето е исто.
Кој има искуство со работење на дигитални вештини, да те учат од нула за веб дизајн и маркетинг онлајн,а да се после тоа достапни за сите прашања и следење на кариера.
Малите курсеви се каде-каде поевтини во Бреинстер, него во Семос или Сивус. Меѓутоа, во Семос ако не се лажам ти даваат Adobe сертификат, во Бреинстер ти даваат обичен од нив. Се сложувам со делот што сте кажале дека ако некој сака да научи, ќе научи и од дома. Поголемиот дел од графичките дизајнери што ги следам се self-taught, така да ништо не е пресудно. Јас лани завршив курс за Adobe Illustrator во Бреинстер. Дека ќе го научев истото од дома? Дефинитивно, лично јас може и повеќе, бидејќи сѐ уште имам issues од основно и средно, да прашам нешто јавно кога не ми е јасно, ама тоа е друга приказна. Секако курсот има и предности. Добивме и голем број фонтови кои функционираат на кирилица и фонтови од македонски уметници, што вака од дома не знам кога и како би ги нашол. Академијата за графички дизајн има уште поголема предност, покрај програмите што ги учат, ако не се лажам имаат и практична настава, т. е. посетуваат места каде што се изработуваат материјали, што е многу битно доколку некој сака понатаму да се бави со product packaging и слично. Кога би одбрал академија, тоа би било Бреинстер. Менторите што се на академијата за графички дизајн се луѓе кои ги знам и следам одамна и навистина ми се допаѓа нивната работа.
Јас моментално сум на Brainster на дигитален маркетинг. Се запишав во последната година од факултет, пошто сакав да се доусовршам во таа насока. На почетокот размислував да почнам да учам сама, но сега сфаќам дека не сум погрешила што сум се запишала во Brainster. Немаше шанси да успеам сама да ги совладам сите овие работи за истото време, а воедно и сега сфаќам колку е важно кога ќе наидеш на проблем да имаш можност да прашаш некој што е стручен во таа област и одма да добиеш одговор и решение, а не да ги потрошиш наредните 3 саати во барање на причината кај си згрешил. Предавачите се супер и предавањата си течат одлично па дури и вака на zoom. Сертификати даваат на крај, но според мене најважно е знаењето што ќе го извлечеш од таму, пошто кога ќе се вработуваш џабе ќе ти биде и меѓународно признаен сертификат ако ги немаш вештините. Плус, помагаат при вработување многу, имаме уште 2 месеци до завршување на Академијата, а веќе вложуваат труд да ни помогнат при наоѓање на пракса/работа.
Иако темата е Brainster и иако немам лично искуство, искуството на моите блиски можам да го споделам. Мој другар учеше програмирање во Брејнстер и релативно брзо се вработи, иако струката му е нешто сосема трето. Година дена му требаше, интензивно. Друг другар, архитект, одеше во Семос на тие нивните технички курсеви (Маја, Аутокад) и слични, не ги знам сите по име и тоа траеше низ годините, и паметам дека нон стоп се жалеше дека не се најсјајни инструкторите, дека има постојано фалинка во организација, дека се преголеми групите, дека сенешто фали од техничка опрема. Така што многу работи се земаат во обзир кога се бира кој сакаш да те учи, не само сертификатот. И постои голема разлика во тоа некој да те води и да ги олеснува процесот на учење и тоа да го правиш сам. Дел од луѓето кои одат на вакви "академии" се реално луѓе кои работат, имаат семејства и имаат потреба од логистичка поддршка во процесот на учење, затоа и се плаќа. Кога некој те учи, го плаќаш. Нема тука ништо спорно. Пс. Секако мислам дека 1500 евра не се воопшто мали пари, особено не за студенти или млади луѓе кои се почетници. Јас за моите скрамови 500-600 евра што чинеа се мислев пола година, а работам и не заработувам лошо. Брејнстер мислам дека нуди опција дел од сумата да се плати по вработувањето, не знам точно како функционира тоа и дали важи за сите слушатели.
Дали може некој да ми каже која е разликата помеѓу курс и академија? Дали би можело да се вработам негде со курс или сите работодавачи бараат акдемија? Би сакала да започнам нешто па сакам повеќе да се информирам.
Семос - знам запишан и не е задоволен воопшто. Многу материјали само ги трупеле, полно теорија, а еве сами си учеле од јутуб. Јас праќав материјали од други јазици, видеа само да може да ги сфати. Пракса не им наоѓале, демек ситуацијата со корона и тешко одело. Галексиа, прашав познаничка за искуство и рече, демек мора да се учиш сама. Ок, па која е поентата тогаш да се фрли над 1000 евра? Сметам дека после ова, нема поента да се запишува било кој на вакви академии.