Неее, на македонски се. Јас за Brainster ти кажувам. А ако зимаш курсеви од Udemy, треба многу труд и самостојност, затоа што сѐ зависи од тебе.
Дечки може ли да ми препорачате некои курсеви на Udemy за дигитален маркетинг? Имам големо познавање со copywriting, content writing и SEO ама сакам да се надоградам со маркетинг исто. Фала однапред.
Јас се претплатив за 24/1 digital marketing. 13.99 долари платив мислам. Ама да, самостојно е, тие ти даваат видеа чекор по чекор. На овој курс има и за креирање на веб страна, инстаграм адс, фб адс, твитер адс и други ствари, не памтам баш. Јас само што го завршив делот за креирање веб страна. Има трикс & типс, интересно е
Имам бреинстер завршено работа муцки Не влагам никаде и плус доста огласи што аплицирав бев понижена ради академијата и окарактеризирана како не соодветна .... Рекламите дека ти наоѓаат работа се ЛАГА наоѓаат на многу мал дел 5-6 луѓе и тоа слабо доста платени во КФЦ или сл компании. Со среќа на сите со академии 2000 евра у вода ги фрлаш .
здраво,план имав во сивус за нетворк,но многу се мислам и брејнстер за фронт програмирање . Имав неколку стари колеги кои напушти ја каде моментално работам и искрено некои се задоволни . Многу се мислам и да си терам самиот да одам на удеми курсеви,ама друго е мотивација да тераш сам ,може и да прекинеш.
Ако немаш основа некаква или барем идеја за објектно ориентирано програмирање, не би ти препорачала да се запишуваш (освен ако немаш 12 саати во денот да ги посветиш на учење). Јас сум на фронт енд во бреинстер и не сум многу задоволна, 2500 евра си ги фрлаш во вода а имаш курсеви на јудеми за 10$ од кои што повеќе ќе научиш верувај ми! Можеби е попаметно прво да си купиш онлајн курс па после да размислуваш за академија, прво да видиш дали јаваскрипт воопшто ќе ти фати око.
Не, немам искуство, но имам пријатели кои се многу задоволни од таму од академиите за програмирање, иако беа почетници, за разлика од Бреинстер каде што од мојата група поголем дел се каат што дадоа толку многу пари, вклучувајќи ме и мене. Сѐ им е лошо, освен што знаат добар маркетинг да си направат.
Оди во било која академија освен Brainster, ке ти ги земат само парите, друго ништо нема да видиш. Многу студенти што имаат студирано кај нив се незадоволни, вклучувајќи ме и мене.
јас сум заинтересирана за семос академиите имаат поволни услови само не знам колку е сигурно вработувањето после завршениот курс за човечки ресурси
Никаде не може да биде загарантирано вработувањето. Нормално они соработуваат со компании и слично но има милион фактори што може да влијаат понатака. Ако се запишуваш гледај да е за ти да си просперираш понатака во нешто што го сакаш па работа ќе си најдеш и сам/а.