1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Brandshop

Дискусија во 'Мода и стил' започната од malechkata, 27 јули 2012.

  1. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Само што ја видов статијата за бутиков и решив да отворам тема.
    Јас не сум го посетила, бидејќи ќе одам во Скопје тек во септември, но ако некој од вас наминал - споделете искуства.

    Според сликите кои се постирани во статијата, внатрешноста ми делува многу бедно за продавница која продава брендирани проозводи.
    Ги разгледувам некои од производиве на нивната веб страна и некои делуваат достапно и привлечно, но за други никогаш не би дала толку многу пари.
    На пример, обувките воопшто не ми се допаѓаат и за ниеден пар не би дала толку многу пари - можеби само за еден пар балетанки кои ми паднаа во очи, ама можеби.

    Што мислите, би купувале таму или ќе се држите до продавниците во кои досега сте купувале? :)
     
  2. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Го немам посетено. Ама цените се многу скапи. Ги имаше на Фемина еднаш , можеби и сеуште ги има :?:
    Очила за сонце 9000 денари беа :!: „ Обична “ еднобојна маица со кратки ракаци од Келвин Клајн 3000 денари. Да , квалитетни, бренд производи , ама скапи за мои услови. Не би купила од таму поради тоа што е доста скапо . А кога би имала пари од вишок можеби и би ми фатило око за нешто... :)