Да прашам како ги осеќате лажните контракции. Јас до вчера мислев дека е движење на бебето сега кога читам малку се испаничив. Вчера малку подолго пазарев и имав такво како стегање и денес од сабајле повторно, не е болно туку е непријатно и трае по неколку секунди. Башка ја исчитав цела тема и малку ме испаничи тоа што прочитав дека ако ти се рацете на стомакот често може да предизвикуваш контракции. Дали е тоа вистина?
Јас имам затегања на стомакот, се искривува еден дел, тврд ко "камен". И осеќам некоја чудна сензација, не е болка, ама нешто специфично, понекогаш нема ни да допрам стомак, поради сензацијата знам дека ми се стегнал. Таа сензација ја осеќам дури низ градите, како низ белите дробови. Па дури и низ задникот. Ваљда станува збор за овие лажни контракции.
А всушност колку често во денот ако се случуваат се рачунаат за нормални? Во последниве 2-3 дена многу ми се зачестија, а денес претерано некако. Мислам дека преку 30/40 пати ме затегнаа. Дури во одредени саат време имав на секои 5 минути. Не траат долго, 30-ина секунди. Ама денес стварно многу ги имам. На врв на се', бебе е екстра екстра активно, што не ми е чудно, такво си веќе одреден период. Ама стегаат овие, таа тегне и клоца, растура. Ќе експлодирам!
Јас како што читав и двужење на бебето може да ги предизвика тие контракции. Нормални биле да не се болни и да траат од 30секунди до 2 мин. По 1-2 на саат време. Најбитно е да не се на интервали и да не се со се позголемен интензитет. Ако ти е сумливо тркни на контрола.
Zdravo dali bolki vo polovinata i dolniot del na stomakot bez stvrdnuvanje se lazni bolki ili porodilni. Terminot mi e sledniot mesec
Јас сум 15та недела и од пред 2 недели отприлика почнав да ги осеќам тие лажни контракции. Некогаш се само како грчење на матката, а некогаш се и со болка. Сум читала дека обично се јавуваат по 20та недела и се безболни, па почна страв да ме фаќа. Дали има некој кој исто така ги осеќал од порана бременост?
Кај мене нема , јас почнав исто рано да ги осеќам а пијам 2x400 mg магнезиум. Има денови кога немам а и денови кога по неколку пати ми се јавуваат.
Dali laznite kontrakcii mozat da pridonesat i za otvoranje na grloto na matkata ili tecenje na vodenjakot? 25 nedela sum kako da imav bolki dolu vo stolakot nelagodnost ili sepak e sirenje na matkata?
Здраво. Денеска мислам прв пт почувствував Braxton Hicks, 21+5 недела сум. Како вибрирање на матката осетив.. 1-2 минути и сега прекина, Дали ова се тие лажни комтракции?
Здраво. 36та недела сум и сега пред половина час почнаа како менструални болки. Не се на интервали, туку како почнаа и си траат. Издржливи се. Болки во кичма си имам веќе 2-3месеци така да неможам да се водам по тоа. Во петок имам закажано преглед. Дали е можно да се лажни болки? Незнам дали да чекам до прегледот, или да одам сега...
Здраво . Од вчера имам менструални болки а денес веќе 1 саат имам стегање во стомакот на секои 3 ипол минути . Незнам дали се лажни или вистински контракции.
Здраво, денес бев на преглед ради тоа што се посомневав дека водењакот ми е напукнат ( се разбудив со мала количина вода на гаќите). Според количината на плодова вода што ја имам, кашлав при преглед др кажа најверојатно не ми е напукнат. Ме вклучија на цтг и покажа контракции, др беше повеќе загрижен за контракциите и ми кажа да примам инекции за зреење за секој случај. јас таква болка не осеќам, најверојатно се од лажните контракции ама ни лажните не можам да ги распознаам. Како се осеќаат? Јас повремено осеќам цврст стомак и тоа се од десната страна ама до сега мислев дека бебчето така ми се мести со грбчето/газето и дека од него е цврсто, да не се случајно тие контракции? 31+4 сум.
I ja toa sakav da prasam vo 26-nedela sum grloto mi e skrateno malku povekje od sto treba pa mi rekoa ako osetam kontrakcii da odam hitno pred 7 god so prvoto dete naednas me fati i koga otidovme bev otvorena
Zdravo Dali nekoj imal lazni kontrakcii vo 6 mesec od bremenost i kolku vreme traat i dali se opasni?