Па бидејки има и кардио вежби, ги согоруваш маснотиите ид од стомакот (и јас за тоа најмногу вежбам ), ама внимавај малку и на исхрана п.с. паузите нека ти бидат кратки
Овие иако се наменети за задник го движат секое мускулче од телото па логично е да влијаат и на стомаче и на раце и на грб и на се И да, важно е да ги правиш правилно вежбите и правилно да дишиш, а паузи мали прави си на почеток и пиј многу вода
Јас пред некој ден ги симнав сите видеа и програмите од овој линк http://www.torrentcrazy.com/torrent/166 ... -butt-lift Еве денес втор ден вежбам, па се надевам дека нема да се откажам и дека ќе ја издржам целата 4 неделна програма, па ако имам резултати ќе пишам Инаку програмата ми се допаѓа, бидејќи во зависност од обликот на телото, т.е. задникот такви комбинации имааш за вежбање.
Мене ми се симнува сега еден торент. Да завршам со школово, поточно од 10-ти јуни почнувам и со ова. Планирам до крај на летото да практикувам, со пауза од максимум 15 дена додека сум на одмор. Па ќе пишам резултати, се надевам позитивни . Е, волку ми фали и на мене .
леле луѓе ај да повежбам малку...а вчера и трчав абе за 1 мин жива вода се сторив од вежбива...ама имам една мана...немам дисциплина да ги вежбам нон стоп дај кажете лек?
Их, ова тешко бе :geek:. Прееска конечно ми се симнаа вежбите, заедно со план за вежбање од 4 недели, и си викам ај да пробам. Неможев ритам да фатам заедно со тие што вежбаат, што е најтрагично. Ова денеска беше само проба, од 10-ти јуни почнувам со акција .
не знам дали спаѓа во ова ама јас овие ги правам и се царски!!!! http://www.youtube.com/watch?v=pnetp7PK ... _embedded#!
Си ги симнав вежбите, ги вежбам точно 17 дена. Немам навика да се мерам на вага но гледајки по мене, се стопив луѓе. Пресреќна сум. Имам уште за симнување и тонирање секако, но ја сум многу задоволна од резултатите Секако дека вежбите се наменети за задникот, но јас секаде се стопив.. Рака, нога, половина, споилери.. А задникот, толку стегнат никогаш не ми е бил. God Bless Leandro Carvahlo
Девојки да ве прашам, како да ги пуштам останатите две програми ( второ и трето CD ) ? Го симнав торентот од Замунда, но во секој фолдер само BBL Basics, Bum Bum и Bum Bum Rapido ми отвара
Ја спуштив вечерва програмава и планирам од утре да ја почнам Си одредив кој план треба да го следам и сега наредно ќе пишам ако има резултати ама според претходните коментари изгледа ќе има
Луѓеее дали само мене ми се претешки вежбиве или? Така треба да биде? Знаци буквално на секое делче од моето тело бев мокра, вода течев, а скоро никогаш не се потам. Ама ако ако . Ама тешкички се, вака на видео лесно изгледаат ама кога ќе почниш. И многу се изморив. Ама ќе си продолжам секој де. 40 мин орбитрек и после вежбите.хуху
Ако може да ми кажат тие шо имаат искуство со ова, дали за време на вежбањето да продолжам со здравиот режим на исхрана, или може да си поткаснувам по нешто нездраво(од време на време ) за време за вежбањето за не изгубам од килажата, оти не сакам да станам уште послаба, туку само да се стегнам.
Јади си најнормално како што си јадеш секогаш, ако несакаш да губиш на тежина тогаш нема потреба да внимаваш на исхраната. Јас исто несакав да губам на тежина, и си јадев се како и пред да почнам да вежбам, немај гајле
Вчера ги правев вежбите и се испотив поприлично. Никогаш претходно кога сум вежбала толку не сум се испотила не се баш лесни ама не се откажувам, ќе бидам упорна. Инаку сакам да прашам нешто. Јас ги спуштив од piratebay и има екстра клипче BUM BUM RAPIDO. Велам екстра оти во програмата проверив никаде не е употребено тоа туку само BUM BUM е сега дали ова Rapido е наменето за подоцна ко замена на bum bum или што е штосот, прашувам за да знам кое од нив двете да го вежбам сега
Од вчера ги почнав и овие вежби и стасав до една и пол сесија не издржав три иако сум периодов доста физички активна. Можеби дека првин истепав 10 мин на степер па си ги изморив ноџињава Како и да е, супер се вежбиве! јас ќе продолжам со нив, верувам дека се ефикасни!