На првава слика можете да видите каков облик е вашиот задник и според тоа да си ја одберете сооветната програма за вежбање. (плус да си го испробате тестот со пенкалцето ) Еве ги програмите
на замунда не ми дава да се регистрирам, има ли на друго место кај можам да ги симнам? иначе стварно сум загреана за вежбите сакам што побргу да почнам.
Девојки ги спуштив вежбите од линкот што беше постиран, но сега проблемот е што не ми ги отвора сите.... Значи стварно не знам што е проблемот отвора но само дел од нив, а не можам да видам ни од кој диск се за да можам да почнам да вежбам по програмата што ми одговара. Ве молам да ми кажете дали наидовте на ваков проблем или се беше ок кај вас? Како да го отворам видеата целосно?
Не се замарам толку не одам по програма и така има ептен добри ефекти, секој ден си ги менам вежбите, кои сакам тие си ги вежбам.
добро, ги симнав некако ама сега не ми дава да ги гледам кога уклучувам да се пуштат има само глас кој ме упатува да правам таму нешто а нема ни в од вежбите.. зане некој шо е проблемот вас ви се деси вакво нешто ?
Јас ги имам видеата, ако сакаш на мејл да ти ги пратам(не знам ни дали воопшто може така) но да се обидеме да ти помогнеме. Пиши ми во ЛП мејл,па ќе се обидам да ти ги пратам.
Мене ме интересира дали мора првиот ден да се извежба и тоа видеото кај што се објаснуваат вежбите или може само другото? Нели има две видеа, ама некако ми е напорно како за прв ден двете
Феминки,некој што го пробал ова може да напише нешто од искуство ? Има ефект ? Би сакала да почнам да вежбам ама немам време.
Е од утре дефинитивно почнувам! Само бидејќи немам кондиција за цели видеа да ги издржам, првава недела или две ќе ми бидат како загревање, ќе почнам со по 15 мин од видеата, па ќе зголемувам секој ден. Виш ми лак :geek:
Е почнав што почнав, ама не оди, неможам ритам да фатам, нозете ми се тресат-закржлавена сум ептен Битно по некоја вежба направив, поарно нешто отколку ништо
Има некој идеја каде можам да најдам во Ск од тие појаси со тежина што ги ставаат на нозете ??? Мноооогу ќе ми помогне зашто веќе стандардниот High and Tight од вежбите не ми делува, сакам поинтензивно
Девојки сакав да ве прашам, дали да ги правам сите вежби или во зависност од тоа каква ми е формата на задникот по тој календар да одам, бидејќи на ова од замунда има три календари за три различни типа на задници ?
^ Да најдобро ти е така, и придржувај се до програмата. Ако не се водиш според типот на задник нема да имаш ефект, на пример тие за мал задник вежби се состојат повеќе од рацврстување, додека за поголемиот тип на задник имаш повеќе кардио вежби.
Едно време ги симнав, ги ставив на цд (овие од 11 гига), вежбав еден ден и се откажав. Ама планирам да им се посветам, саат време од денот, ништо не ми менува