Девојки, што е работата, зошто сите се откажавте? Не се толку тешки вежбите, само упорност треба Туку јас дојдов да прашам дали некоја го има торентот од овие новиве, ги загледав вчера, па сакам со нив да продолжам кога ќе ја завршам програмата, уште поефикасни ми делуваат... http://www.youtube.com/watch?v=jeEH1nXK ... BD95518F41
Има добри вежби, сум вежбала порано од нејзините, сега имам други ама неможам да ги најдам на јутуб Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=4dOyAcvSD30
Два дена по ред ги правев basic вежбите. Вчера одмарав, а денес пак почнувам. Мора да признаам дека веднаш мускулите ми се разбудија. Највеќе ги осеќам напред над колената и во долниот дел на г'зето. Вчера ме болеа, а чудно ми е дека на ден вежбав само по 10 минути. За разлика пак кога одев на фитнес и аеробик не ме заболуваа мускулите толку рано.
А зошто мислите дека овие се некои ПОСЕБНИ вежби? Ставиле Бразил име во бат лифт и ајде демек нова програма. Ги изгледав скоро сите видеа, па овие истиве се важбаат на пилатес и аеробик. Одев една година на пилатес, аеробик, сх ворк, истиве вежби ги правевме. Не се лажете значи овие не се некои посебни програми за задник.
^^ Абе истите ги правиме на аеробик, меѓутоа ова ти е некако како за секој тип на градба. На аеробик или пилатес доаѓаат жени со секаква градба па вежбаме од се по нешто. Ова ти е ако си вежбаш сама, па за твојот ти избери си ги комбинациите. Инаку да, програмава е стварно ефикасна, јас порано ја вежбав
Си ја симнав програмата, 6 видеа мислам беа и треба секој ден по едно во неделата така? И не сум ич упатена во ова, колку време трае програмата, 2 месеци или како? Ии да најбитното, дали некоја од вас која ги вежба осетила резултати и какви? Од утре почнувам напоредно со ова и фокус т25, па ајде со среќа нека ми е.
Имам две прашања. Колку време трае програмата? Дали Brazil butt lift е подобра опција од Insanity за слабеење главно на нозете? Insanity е доста интензивна програма и таму се главно кардио вежби, но по резултатите што ги гледам од сликите највеќе ефект има на стомачниот дел и рацете, па затоа прашувам и чекам ваше мислење
На се влијае верувај, мене ми се помалку напорни од Инсенити кои баш поради тоа што ми беа многу тешки неможев да ги вежбам па почнав со овие. Имаш програма според обликот на задникот и според тоа што сакаш да постигнеш, 8 недели е програмата, резултати видов многу брзо по една недела веќе, задникот видливо подигнат, бутовите обликувани и затегнати после 3 недели и нозете, а за стомакот ми требаше месец дена за да видам промена.
aj ako moze sliki zatoa sto strav mi e da ne zakacam virusod downloadiranje ili nekoe video ve molam fala odnapred
Да ја обновам малку темата за овие вежби видов на форумов и бидејќи тоа што сакам да го ослабам се бутовите и задникот планирам да ги вежбам нив....има ли некој друг искуство со овие вежби? ќе го топиме ли заедно целулитот?
Која е разликата помеѓу Bum Bum и Bum Bum Rapido? Bum Bum Rapido никаде го нема во календарот, во програмата, а сепак го има заедно со останатите видеа во торентот...
За тие што ја вежбале програмава да ги прашам дали има зголемување на бутовите или целата нога, пошто ослабев многу во нозете т.е. намалив масни наслаги и видно ми изгледаат послаби, па сакам да вежбам нешто за да го зголемам мусклулот. Претпоставувам дека вежбиве не се за слабеење
Друго е да зборуваш на памет, а друго е кога ќе ги вежбаш веќе 2 години, како на пример јас! Не сум некоја од тие шо се сликаат шо стават задници и не сакам да ставам слика за да ги видиш моите резултати.. Го вежбав само кардиото и оние последните не ми текнува како беа.. Не ја вежбав целата програма и пак имав огромни резултати, нозете ги ослабнав, задникот ми се подигна, се стегна.. Предноста на овие вежби е во тоа што не се ич напорни а многу се ефективни!!!