Ги имам користено сивиот и розевиот но не ми се допаѓаат повеќе, некако ми одмилеа, тешки ми се малку. Најубав засега од B.U. ми е белиот hippy soul, и кога и да го имам ставено добивам комплименти дека убаво мирисам и што е чудно луѓето дури не ни препознаваат дека е B.U. Само осеќам дека за брзо време ќе се заситам и од него.
Jас многу го сакам црвениот бију секси,минатата година го барав,ама не можев да го најдам,за да си земам еден за овде,значи тој мирис е A и црниот бију не е лош,синиот мајка ми го користеше и тој убаво мириса A и овај хартбит не е лош,знам некој за роденден ми го даде,ама со црвениот не може да се спореди
Го имам овој убав е, малку невообичаен мирис,а инаку не се ми нешто посебни БУ... има многу поубави, а и парфемите и дезадоранските не траат многу , а и БУ wild е убав за летен период
Го имам жолтиот, добар е, ама ништо посебно не е. Црниот го користев еден период и се заситив, не би го купила повторно. Сивиот го имам мириснато, ми се допаѓа, можеби ќе го купам
Сите ми се убави ама овој го обожавам Сите сум ги пробала и како дезодоранси а некои и како парфеми ама овој..
Овој го користев лани летото , летен е и освежителен. А овој го користам сега, малку поблаг е, но одличен е Овој го имам користено како дезодоранс, преубав е
Овој ми е омилен, просто го обожавам (штета што уште го нема како гел за туширање) Сите ги имам користено освен виолетовиот. Ми е криво што веќе го нема плавиот баш беше пријатен
Од BU го имам само белиот (heartbeat) и многу ми беше убав ионака и траен сега сакам розевиот да го купам ептем слатко ми мириса
Мене па нешто омилени и не ми се парфемиве, не викам дека се лоши и дека не мирисаат убаво ама некако незнам ни како да објаснам... Ги имам дома и ми стојат и знам да се шприцнам кога ептен немам никаков друг и сите што ги имам ми се на подарок добиени не сум купила сама ваков ...