Овие ги има во ДМ маркетите со сигурност, а за трајност не очекувај многу, од тестер колку што може да се осети трајни се макс. 1 час.
Што е работава со В. U имаат нови пакувања?? Го купив црниот со портокалово али не е долготраен ко порано.... ме разочара
Многу ми се погодени парфемиве, многу долготрајни ми се, ги осеќам сама на себе што ми е најважно, а и на облека се чувствуваат исто долго. Плус дм многу комплименти ми дава за овие парфеми, ептен му се свиѓале колку убаво мирисале, го потсеќале на лето и нешто слатко... А и мене ме потсеќаат на детство, уште од мала стално вакви ми поклонуваа и сама си ги купував, па некако малку и носталгична сум кога ќе ги видам, тоа ме влече да ги купам. Овој ептен ми се свиѓа, летово често го носев, баш ми е пријатен. Овој баш ми беше есенско - зимски, некако погоден ми е баш така мирисот малку потежок. Овој го добив скоро на подарок, деновиве го користам и ми се свиѓа исто, пријатен е мирисот. Имам и други користено ама од овие најтазе ми е впечатокот пошо последнава година ги користев. За таа цена ми се лично супер.
Оддамна немав купено ваков парфем, порано многу ги користев. Сега го имам овој од ДМ, многу ми се допадна супер е за секој ден на работа
Го добив баш овој на подарок, колку часа трае отприлика? Дали да го отворам или да го подарам на другарка на сестра ми
А гледам @Dream-Girl е задоволна, од каде ги купуваш? Мада у лименки се нема како некоја малцерзација да се прави.
Одамна не сум земала. Летото добив еден на поклон, онака океј е, глеам сум го постнала погоре. Порано поубави ми беа, откако им сменија амбалажа некако изменети ми се.
Може некој да ми прати од овие парфеми во живо слика кој го користите и од кој сте задоволни гледам има многу амбалажи.. Ви благодарам..
Порано кога беа старите амбалажи беа многу убави и трајни. Ги имав користено сите белиот црвениот а црниот ми беше фаворит. Сега новите не ми се допаѓаат ниту мирисот, ниту трајноста.