Bullet Journal

Дискусија во 'Слободно време' започната од sweet-cherry, 14 март 2017.

  1. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    2.723
    Допаѓања:
    20.182
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Bullet Journal е начин на организирање на сопственото време. Moже да се користи и како дневник, to-do list, планер... има мал милион работи за кои се користи. BuJo стана ептен популарен во 2016, и интернетов го преплавија туторијали за како да си го организирате животот. Има многу начини како да се води овој организатор, буквално како посебна наука е , има многу многу видеа, и туторијали, и слики.

    Искрено јас веќе неколку месеци имам еден, сама си го правев според свои желби и потреби и многу ми помага да се држам до обврските, да пратам колку саати спијам, до каде сум со серии, што ми предизвикува mood changes, запишување соништа, за вежбање, да си запишувам колоквиуми, испити и слично. Е сега со технологијата знаеме дека има еден куп апликации кои би биле за ова, ама мене лично многу повеќе ми се допаѓа вака, во пиплива форма :D Плус мене кога си го средувам BuJo многу ме инспирира, си црткам, си лепам ствари ко дете сум.

    Е сега има некои basic работи кои по правило би требало да ги има во BuJo.
    Index + Legend - работи кои ги содржи и легенда на знаци кои ќе ги користиш во BuJo.
    [​IMG]
    Daily Log - работи кои што треба да ги направиш дента, обврски/ to do...
    [​IMG]
    Monthly Log - Планови за престојниот месец.
    [​IMG]
    Future Log - планови на годишно ниво.
    [​IMG]

    Дали имате ваков bullet journal? Дали би користеле еден? Што би запишувале во него?
    Дали мислите дека би ви помогнало да бидете организирани?

    Инаку еве за инспирација што друго може да има во еден bullet journal:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На OmniaVanitas, Luminary, Antolinaa и 5 други им се допаѓа ова.
  2. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.652
    Допаѓања:
    49.161
    Пол:
    Женски
    Цел живот имам, еве сега дознавам дека било модерно.
     
  3. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    9.942
    Допаѓања:
    126.661
    Пол:
    Женски
    WP_20171224_19_32_16_Pro.jpg WP_20171224_20_54_13_Pro.jpg WP_20171224_13_35_30_Pro.jpg WP_20171224_20_54_02_Pro.jpg WP_20171224_20_53_19_Pro.jpg WP_20171224_20_53_27_Pro.jpg
    Секогаш во мало тефтерче сум водела вакво, со години, ама еве малку да го "помодернам", да видам како ќе оди. Ако не ми е по ќеф, пак ќе си се вратам на малото тефтерче. Некако полесно ми е да го носам со мене, оваа тетратка ја земав за помала...
     
    На OmniaVanitas, Arja, Juicy и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    9.751
    Допаѓања:
    54.226
    Пол:
    Женски
    Ми треба и мене вакво нешто. Бев толку неорганизирана, заборавав на некои обврски, па еден краток период имав еден ваков планер. Период... всушност, само неколку дена беа. :D Имам сега тетратка во која водам некаква евиденција. :D
    Корисно е.
     
  5. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    9.942
    Допаѓања:
    126.661
    Пол:
    Женски
    Еве малку подетално.
    mood trackers:
    upload_2017-12-31_14-32-41.png
    upload_2017-12-31_14-32-58.png
    upload_2017-12-31_14-33-17.png
    upload_2017-12-31_14-33-33.png
    upload_2017-12-31_14-33-47.png
    upload_2017-12-31_14-34-0.png
    upload_2017-12-31_14-34-16.png
    upload_2017-12-31_14-34-31.png
    upload_2017-12-31_14-34-48.png

    Дневно планирање:
    upload_2017-12-31_14-35-53.png


    upload_2017-12-31_14-36-38.png upload_2017-12-31_14-36-51.png
    upload_2017-12-31_14-37-8.png
    upload_2017-12-31_14-37-22.png
    upload_2017-12-31_14-37-38.png
    upload_2017-12-31_14-38-12.png
    upload_2017-12-31_14-38-26.png
    upload_2017-12-31_14-38-39.png
    upload_2017-12-31_14-39-18.png
    Ко не можеше поќе од 10 слики по мислење. :(

    И уште малку укравчиња, без нив нигде:
    upload_2017-12-31_14-42-4.png
    upload_2017-12-31_14-42-17.png
    upload_2017-12-31_14-43-21.png
    upload_2017-12-31_14-43-36.png
    upload_2017-12-31_14-43-47.png
    upload_2017-12-31_14-43-59.png
    upload_2017-12-31_14-44-17.png
     
    На OmniaVanitas, Oxymoron, Someonespecial и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    16.835
    Допаѓања:
    76.659
    Пол:
    Женски
    На OmniaVanitas, theowndemon, sorbet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    9.942
    Допаѓања:
    126.661
    Пол:
    Женски
    Ми недостигаа страни за пробвање на боите.
    WP_20180124_13_32_05_Pro.jpg
     
    На OmniaVanitas и macka91 им се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    16.835
    Допаѓања:
    76.659
    Пол:
    Женски
    Има ли кај нас вакви планери во „поставки“?
    [​IMG]

    Не сакам класичен на спирала. Би сакала да си набавам некој ваков, па потоа само да си вметнувам нов тефтер во соодветен формат. Многу убаво изгледаат, а немам видено кај нас нешто слично.
     
    На theowndemon и ванилала им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    6.164
    Допаѓања:
    42.965
    Пол:
    Женски
    Od E bay ili Ali express. Ima milion da se seknes od ubavini.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    16.835
    Допаѓања:
    76.659
    Пол:
    Женски
    Видов Нена, од таму ми е сликата.
    Но сите што ми фатија око беа над 30$.
    А да го платам толку и да го чекам месец дена и повеќе можеби, не ми чека искрено, па и ако не ми се допадне... :tmi:

    Тука не сум видела нешто вакво, баш ќе разгледам пак.
    Највеќе ми е за кориците, тефтерчиња лесно можат да се набават, па макар било тоа и обична тетратка во соодветен формат. Дезените се сон. :inlove:
     
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    6.164
    Допаѓања:
    42.965
    Пол:
    Женски
    И јас ги гледам и ги меркам од поодамна. Оние винтиџ ми се екстра.
    Never Dandelion Spiral Planner Index Dividers For Dokibook A6 Bullet Journal Creative Korean Stationery Office
    http://s.aliexpress.com/JFBfYzYf?fromSns=Copy to clipboard
    (from AliExpress Android)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  12. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    1.275
    Ептен убаво ми изгледаат. Какви се' идеи нема. Убави се оние во винтиџ стил (кафеави, есенски инспирации) ама повеќе сакам шаренила. Со неодењето никаде малку е бесцелно да почнам, ама сепак почнав со различна цел - да пишувам мисли и со тој начин да ги тргнам од мене. Дури и посебна тетратка си земав за ако треба да ја уништам на крај ама толку убаво почнав да ја правам што изгледа ќе почнам прво со мотивации, па само некои делови ќе бидат уништени. Порано имав тетратка која ми служеше за многу работи ама со неодењето никаде и таа стагнира. Сакав да имам вакво нешто најмногу заради шаренилата и конечно најдов начин како да го користам. Штета што нема многу достапност до ситници ама зошто се обидувам да намалам на купување работи кои се непотребни во име на екологијата, имам многу списанија, билтени, весници, крстозбори, хартиени кутивчиња кои ќе се најдат. Почнав да пополнувам некои страници и со исцртани цртежи кои јас си ги правам и сфатив колку боењето со четка ме релаксира. Дури не ни мора да биде нешто конкретно и апстрактноста е убава :)