1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Bullet Journal

Дискусија во 'Слободно време' започната од sweet-cherry, 14 март 2017.

  1. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.419
    Пол:
    Женски
    Без бујо незнам каде би била со себе си. Животот ми е во тетратката, ништо не памтам инаку. Првиот планер ми беше обичен тефтер со линии. Овој е баш bullet journal со точките. Најпрвин имам цели за годината, во која насока сакам да се изградувам, искуства кои сакам да ги имам, што сакам да си купам. Следам пари за одредени трошоци, си правам vision boards, прочитани книги. Секој месец има свој календар, сакам во 3 збора да си го памтам денот, имам месечни цели или задачи и книги кои сакам да ги читам. И после тоа од ден на ден распоредувам што сакам да завршам, ако треба да се јавам на некој или да испратам нешто, најчесто вечерта пред ги пишувам и сабајле знам што е на агенда. Имам и тракер за одредени навики кои ги градам. IMG_20220317_105156.jpg
     
    На NoirSerpentine, theowndemon, INNERBEAUTY и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Beautiful Dreams

    Beautiful Dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2022
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Женски
    Дали може да ми сликнете некои страни од вашиот планер? Баш ме интересира како сте ги направиле.:)
     
  3. Love Elixir

    Love Elixir Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2022
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    126
    Имам bullet journal, во него си запишувам годишни планови 8), фитнес план, исхрана, организирање на денот, дневна и ноќна рутина :D, некои лични важни забелешки како дати и важни настани :!:, адреси ...
    Пишувам во обична тетратка :)
     
    На Beautiful Dreams му/ѝ се допаѓа ова.
  4. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.116
    Пол:
    Женски
    Не знам колку обиди имам и никако не ми оди. Дури испринтав некои страни и пак џабе. Истата тетратка ми од лани, а не е дека не ми се случуваат работи ама ми се случило да ги напишам па така да мислам дека сум ги завршила :D Или дека немам многу работи за организирање. Тие работи кои треба да ги пишувам - не ги пишувам. Пример знам дека треба нешто да купам од некое место, ќе појдам таму и зјапам во празно мислејќи се што беше :D
    Постојано гледам и примери и куп инспирација ама пак не ми тргнува со редовно следење...
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  5. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.116
    Пол:
    Женски
    Почнав со нова метода.
    Направив некоја комбинација од дневник и од сечканици :D (scrap book)
    Почнав да си одвојувам некои интересни делчиња од весници или каталози. Прво лепам (порано цртав ама најдов интересни календари наменети токму за ваков дневник) календар од тој месец, потоа наоколу лепам некои делчиња (порано рандом сега откако потсобрав ги лепам да одговара на месецот или годишното време) и потоа пишувам што би требало да се направи. Е сега, имав толку многу работи за правење, сите ги запишав и на крај настинав и ништо не можев да направам и кога ги гледав и прецртував (зошто беа поврзани со рокови како семинари и сл.) само се нервирам и се мислам дали ова воопшто е за мене :D
    Од друга страна, почнав да си запишувам што треба да купам и од каде од работи кои не ги купувам секојдневно па во овој случај ми се најде.
    Најмногу сакав да го имам затоа што сакам да се изразувам креативно, а во последно време има многу малку простор каде може да се реализира тоа...

    Прашање: дали имате препораки за дневници или тетратки со потесни линии (како на пр како оние со квадрати ама само линии....ако некој воопшто ме сфати...? :D Ми требаат и за други работи, ама овие стандардните ми се прешироки. Порано користев празни ама сега ми требаат за конкретно пишување.

    Едит: на сите ни треба инспирација од време на време :)
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена: 11 април 2023
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Shalitra

    Shalitra Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    1.968
    Пол:
    Женски
    Дали на англиски си ги забележувате стварите во дневникот? Пошо пример еве кај daily moods, запишувате денес сум среќна, опуштена, поради тоа и тоа или happy, relax, sad, cry, anxious, дрн дрн како набројување. :?:
    Јас имам една тетратка, и во неа забележувам животни ситуации кои сум ги проживеала од 2020 кога фати короната, до ден денес, се што ми се случува во неа го раскажувам, и повеќе е ко водење дневник отколку како BuJo, а и некако неам време за црткање шарање онака ултра класичен лик сум :D
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  7. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.116
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е за фирма или за тебе ама веќе постојат неколку мали бизниси кои се занимаваат со тоа и продаваат по пристапни цени. Навистина не разбрав дали сакаш да имаш па во недостиг на планери кои ти одговараат сакаш да направиш свој или сакаш да направиш за продавање...
    Те цитирав и во соодветна тема ама не знам колку ќе биде тоа од помош. Можеш да се обидеш и со темата за општи прашања ако не се најде овде решение :)
     
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.764
    Допаѓања:
    156.947
    Пол:
    Женски
    Дали си се обидела во дневник со точки? Кога и да пишам најмногу ми одговараат точки. Многу потешко ми е пишење сега на поинаку бележена хартија. :D

    Кога-како. Ако учам некој јазик, го користам него за вежба. Зависи од денот.
     
  9. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.116
    Пол:
    Женски
    Не, сакав прво да побарам побарам потесни линии зошто баш за пишување ми е, а со точки мислам дека повеќе е за цртање или комбинирано. Благодарам на предлог, ако најдам нешто попристапно со цена зошто не сакам да земам скапо, а да не го користам, може ќе пробам :)
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.764
    Допаѓања:
    156.947
    Пол:
    Женски
    Мхм, ако имаш шанса пробај. :D Од кога почнав да пишувам на точки, и за пишување и за читање ми е многу поинаку пошто точките се суптилни и ги пратиш во пишување и се е право, не бегаш нагоре- надолу, ако треба да подвлечиш буквално се на мало растојание и доволно за да не испадни ништо криво. А за читање, колку помалку помошни линии има на лист, помалку бега фокус. Криво ми е дека вакви тетратки не се „ин“ кај нас, ги наоѓам само Литература, со тврд повез и се 100+ денари. А да беше до мене, и во образование би ги форсирала. :tmi:
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  11. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.116
    Пол:
    Женски
    100ден и не е така лошо. До сега под 300 немам најдено, ама пак зависи каква е тетратката. Ако е од оние најмалите пак е скапо, да.
    А да и тоа, не сакам голем А4 формат, сакам А5 (мала тетратка) за да ми ја собира кога ја разнесувам наоколу :D
    За во образование, не знам, сите имаат различен начин и фокус. Јас пишувам ситно, мене во еден стандарден ред ми собира 2 реда. Порано имаше тефтери со такви поситни линии и многу поубаво ми изгледаше ама со капитализмот веќе никој не прави такви тефтери како реклама за лојални корисници/потрошувачи или пак за вработените. Сега ни пенкалца не прават, не пак тефтери :rofl:
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.764
    Допаѓања:
    156.947
    Пол:
    Женски
    120 ако не се лажам е најефтин во Литература ама мал формат. Поголемите веќе одат и поскапо. 300+ иста големина зедов еден ама као корицата му е мека како перница. :D
     
  13. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.116
    Пол:
    Женски
    Таман и да си прилегнам на него кога ќе патувам :D
    Баш ќе проверам какви се :) Благодарам :)

    ЕДИТ: Не знам дали барам на погрешно место или ги немаат излистано Online ама под 240 не најдов. Нотес - 520...
    Да не било 520, а не 120 :D:D
     
    Последна измена: 11 мај 2023
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  14. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.116
    Пол:
    Женски
    @theowndemon ако имаш препораки за други места, изгледа во литература ги немаат повеќе (види едит на претходниот одговор :) )
     
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.764
    Допаѓања:
    156.947
    Пол:
    Женски
    @NoirSerpentine
    Ќе цитирам мислењево пошто тефтериве е од тие поефтините шо се. Имаш и со други градби генерално скоро сите со градби се. :D Обично кога одам Литература, оти јас сум во Битола, не се на почеток кај другите нотеси туку прашвам дали имат точкасти тетратки и обично овие му седат зад каса. Барем тука. А сигурно се поефтини, Битола ми се чини само јас и другарка ми само одиме и ги собираме неколку пати годишно. :rofl:

    едит.
    Овие сега на литература шо ги отворив, не се тие без линии? Во мое искуство тие шо ги имам користено со тие шари биле целосно празни внатре, и тие шо се како винтаж со цитати од поети. И тие не ги гледам на странава а сум ги користела.
     
    Последна измена: 12 мај 2023
    На Regina.Phalange и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  16. zence

    zence Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    216
    И јас треба да си направам нов нотес, барам некој околу 150-200 денари со димезија 20*14 см, по можност со ластиче зошто знам и исечоци и листови да ставам во нотесот. Нешто има на Клевер.мк, ама изгледа само онлине имаат. Треба да прошетам да видам имаше порано во Дм, сум видела и кај касите на Страдивариус.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  17. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.116
    Пол:
    Женски
    @theowndemon гуглав до сега и најдов избор. Може подобро е на лице место да се види ама да, имаат. Инаку во литература е 520, не е 120ден, тоа пишував :D Не знам каква е ама некако за generic тетратка 520ден не ми се дава кога стручна литература има за тие пари :rofl:
    @zence на страната ти што ја пиша видов дека имаат ама пиши „нотеси и тетратки“ или замо збор по збор и ќе ти даде повеќе резултати. Роковниците и организерите се нешто поскапи.
    Порано по локалните книжари можеа да се најдат ама и тие ги поскапија, а избор ептен слабо.
     
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.764
    Допаѓања:
    156.947
    Пол:
    Женски
    Ова цена ја гарантирам. :D Ама испадна дека те лажам оти извајв неколку тетратки и назад има цена.

    IMG_20230513_011230.jpg IMG_20230513_011237.jpg IMG_20230513_011248.jpg IMG_20230513_011254.jpg

    Јас памтев дека она зелената и та големина дека се 120, испадна средна големина биле толку. А она сината е та шо ти велев ептен меки корици, та мала големина беше 300, никако не можам да најдам средината големина од истата, та беше 400 и нешто. :D

    Долу ќе прикачам слики и внатре пишаното како личи чисто за да доловам флексибилноста.

    IMG_20230513_011557.jpg IMG_20230513_011843.jpg IMG_20230513_012047.jpg IMG_20230513_012106.jpg
     
    На Regina.Phalange и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  19. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.116
    Пол:
    Женски
    Ама убаво изгледаааат :)
    Дефинитивно не се тие од страната и може ќе треба да се појде директно таму за да ги најдам овие од 120 :D пардон, 118 :rofl:
    Вака како што гледам и доста тесни се точките, ако веќе успеам да се навикнам ми се допаѓа.
    Благодарам што сподели и што толку се измачи :)
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.764
    Допаѓања:
    156.947
    Пол:
    Женски
    Ко опиша како пишиш, морав. :D @NoirSerpentine цел живот пишам како шо опиша, ко шо и се гледа. Башка љубител сум на добра хартија така да ова беше мое задоволство. :D
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.