Buzz(Баз) е апликација за анонимно споделување на мислења на ученици од средните школи. Релативно е нова, ама е заразна. Има по малце препукување, но и доста бисери. На почетокот ти бара локација и средно школо и после ти дава постови од други анонимни корисници од твојата околина, но може и од пошироко. Јас денес се зачленив и мислам дека е добра за тепање време. Еве како изгледа еден пост: Дали ја користите апликацијава? Ако не, дали би ја користеле?
Оваа мрежа мислам дека не е многу популарна,ама изобилува со вулгарности. Но,се наоѓа и нешто интересно,а некои статуси се како вицови.
Јас ја користев уште во мај, еден месец и потоа ја избришав. Се помалку интересни базови имаше и се повеќе се навредуваа и караа.