^^^ Исто ми се случи и на мене со чизмите од пеко, навистина се убави, кожни, меки , ама многу е битно да не пропуштаат вода Сите кожни чизми се за суво време, така си пишува во декларациите и затоа неможеш да правиш рекламација. Oд сега зимно време кога ќе завее ќе си излегуваме во гојзерици планика
Јас пред две години си купив од Биана 4500 ден. и многу квалитетни се покажаа, не пропуштаат вода, топли се и што е најбитно многу се лесни за одење, се осеќам како во патики да сум, а тоа ми е најбитно затоа што кога сум по цел ден на факс сакам да ми бидат удобни за носење.
Ќе ја искористам темава за да постираме слики со чизмички.Сакам било какви ,црни,кафени ,со врвки патенти ,кожни,скај ,антилоп,каубојки,до колена ....мерак ме фати.
Најчесто одбирам квалитетни убави, удобни чизми. За сандали, кондури не внимавам толку, ама за чизми, да. Убави на изглед, стабилни и удобни, лесни за одење, за комбинирање на секаква облека...
еве и од мене слики. Сакам вакви да си купам за зимава, високи и црни. Пишав и во темата:Каде да си најдам... ако некоја знае нека ми пише
Има една продавница во Аеродром Газела мислам се вика, таму има чизми што не пропуштаат Е сега не се некој посебни, класика се бидејќи се произведени многу одамна и сега тоа што им е останато продаваат, ама чиста кожа се.
Кога одам на зимовање најчето носам чизмички кои не пропуштаат а такви модели наоѓам во Пеко.Не е важна цената бидејќи ги купувам преку две години а овие за излегување сакам да бидам модерни но не многу скапи...така да немам проблем со обувките во зимо се снаоѓам...
Јас за оваа сезона треба да си ја обновам цела зимска опрема,ми требаат и чизми,пред се да бидат удобни за пешачење и по едноставни,баш вчера ги видов тие во new yorker ,не се скапи и ми се допаѓа моделот ама незнам за квалитет,што мислите вие
Хм, кавлитет нема баш. new yorker ти е продавница со квалитет како Теранова, нешто слично, па заклучи коклу може да бидат квалитетни. Имам купувано од new yorker од странство и не се ништо особено. Незнам за кои чизми поточно збориш, ама единствени што изгледаат на покавлитетни се оние како мартинки, со врвки. Другите немаат ниту нормален ѓон , ниту добра изработка. јас сеа скоро си купив од таму од тие ниските кафеави и многу брзо почнаа да се лупат. А нема ни 1 месец?! Ако сакаш стварно квалитетни чизми, искрено те советувам да си побараш кожни, независно каде.
^За тие со врвките прашував старфиш,инаку да,и јас добив впечаток дека е бренд како тера нова се гледа дека не е нешто посебно ама дека се нов бренд кај нас па не бев сигурна...ќе си побарам јас чизми на проверени места
а оние над колена сто се ама да се на мала штикличка и оваа сезона ќе се хит сакам такви видел некој разгледал каде како што има ама да не се мн солени поздравп.с во газела има само уникати бројчиња 35 36ка слабо стојат со бројчиња а на секој пар нешто му фали или е скината едната или е различен број левата од десната отвараат повеќе работа отпосле да се носат на чевлар и така
Беатрис а во која газела беше? Јас живеам во Аеродром и ако има во близина да проверам, зошто и така носам мал број. И дали се квалитетни чизмите? Инаку видов во New Yorker црни високи не се на штикла , ама нема веќе броеви ни таму. На друго место немам видено. Е тие со врвките се нешто поквалитетни, барем така личат. Ама пак ти кажувам, сигурно си е сигурно
Беатрис а во која газела беше? Јас живеам во Аеродром и ако има во близина да проверам, зошто и така носам мал број. И дали се квалитетни чизмите? Инаку видов во New Yorker црни високи не се на штикла , ама нема веќе броеви ни таму. На друго место немам видено. Кај прв центар, или пак карси Тедико исто ти е, има газела. Чизмите се многу квалитетни, само ако планираш да купуваш оди побрзо бидејќи се трошат многу. Иначе имаше многу слатки 36
Сакам ниски скроз рамни чизмички може да се високи до глужд или до под колено или над коленото сеедно бојата да им биде кафена,црна или сива..и да немаат некоја астрономска цена (до 2500-3000ден) очајно барам некои вакви и да се квалитетни па ако видела некоја од вас можеби ке сака да ми помогне да си најдам.ви благодарам однапред девојкиии