Јас пред некој ден си земав вакви слични чизми,само долу се скрос рамни,а ремчето им е погоре,и немаат врвци.Имаат страничен патент.Многу си ги сакам,уште малку и ќе почнам да ги носам
Извини сега видов дека си пишала. Газела се наоѓа во Аеродром, карши Бисер во тоа едно мало центарче. Има и Тедико карши Газела ако ти помага да се снајдеш
имам купено од пеко пред 2години и ми пропустаа на дозд а не па на снег сега септември си купив од бата 3000ден и се многу слатки ги носев 2-3пати не ми пропустаа а сега треба снегот да го чекаме и да видиме
Бата има фантастични чизми. Лани чекав едни на попуст и таман дојдоа до 3000 и имаше мој број и пробувам арно ама беа фалс, имаше зезнато на петата и баталив, џабе чекање Оваа година некако ми се обични чизмите а и скапи eдни убави 6500 беа а на интернет 85 евра. Кратки или долги се тие 3000? Да знам да ги барам дека секој ден сум у Соравија, да проверам! Јас сакам повисоки, кратки имам.
Биле татко ми во странство работи во војска и на нив дали бесплатно или дел плаќаат не знам . Зошто овде ако ми ги носат поскапо од чизмите ќе ме фати
Аааааа Добро добро. А каде во странство ако не е тајна ? Пошо уште нешто да те прашам сакам, па ако нејќеш тука да пишеш пиши ми порака.
А од кај ги нарача на интернет? некако убави се Ја си купив чизми црни преубави од Скопје онака као повекенаменски се, со превиткување и самата чизма се витка така да ако ги симнам нај, се повеке под колена а ако ги кренам се до колена а ако го кренам и превитканото можат да бидат и над колена за со минич или нешо такво... супер се онака ептен мала рамна штиклица имаат,не е штикла тоа,само подигнато е... е сеа тешете ме луге,почнав да се каам малце шо ги земав пошо беа 7000 незнам а и продавачката ме убедуваше,убави биле,ти си висока имаш нога можеш да ги носиш,супер стојат...не дека тоа не е вистина, али почнав да си викам дека ке најдев слични такви за многу поефтино кажете нешто феминки,помогнете ми, жива се изедов за ова...
Јас минатата година си земав едни 1800 ден ги отепав носење и што е најважно не ми пропуштија ни на дожд ни на снег. Се уште се во добра форма па ако не најдам годинава ефтинки и убавки не планирам да си купам Многу пари не расфрлам, а еве и читајќи ве вас гледам дека и скапото не е квалитетно (понекогаш)
Нејм , ако ти се убави и мислиш дека добро ти стојат тогаш нема зошто да ти е жал Дека има ефтини , до кај 4 илјади има
Преубави се,црни,со ниска штикла... не е каењето дека не се убави туку што ги купив толку скапо..можев да земам 2 пара од по 3 500,дури и повеке ако беа поефтини.. оф лелеее ај памет за друг пат..сеа тоа е шо е..ке ги утепам од носење,а за др пат си реков ништо нема да купам толку скапо..
Сега за викендот (не овој тој што доаѓа) ќе одам во потрага кон чизми. Ми рекоа дека во Буњаковец имало избор, но ќе видам. Ако купила некоја нека каже од каде, какви, колку пари и то.