стварно има избор на убави и квалитетни чизми, ама мн скапи има и такви јас како што сакам планирам да разгледам деновиве што како се со цени па ќе ви пишам ако ве интересира
Еве ги едните како гантени и другите. Убаво ми дојде темава за совет. Вака сакам да си земам чизмички и бендисав едни од Ба-ма. Ист модел ама едните како гантени беа а другите како незнам како се вика материјалот како "кожа де". Не сакам да ми пропуштаат вода, тоа ми е најбитно да можам да ги носам периодов.. Ако имал некој искуство со нивни чизми нека сподели зошто незнам кои би биле подобри да ги земам
Palladium и француските Kickers според мене имаат најдобри чевли кај нас. Првите се онака баш за во зима, водоотпорни, удобни за нога, вториве чиста кожа, европско производство. Си држат цена, ама вредат. Памс во Карпош 4 исто имаат добри чевли/чизми. Нема којзнае какви модели, ама ги топлат нозете и материјалите се со повисок квалитет.
Имам зимски кратки чизми баш со ваква боја па сакам да прашам дали би ги носеле.. да не е многу нападна бојата или воопшто да не е ин ?
Да , би ги носела , зашто да не мене не ми се допаѓа само она класичното , црни чизми или кафени чизми , сите бои би ги носела секако во склоп на облеката да е , плус ако имаш некоја чантичка во иста боја супер
Дајте идеја какви чизми да земам, само да не бидат УГГ, кожни или крзнени (со вистинско крзно/кожа) и да не бидат кич или со премногу бои.
@Papillon.Papi, мој предлог: http://www.pullandbear.com/mk/en/footwear/boots-and-ankle-boots-c669503.html#/6269537/ZIP-UP BOOTS или во црна варијанта: http://www.pullandbear.com/mk/en/footwear/boots-and-ankle-boots-c669503.html#/6269538/ZIP-UP BOOTS Полиуретан, ќе ги убиеш од носење и пак како нови ќе ти изгледаат. Башка, материјалов не пропушта вода.
Девојки, од кој дуќан во Кисела вода (т.е. кај Рампа) сте задоволни за чевли, или општо. Сакам да си купам некои чизмички до глужд а не ми се даваат многу пари па дали воопшто да одам таму...
Како сте задоволни од Biana чизмичките? И како им се движат цените? Во различни продавници има различни цени за ист производ. Ми треба некои за секој ден без штикли.
Здраво, сакав да ве прашам како сте задоволни од чизмите во Бершка. Досега немам купувано чизми од таму па затоа сакав да прашам да не дадам 2000 за дџабе да ги фрлам одма. http://www.bershka.com/mk/shoes/woman-/all/bsk-lace-up-heeled-ankle-boots-c1417516p6159220.html Конкретно за овие чизмички се работи. Фала однапред.
Продавничката Кронос - имаат најубави модели а и многу им се квалитетни чизмите , лани втор пат по ред купив чизми од таму , првите ги носев 6 години и не протекуваа ни на снег ни на дожд, а исто и овие лани што ги земав воопшто не протекуваат , презадоволна сум
можеби ти е доцна за овој одговор, но јас да си кажам Чизмите од Бершка за суво време се топ, врв.. Но, ако планираш да ги носиш на дожд и на снег ( претпоставувам дека ќе ги носиш,бидејќи такво време доаѓа ) , тогаш потражи на друго место, овие не се идеален избор. Тоа е мое мислење, базирано на 2-3 пара чизми што сум ги имала од таму
А кажи ми каде е продавницата ? Сакам вакви како вторите такви тесни повисоки над коленици ама незнам каде нема секаде се се некои широки... и колку пари се знаеш ?