Здраво, Дали некој има искуство со Nordwox чизмите од Ананас, дали се квалитетни и дали бројчињата се реални, или треба да се земе помалиот/ поголемиот број? Фала
Дали некој ги има овие чизми од биана,како стојат и дали лесно се облекуваат? Имаат дополнителен попуст на онлајн страната па се мислам дали да нарачам
Дали некоја ги има овие чизми од зара? Ме интересира дали се удобни и дали одговараат за малце пошироко стапало
Јас имам едни благо шпиц чизми и балетанки од Биана, и не ми се баш удобни, а се што имам од Биана ми е ептен удобно дури и штиклите кои немаат вака шпиц. Кажав веќе не земам вакви што се напред. Многу притискаат на палецот. Една година мака мачев со него.Сега скоро и да не ги носам страв ми е пак да не ми се воспали од тесно што притиска. Најдобро пробај си ама јас не би земала, можеби до мојата нога е, мене ми се неудобни.
Јас си ги земав за black friday, заљубена сум ги облеков прв пат дури сега чекав да намалат дождовите и снеговите, материјалот е за суво време не е за во водено. Мене ми се ептен удобни и лесни, штиклата не е воопшто висока и не боли стапалото.. Е сега јас имам мала нога носам 36, и имам малце широко стапало, ги носам со тенки чорапи.. Би ти препорачала да си пробаш оти мене 36 ми се кнап, пошто се напред шпицести да не ти прават проблем да ти ги стегат прстите. Затоа пробај си најубо да си го погодиш бројот оти има разлика формата на стапалото, инаку се
И мене ептен ми се свиѓаат ама не сум од Ск не можам да пробам, треба да нарачам па ако не ми е точен бројот да ги враќам, а и ги нема веќе на залиха баш ми е мака оддамна ми се свиѓаат ептен се убави
Предложете ми каде да купам ,по можност да се проба убави зимски чизми што топлат и не пропуштаат вода?
На Бјана ниедни не пропуштаат, барем кај мене сите се топ, имам некои и по 10 години не мрдаат. Зависи какви сакаш поспортски или елегантни. Види кај нив на страната имаат сега попуст.
Баш овие ги немам и јас ги меркав ама од нив нема да зажалиш. Плус се наогаат сега на попуст многу модели по пристојна цена само бројче да има.
Исто заборавив да кажам и во Албатрос на фб кожени има по доста пристојни цени и во Никелс со крзно природно и кожа за 2000 ден. А читам од Никелс има доста задоволни.
Од биана што ги купив лани во снегот зимава ми пропуштија вода за 15 минути на снег. Според мене какви и да се чизми од модерните пропуштаат вода и не топлат доволно на снег и вода. Мене добро ми се покажаа водоотпорни чизми од Тушевски. На снегот зимава ги ставив после 5 години и супер беа. Не се лизгаат и не пропуштаат вода. Цената им е одлична за квалитетот. Ги има во Куманово затоа што таму се произведуваат и во Степ во Битола (од таму ги купувам).