1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Cокови во блендер (Smoothies)

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од wolf4e, 15 ноември 2011.

  1. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Hе видов дека има ваква тема,ако има избришете ја :$
    Cакав да споделам некои одлични рецепти за сокови,иако повеке се како освежителни пијалоци или пак како одличен појадок за енергија :D

    Hекогаш од сабајле си правам,доколку имам се потребно в фрижидер,и ми даваат супер енергија и доста ме полнат.

    Eве некои :wasntme:
    Банана и Jаготки
    1 банана исечкана
    85 г јагоди
    150 гр јогурт со намалена масленост

    Cе мешаат сите заедно и тоа е се :)

    Banana Breakfast Shake
    2 излупени банани
    200 мл јогурт со нам.масл
    125 мл млеко со нам.масл
    1 лажичка ванила есенс
    2 лажилки мед за декорација


    Cе мешаат бананата,јогуртот,млекото и ванилата есенсот во блендер додека се измазни смесата.
    Cе додава мед на крај за декорација


    Kајсија и Портокал
    250 мл зовриена вода
    125 г суви кајсии
    сок од портокал исцеден или купен
    2 лажички јогурт
    1 лажица кафеав шекер

    Cе ставаат кајсиите во длабок сад и се додава зовриената вода врз нив.
    Cе оставаат така преку нок.
    Hаредното утро ставете ги кајсиите и нивната вода во бледерот се додека смесата не се соедини,додајте го сокот од портокал и бледнирајте додека се искомбинираат смесите.
    Cе додаваат во чаши ниски и на врвот ставаме 1 лажичка јогурт и малку шекер,се сервираат веднаш 8)

    Cе надевам ви се допага темава,не знам само преводот е за сокови,шејкови или каши не можев речник да го најдам :wasntme:

    Oд како ги пијам овие пијалаци мене веднаш ме прочистуваат и преубави ми се и сакав да ги споделам со вас :wasntme:

    Aко знаете рецепт пишувајте :*
     
    На Broken♡, CarrieBradshow, Osamena devojka и 4 други им се допаѓа ова.
  2. MiiLla

    MiiLla Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    53
    :clap: за темава, јас секојденвно го практикувам следниов шејк да речам
    1 банана
    1 чаша млеко и
    5 лажички бенквик.
    Ммммм вкусно и хранливо како за мене така и за бебушот :)
     
    На Osamena devojka и wolf4e им се допаѓа ова.
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Обожавам smothies.
    Во домашни услови кога правам, обично го правам од манго, банана и јагоди, најбитна работа е да биде малку смрзнато овошјето за да се добие густината потребна за smoothie, малку млеко и мед(некогаш додавам некогаш не обично мангото е доволно благо па нема потреба од додатен засладувач).
    Надвор најубави ми се во KFC и Starbucks.
    [​IMG]
    [​IMG]
    Овие ги пробав пред некој ден и ептен ми се допаднаа.
    [​IMG]
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Ова не му иде нешто како милкшејк ?? :?:

    Јас не сум сретнала вакви досега кај нас, сигурно ќе дојдат за 10тина години, овие готовиве за купување. :D Ах, зини Земјо голтни ме како сок, и плукни ме некаде далеку. А не е лоша идејата да се направат домашни во блендер, баш ме бендисаа рецептите и сакам да ги пробам.

    Ако знаете уште вакви рецепти, волфче и битер, плиз ставајте.
    Просветлете ме мене и другите. :D
     
  5. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Bчера го пробав ова и беше превкусно,и тоа 2 пати направив :$

    Blueberry Thrill
    100мл јогурт
    100мл вода
    125г замрзнати боровинки

    и Hеколку боровинки за украсување на врвот


    Cамо се мешаат и тоа е се,колку се освежителни,на лето само ова ме освежува :)
     
    На Osamena devojka, buba4e89 и mims-89 им се допаѓа ова.
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.900
    Допаѓања:
    103.031
    Пол:
    Женски
    Јас често си приготвувам а и на керка ми и правам мммм
    инаку ставам јогурт/млеко во миксер и овошје по желба , јагоди , праски , боровинки , јаболко итн..
     
  7. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Практикувам колку што можам почесто да пијам вакви сокови,и од што и да правам секогаш додавам малку мед и лимон. :)
     

    Прикачени фајлови:

    • Smoothie1.jpg
      Smoothie1.jpg
      Големина на фајлот:
      216,1 KB
      Прегледи:
      895
  8. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.639
    Допаѓања:
    240
    Пол:
    Женски
    Hекогаш од сабајле си правам,доколку имам се потребно в фрижидер.
     
  9. stefiy

    stefiy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    71
    Јас правев ама сеа ги заборавив пак ке си правам дајте некои други рецепти со овошјето што го има сеа овој период :rofl:
     
  10. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    1 портокал
    1 банана
    1 овошен јогурт
    малце мента
    50-100 мл.сок од портокал без шеќер
    се во блендер,цевка една на висока чаша и уживајте :inlove:


    4 киви
    100 мл.сок од боровница(или конзерва компот од мешано овошје 100 мл)
    1 мандарина
    2 бисквити
    малце арома-лимета
    во блендр и нјам,нјам :inlove:
     
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Јас сега за сега пошто тазе ми е блендерот,правам лесни комбинации -ко за почетник :lol: значи портокали со лимони,јаболко со киви,портокал и киви и додавам мед.Шеќер не ставам.
    Така да да ја освежиме темата,од мерак ми се експериментира :P
    Инаку земавме ваков блендер,Беко,со две брзини,собира 1л и 750,2200ден во Нептун.
    [​IMG]
     
  12. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Нели денот, по утрото се познава? Епа дозволете си секое утро да ви почне со чаша здравје, енергија и имунтитет.Звучам како од некоја реклама нели? :lol:
    Смутите се многу здрави пијалоци кои го прочистуваат организмот од токсини, ви даваат енергија и го креваат имунолошкиот систем.Тие се права витамнска бомба за организмот. :wasntme:
    Потребни реквизити блендер и било какво овошје, зеленчук и јактаски плодови.
    Дозволете си за викедите барем или еднаш во неделата до 4-5 сат од кога ке си направите литро да не јадете ништо или може само овошје,освен нели што ке пиете и многу вода за да се направи убава детоксикација.
    Знаеме во какво време живееме и индустирската храна скоро и е невоможно целосно да се избегне, затоа ако успеете да стекните навика секое утро да го почнувате на ваков начин сте завршиле голема работа за вашиот организам.
    Највеке се препорачуваат тие на зелена база што се(видете подолу слика од пирамидата_ова се по ново пирамидите на здрава храна)


    Еве со нашето утринско

    *Еден портокал
    *Еден лимон
    *Една киви
    *7-8 листови спанак(секогаш гледајте да содржат зелени листови, дали спанак, кале, рокула)
    *Неколку замрзнати зрна аронија
    *Една банана(да неутрализира вкус)
    *Една лажичка ленено семе
    И вода по желба, јас го полнам до литро, торојца сме.
    И денес по инцијатива на мм додадов лажица мед да го неутрализира вкустот, гледајте да не преферирате зошто медот ипак соджи шекер.


    Морав да направам измени,јас во рецепти барав никаде немаше ваква тема, но да ја има во во храна и пијалоци
    И уште еден едит, правите смутис во себе не содржат млеко и јогурти(тие се милкшејкови) треба да се врз база на овошје, зеленчук и вода.
     

    Прикачени фајлови:

    На mims-89, Annath и eli25 им се допаѓа ова.
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    мммммммммммммммм....обожавам!
     
  14. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    4 големи моркови
    1 банана
    1 портокал
    1л. ленено семе
    малку сушено грозје и вода


     

    Прикачени фајлови:

    • DSC01255.jpg
      DSC01255.jpg
      Големина на фајлот:
      212,8 KB
      Прегледи:
      590
    На Osamena devojka, Tajnaotrovna, XMaN и 2 други им се допаѓа ова.
  15. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Роднините наши купија блендер од топ шоп и си реков ај ќе идам да пробам што чудо е.
    Јас искрено бев презадоволна,немам коментари.Па сега размислуваме со моите стариот да си го замениме со нов таков. :)
     
  16. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Секогаш кога ќе станам, прво си цедам сок. Највкусен ми е од банана, јаболко и портокал.
     
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Smoothie од јагоди
    Потребно ви е-
    180мл млеко
    1 банана
    1 рака јаготки
    1 киви
    Коцки мраз
    Превкусно е,само мене ми беа малку кисели јагодите ,кога ќе најдам позрели ќе биде уште подобро :)

    Еве уште еден рецепт(непроверен) но следен на листата за правење изгледа вкусно :)

    Крем банана Smoothie
    3 замрзнати и излупени банани, исечени на коцки
    2 полни лажици чоколаден сируп
    200 мл јогурт
    100 мл млеко
    семки од лен (по желба)
    1 лажиче еспресо (по желба)
    И коцки мраз по желба

    Уште да ве прашам каков е тој чоколаден сируп?
     
  18. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Денес само што си го испив утринското,прво смуди за денеска.Еве рецепта,совршено е,за после утрински тренинг посебно.
    Потребни состојки:
    -1/3 банана
    -100-150 мл. млеко
    -1 лажичка какао
    -1 лажичка шејк од јагода (во прав)
    Во блендер измиксајте ја бананата претходно исечена на парчиња.Кога ќе биде совршено измиксана додајте го млекото,какаото и шејкот.Блендирајте додека не добиете хомогена смеса.Потоа пресипете го во шејкер и оладете го во фрижидер.Пријатно! :)
    Јас го направив,го ставив во фрижидер и додека се истуширав и средив ми беше супер оладено! :)
    Денес си се резервирав само за смуди,така да и ра ручек,попосле ќе правам уште некое...Да најдам само рецепта некоја... :)
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Ако сакате здрав, нискокалоричен и енергичен смути, не употребувајте мелко и јогурт, ни шеќер ни мед.
    Сварете овесни снеглуки, за 5 минути се варат со малку вода колку да ги покрие снегулките, тие ќе ја упијат водата и ќе омекнат. Потоа ставете ги во блендер, додадете си овошје по желба и убаво е да си додадете семиња. Одлична замена за оброк е, ако го испиете наутро ќе имате повеќер енергија и нема да ви се јаде се до ручек.
    Може да се додаваат и бадеми, лешници, ореви...
     
    На Tajnaotrovna, A-j-a, jasBia и 4 други им се допаѓа ова.
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Варен интегрален ориз + суво грозје + банана + ленено семе и се додава вода по желба ако сакате да ви биде по течно, јас го сакам по густо па освен водата која ја упил оризот не додавам екстра вода.Ко бебешка кашичка е, се јаде наутро и нема да почувствувате глад до ручек. Мене ме држи околу 6 саати и дава енергија! :)