Dali so racen blender moze da se izmiksa koj probal? Vikendov ke bidam na brod pa da znam dali moze da se natovaram so ovosje?
Мене ми се омилени оние со банана, па дури и само банана и млеко да е. Еве неколку : 1.Банана и аронија -1 Банана -Аронија неколку зрна (смрзната) -2-3 лажици овесни снегулки -чиа семки - млеко (по желба може и мраз) 2. Морков и јаболки - 1 поголем морков или 2-3 помали - 1 јаболко - вода
1. - Јаболко - Лимета / Лимон/ Портокал ( зависно што имам дома) - Киви 2. - Јаболко - Ананас - Спанаќ 3. - Портокал - Морков - Ѓумбир 4. - Банана - Бобинки 5. - Банана - Цвекло - Бобинки Сите со вода.
Банана, малини, протеин, путер од кикирики, цимет, ванила, чиа и ленено семе и вода Јагоди, малини, аронија и вишни со протеин и вода Банана, какао, овесни снегулки, чиа и ленено семе и вода Малини, протеин и кокосово млеко Ананас, свеж спанаќ, ѓумбир, целер и вода
И вкусно е? Неодамна почнав да конзумирам аронија и ја сакам исклучиво блендирана со банана и павлака, ама немам и со мед пробано.
И јас од неодамна ја конзумирам затоа што е добра за крвта, но исклучиво блендирана, инаку не ја можам па со што и да е Инаку малку мед ставив само и ок беше, кога ја блендирам со банана или јаболко немам потреба од мед.
Јас покрај банана, ставам и павлака. Павлката многу прикрива непријатни вкусови. Свежи работи многу не јадам, па вака блендеров ми се најде.
Јас најчесто за наутро си правам со банана, млеко(или вода и малку млеко) и нес 3во1. Супер комбинација ми е
За една чаша смути: - 5 плодови замрзната аронија - 5 плодови замрзната вишна - 5 плодови замрзната јагода - 10 плодови замрзната малина - 1 замрзната банана - 1 мала лажица кокосово масло - пола чаша вода Ништо повеќе, ништо помалце, ништо замена, баш на овој начин за совршено освежувачко смути.