Изладен чај од брусница (наместо вода) замрзната аронија, 3 јагодки, една банана, и ленено семе и семе од тиква. Зачудувачки вкусно ммм
Компот од вишни,бисквити,овес,банани, сончоглед,чиа семе Јагоди,аронија,банана, сладолед јагода, вода,урми
Не знаев каде да напишам, некако оваа тема ми изгледа најсоодветна. Купив спирулина во прав, но не знам како да ја конзумирам, осовено за да се чувствува што помалку. И по колку се конзумира?
Во било кое смути направено во нутрибулет не се осеќа вкусот, ама сите ќе се зелени. Ако ја ставиш, на пр.во сок од јаболче, не се растопува баш, и се осеќа мнооогу. Инаку, мислам беше по едно кафено лажиче, наутро и навечер.
Еден рецепт од мене што го подготвувам деновиве: банана, пола зелено јаболко, две лажици аронија, две сливи, две китки магдонос, семки од сончоглед и тиква, ленено семе и вода.
На здравје моето прво смути од новиот блендер. 1 средно јаболко, 1 киви, две шаки грозје, едно мало лажиче мед и 1ипол чаша вода. Нова сум со ова ама со текот на времето ќе експериментирам со секакво овошје. Превкусно е вака.
1 банана,малку лешник, смрзната аронија и смрзнати јагоди, млеко, мед и понекогаш ставам 1-2 бисквитки или протеини во прав со вкус на ванила. Ја обожавам овас комбинација и внесувам се што мене ми треба (калциум, железо, протеини)