Си купив Нутри пред 2 дена и се чудам зошто не го земав уште поодамна. Преубава работа, ептен ме бендисува. За денес направив смути со киви и банана и превкусно испадна. Го испив инстант, штета не можам да го сликнам
Jas samo si pravam od 1 banana, 15 zrna aronija nekogas i poveke stavam i edna lazica golema visni.. E sega davajte predlozi za nesto drugo da probam, bez jogurti i takvi raboti... plus bremena sum, ne oijam nikavi vitamini a mi trebaat mnogu.... fala vi
Во последно време омилено ми е околу 20 листа спанаќ, пола банана, лажица семки од сончоглед и лажица мед.
Секое утро го започнувам со смути. Го правам чисто само со овошје, без додаток на млеко или јогурт. 1 до 2 банани ми е основата плус што имам дента од овошје дома. Особено вкусно и доста ме држи сита - банана, авокадо, портокал, киви. Најчесто правам банана, малини, аронија, овес, чиа и лен + јаболко/киви/круша/праски од компот + суви сливи/урми + цеден лимон/портокал + свеж спанаќ... Си комбинирам зависно шо имам. Утрово планирам банана, малини, киви и спанаќ
И јас секое утро го започнувам со смути. Ги преферирам овошните. Денешното: 1 банана 3 кајсии 1 лажица аронија 1 лажица маџун. Вода отприлика ставам.
Сабајлево си направив од банана, јагода и ананас. Смуди не се прави со јогурти, млека, евентуално растително млеко, ама кога додаваш тоа веќе е шејк, не е смуди. Мене ми е омилено со јагоди и ананас, бананата ми е стандард. Јас во смуди не сакам јаболко, ми го затемнува и ми го прави многу благо, не го сакам благо, го сакам покиселко.
Денешното: 1 банана 1 јаболко 1 лажица аронија Неколку зрна сува брусница 2 суви сливи 2 урми Вода. Малку поблаго беше од вообичаено, но вкусно.
Денешното: 1 банана 1 праска 2 модри сливи 1 лажица аронија Боровинки 1 лажица маџун Цеден сок од половина лимон и 1 мандарина Малку вода. Вкусно и освежително.
Убава комбинација ми е со праска, банана, кајсија, цеден портокал, малку вода, а може и уште нешто по вкус.
Моите омилени рецепти: 1. банана, аронија, малини, вишни + семки од тиква, ленено семе итн. 2. банана, спанаќ, јаболко + малку млеко + семки
За шејк (ако веќе ставаш млеко), добра комбинација е и банана, млеко, авокадо, некое суво овошје (јас ставам смоква), чиа семе и ореви или лешници.
Мојот омилен: банана, праска, јагоди, малини, аронија и ѓумбир во прав. Истово може и со млеко, место вода, со тоа што подобро и од купечки овошен јогурт му доаѓа, а и премногу држи ситост.
Банана, круша, 330ml бадемово млеко, една мала лажица сончоглед, една лажица овес и протеин со вкус на ванила и кокос