Моментално појадуваме со синчето. Банани, авокадо, цедени мандарини, замрзнати малини и аронија. Превкусно.
Во што го правиш? Нутрибулет или обичен блендер? Дали додаваш вода, млеко или јогурт? Досега немам правено смути па баш ме интересира ми изгледаат превкусно па да пробам
Имам и рачен и обичен, кога правам помала количина со рачен ми е побрзо. Во овој конкретно имав една банана, 5-6 киви и неколку суви сливи киснати во вода, отприлика еден филџан вода. Не мешам со јогурт и млеко, цедам портокал или мандарина, ако имам јаболко тоа е доволно сочно, јас густо смути сакам. Често додавам и овесни пахулица и чиа семе. Пробај, комбинирај, експериментирај, ќе најдеш омилена комбинација
Омилено - портокал, лимон, нане и ѓумбир Денес пиев од јаболка портокал и малку морков. Освежително, вкусно . Банана киви и 1 лажица мед е исто
Замрзнати вишни, замрзнати јагоди и замрзната аронија, 1 или 2 банани кој колку сака. Јогурт по желба
Банана, аронија, малини, јаболко, јогурт, бадеми и чиа семе. Моево во форма на каша ама одличен избор за лесен и витамински доручек