Јас практикувам морков праска и ананас и е многу вкусно...исто така и јас додавам малку мед или цимет почесто мед инаку обожавам вакви сокови <3
Не најдов тема само за блендер па викам ај тука ке си прашам... да не знае некој колку W треба да биде блендерот за да дроби и лед, и дали оној обичен слаб блендер за овошје само што е може лесно да дроби и сецка јаткасти производи ? Сакам некој блендер да си земам не многу скап, но да не е и многу слаб ?
Скоро еден месец пијам Smoothiе секое утро.Комбинирам разни видови на овошје и по некој зеленчук,во зависност што имам дома во моментот. Денеска ми е дитокс деј така да цел ден сум на smoothie Сабајле го направив со портокал,јаболко,банана,свеж ѓумбир,аронија,ленено семе и една чаша вода.Вториот ми беше со морков,цвекло,портокал,јаболко и секако вода. Кога го пијам на сабајле обавезно додавам парче свеж ѓумбир. Дава енергија,хранливо е,полно витамини и доста заситува :up:
Ах ги обожавам во секакви вкусови Дома сеуште си немам купено блендер, а оддамна се канам, ама не ја испуштам можноста да си порачам во кафуле.
Си купивме нов блендер , така да сега започнуваме со пиење на здрави напитоци. Ве молам кажете ми некои линкови од веб-страни каде можам да најдам рецепти за smoothies. Редовно пиеме цедени сокови, но никогаш smoothies немам правено, па не знам како се прават - не знам комбинации на овошја и зеленчук.
Дали некој го има блендерот од топ-шоп го гледав пред некој ден на реклама дали е таков како то го представуваат?
Немојте да ми се смеете на прашањево ама не ми е јасно лимонот и портокалот со лушпата ли ги ставате зашто нели има доста витамини во нив? Во план сум да си купам па собирам прво рецепти . И кои овошја би мошеле да идат внатре со се лушпа?
Mac ако лимонот и портокалите не се од органско потекло т.е се прскани, не е препорачливо со кора да ги ставаш. Дури и да се еко/био ќе горчи сомелената кора од цитруси. Затоа пак, до мила волја може да ставаш: јаболко, круши, праски, кајсии, шумско овошје (пр. боровинки, јагоди, малини) и тн... Од моќноста на блендерот зависи дали и колкави парченца од лушпите на овие овошја ќе останат во смутито. Затоа ако си во можност инвестирај во солиден блендер (со голема моќност), па ќе те служи со години. Во подготовката на smoothie има неколку основни правилa, но тие се повеќе за ориентација, отколку за стриктно следење : прво одбираш база (тоа е течноста што е основа на едно смути - вода, сок од портокал, јогурт), па потоа бираш овошје (банана, јаболко, малини, манго...што сакаш) и последно додаваш засладувач по желба , но немој шеќер (мед, агаве сируп, урми...) Инаку, ако англискиот не ти претставува проблем Pinterest е преполн со рецепти за smoothies, но искрено не ти ни требаат-импровизирај со продукти што ги имаш при рака. Еве еден пример и ако сакаш прескокни го зеленчукот.
Феминки јас само што си го направив моето прво смути и одма сум расположена да ја освежам темава Бидејки сум на почеток во бременост решив од сега секој ден наутро или навечер а можеби и двете да си пијам смути, нема нешто повкусно а и поздраво. Еве го и моето прво смути мене ми е превкусно па кој сака нека проба. - Банана - Замрзнати вишни - полен - јогурт сите состојки си ги мешате во блендер тоа веќе знаете и си уживате во вашата чаша полна со здравје ) јас од утре планирам секој деб по нов речепт да пробувам па ако знаете некој споделете
ммм ги обожавамм .. денес си направив едно. 1 портокал 2 мали киви 7-8 ливчиња спањак пола банана и ајт на здравје
Ние скоро си купивме бледер и уште се учам како што треба ама пробав смути да направам од јаболка и портокал и не ми се допаднаНе знам во што е грешката,можеби треба да се додаде уште нешто?И колкав треба да биде соодносот со вода?
@ceca-1 , сè зависи од блендерот - типот и моќноста.Не знам дали портокалот ти со сомелел убаво, ако не значи до блендерот е. Кога станува збор за смудис експериментирај. Банана, шумско смрзнато овошје, чиа, ленено семе, гоџи бобинки, урми, портокал или сок од портокал, овес... Мене блендерот ми се скрши. Сакам Нутрибулет, преубав е.
Ние пред еден месец купивме Нутри Булет, и за периодов маста му ја извадив. Секое утро правам по едно смути за маж ми, па покасно едно големо за мене и едно за синот.. Откога го купив дури ослабнав 2-3 килца пошто ме држи сита и доручкувам накај 12.. Инаку во секое мора да оди банана за текстурата да биде мазна, и обично ставам и јаболки, круши, киви, морков.. Од јатки и семенки користам индиски ореви, бадеми, ореви, лупен сончоглед, семки од тиква, сусам, чиа семе, ленено семе, гоџи бобинки, додавам лажичка кокосово масло, а на синот и живо јајце од препелица.. Инаку портокалите, цитроните и мандарините некако не ги меле убаво лушпите, тие ги цедам на цедалка и ги ставам во чашата со другите состојки пред да ги блендам.. Дефинитивно се навлеков ептен на сокчињава, ми е криво што порано не сум го земала апаратчево..
Портокал, лимон, мандарини, цитрони се што има така внатрешни лушпи не излегува убаво со Смути. Подобро исцеди го сокот па додај го во смутито или изеди си ги така. Вода немораш да додаваш, т.е. зависи ако сакаш да ти биде потечно можеш да додадеш. Пробај банана, јаболко, кива, јапонско јаболко, додај некои семиња, исцеден сок од горенаведените, бобинки, малини, капини, боровници, јагода, лубеница, папаја, манго, ананас, праска... Додај листови нане. Можеш да си правиш млеко, банана, бисквити... Со јогурт и некое овошје и семиња.
Јас најчесто со млеко го правам, како основа, зошто прво и основно ми го дава оној убав вкус кога ќе се измеша со овошјето.. и секако следи банана, кокос, сезонско овошје (јагоди, цреши, вишни, праски....), мед или како замена ставам путер од кикитритки. Зависно од располагање додавам и 2-3 реда чоколадо на крајот да го исецка ама сепак да останат крупни парченца. Или може чоколадни трошки на крај... малку калоричен смуди ама сепак е момент за уживање. Нели, треба да уживаме во храната и пијалоците што ги приготвуваме.
@Emma89, ова твоево е милк шејк, не е смути. Смутито во глобала не содржи ништо од животинско потекло. А чоколадо и путер од кикирики не се пожелни во смути, подобро стави какао и непечени кикирики, нема да биде поразлично. Мене основата најчесто ми е банана, додавам цеден сок од портокал/лимон/мандарина/цитрон (што имам во моментот), киви, бобичасто овошје (малина, капина, аронија), неколку листа спанаќ или блитва, малку кокосово масло, ленено семе, бадем или орев (непечени) и миксам. Ако е прегусто, го разредувам со вода, ама обично добива убава конзистенција на каша што може да се пие, или да се јаде со лажица, по желба.