Јас така си викам ајде да си пробам нешто по мое, и направив смуди од сусам, банана и од оние благите јаболки, и вкусот е прекрасен. Нема некоја мерка баш, мислам дека ставам една голема банана, 2 јаболки, и едно мало филџанче сомелен сусам, и малку вода и тоа е се
Ме насмеа и вака се живи, само на милион парчиња. Мое омилено е пола банана со неколку смрзнати јаготки, мраз, чиа семе и водичка. Не обожавам млеко да додавам.
Девојки не знаев каде да прашам па еве ме овде. Се двоумам дали да си купам Nutri Bulet или Power juicer.. Јас сум повеќе за првото зашто можам да додавам и јаткасти плодови, а освен тоа наместо сок добиваш густа каша со сите искористени хранливи материи. Ама кога велам каша не сум сигурна дали е вкусно за пиење.. Ве молам споделете искуства и мислења, морам да го имам вистинското нешто во кујна.
Nutribulet, дефинитивно. Се е до вкус, а ќе си ги пронајдеш совршените комбинации според твојот вкус.
Јас ги имам и двете. Вкусот зависи од тоа што ќе ставиш внатре. Нутри булетот го користам почесто затоа што е полесен за чистење, соковникот има повеќе делови и ми е замарање да го мијам. Се користи за различни работи, зависи за што ти треба
Зависи дали сакаш смуди или сок. Смудито е супер за зеленчук, од кој се добива помалку сок. Сепак, сокот oд џусерот е похранлив и содржи повеќе витамини. Во смудито треба да додадеш вода или друга течност, сокот ти е чисто овошје. Секое е за себе. Блендерот е добар за бебешки кашички и сосови, па има и друга намена. Сокче си е сокче, и не можеш да го добиеш во блендер. Блендерот е супер за банани во комбинација со бобинки и зеленило, соковникот е супер за јаболка, круши, портокали (овие не ги бива за во блендер) и секое друго овошје + некои зеленчуци. Така што, може и според вкус да одлучиш. Според мене, во кујна се потребни и двата апарати, само треба да одлучиш кој да го земеш прв. Јас одлучив прво за блендер, соковникот се’ уште чека на ред.
Црвче, мој совет е да си го земеш соковникот. А за блендер можеш да си купиш и некој поефтин. Немора баш нутри булет да е, сите иста работа вршат. Имаш ефтини блендери по продавниците за бела техника. Нутри булетот е доста скап, а сигурна сум дека врши работа ко било каков блендер Додека од Power juicer ја сум многу задоволна, сум имала и други соковници дома ама не ми биле баш нај нај, навистина е одличен соковникот и вреди за парите. Ако толку сакаш кашичка можеш во исцедениот сок да си додадеш семиња, житарици се што сакаш и да излешаш со лажиче, па ќе дојде слично.
И јас така мислев за блендерите, дека вршат иста работа, ама не е така. Немам Нутри Булет па не можам да кажам за него, ама ефтин блендер не произведува добар ефект. Смудито има парченца и воопшто не е мазно, како мармалад да пиеш. Квалитетен блендер (зборувам за оние со доста висока цена - Витамикс, Омнибленд, Бревил и слични) е практично неуништлив и прави скроз поинакво смуди од истите состојки. Ако е за секој ден, малку поголема инвестиција вреди. Според она што го читам од reviews и споредби, Нутри Булетот е супер за таа цена. Инаку @Црвче, на крајот се’ е работа на вкус. Смудито не мора ептен кашесто да го правиш, можеш да додаваш повеќе вода или бадемово млеко. Можеш да си ставаш и кокосово масло, мелено ленено семе, семки од коприва... сешто. Во смудито имаш хранливи влакна што те држат сит, во сокот имаш повеќе витамини. Што ти е подобро за пиење, тоа.
@LivingGlam јас го имам Меџик Булетот, го купив околу 4000 денари. Одличен е, Нутри Булетот е само нешто понапредна верзија но е доста поскап...
Рибизли, капинки, боровинки, малини - има да купиш замрзнати. Измешај се’, додај мед и кокосово масло, дополни со вода или бадемово млеко. Рибизлите никако да не ги испушташ, мислам дека тие го даваат најдобриот шмек во смуди. Ова ми е омиленото, зелените смудија ич не ги обожавам.
Такво и јас имам дома,значи не ми смрди само мене и затоа не го користев. Баш ќе го пробам ова. Фала на брзиот одговор.
@LivingGlam, @ph.orhideja за ова кокосово масло зборите? Јас редовно го купувам од ДМ, супер ми е, исто како тоа погоре на Биопланет. На тема - секое сабајле правам смути, неизоставен дел од денот ми е - за малиот задолжително, за нас кога како. Малиот дури е толку навикнат, што нема шанси ден да му почне без тоа. Две работи ги има секогаш во моето смути - банана и свежо цеден сок од портокал. Другите овошки/зеленнчуци варираат според сезоната. Повремено ставам и третина лажиче пченична трева во прав (пошто за мали не може ни цела лажичка според возраста), додавам и кокосово масло. Смутито го користам да му подметнам некои работи што вака никогаш не би ги изел/испил (пример, пробиотик,сируп со рибино масло, или пак домашните имуно бустери како мед со коприва или мед со синап и лимон).
Да @Annath, тоа ич не ми се допаѓа. Го користев за педикир зашто мирисот и вкусот ми беше многу лош. Од Биопланет и Кулау ми се скроз поинакви.