Јас немам приметено разлика со тоа на Биопланет, пошто го јадам така, со лажиче директ од тегла, исто ми е и на мирис и на вкус. А прилично сум терсене кога е тоа во прашање. Можеби ете сум имала среќа да ми се погодило. Инаку не купувам постојано исто - некогаш од Биопланет, некогаш од Биокосмос. Моментално го имам ова што го збориме, од ДМ го зедов.
Можеби го подобриле. Пред 2 години го имав купено тоа и уште еднаш не ми падна на памет. Или моето нешто не било во ред. Во секој случај, за стапалца беше супер. А во смуди кокосовото го обожавам, ми дава вкус на егзотичен коктел. Спојлер: Офтопик @Annath кога сме веќе кај кокосовото да те прашам. Што мислиш за онаа практика на 'плакнење' заби со кокосово? Наводно анти-бактериски делувало и спречувало наталожување на камен. Правев неколку пати и после тоа ми беше чудно, ко нечисти да ми се забите, иако ги миев после тоа.
Не сум пробала право да ти кажам. Јас го голтам директ, не го чувам во уста, не можам. А сум прочитала некаде дека е наводно антибактериско и дека е добро така да се држи во уста да се стопи. Реално, факт е дека кокосовото масло е добро, ама за ова не можам да тврдам дека е точно и дека го препорачувам, бидејќи не е научно докажано. Барем не сум читала статија што е поткрепена со резултати од такви конкретни испитувања
@Annath И мене ми стоеше подолго време маслото од Биокосмос,можеби затоа што и многу ретко го користев.Немам многу навика,ама знаејки е добро сакам пак да користам. Затоа прашувам какво да земам сега. Фала ти.
@Annath иако можеби не е најсоодветна темава ама спомна па ќе те прашам. Дали би сакала да ја напишеш точно содржинта/ рецептата на тие имуно-бустери што ги правиш? Барт ми (12 години) е многу проблематичен на вакви периоди кога има нагли промени на времето и нон стоп е настинат, слаб му е општо имунитетот. Ако не се некои гадни на вкус, баш би сакала да го натерам да почне да ги зима.
@simoncelicius, ќе ти пишам два рецепти. Првиот е баш за имунитет и оди вака: 7 лажици мелено семе од коприва 7 лажици мелен сусам 3 лажици мелено ленено семе лажиче куркума 25 гр прополис пакетче цимет една тегла мед. Сето ова убаво се меша и насабајле се јаде по една лажица. Убав вкус има. Вториов рецепт е за искашлување, ама добро е и како лек за настинки. Половина тегла мед 2 лажици мелено ленено семе Лажица мелен синап Сок од еден лимон Се меша и се чува во фрижидер, исто насабајле по една лажица. Ова е повкусно од првото. Сите состојки може да ги најдеш во продавници за здрава храна, таму и ќе ти сомелат. Прополис од некој што прави мед, или од аптека. И се разбира, овие имунобустери се само за оние кои не се алергични на мед и производи од мед.
Најчесто си правам од замрзнати смокви, банана и малку вода, смоква и круша. Еве сега имам направено со банана, круша и неколку ореви.
Секој ден правам во нутрибулет, секогаш ми се наоѓа по нешто да искомбинирам. Основата ми е најчесто банана и јаболко, или портокал и јаболко, а другото го менувам, јагоди, брусница, круша, морков... имам залихи од шумски овошја во замрзнувач
Откако купивме дома Нутри булет денот не ми почнува без сок.Што има дома од тоа правам,обично од спанаќ, јаболко и портокал.Денеска направив од аронија, мандарина, портокал, спанаќ, цитрон, јаболко и мед...превкусно ми излезе. Си правам и кобинации со банана, млеко, овесни снегулки и соино млеко, а кога имам и путер од кикирики си додадам. Значи Нутри булетот вреди за секој денар, презадоволна сум, како ги ситни состојките, сокот потсетува скоро како на оној од соковник, ако додадеш малку повеке вода.Сум користела и други блендери, но на Нутри му нема рамен, топло го препорачувам на оние што сакаат да инвестираат во блендер.
Јас не го користам многу блендерот (нутрибулет имам) и ме интересира дали ќе има проблем ако на пример не ставам вода или било која течност туку само овошјето па да добијам како каша? Мајка ми инсистира вода да ставам, а мене со вода ми е одвратно. Узпат дали имате некои убави сокови кои ги правите па би можела да ги пробам? Периодов имам залиха овошје а не сум продуктивна да напрам нешто слатко за јадење па барем да се има за пиење.
Последниве месеци скоро секој ден ми заменува доручек (го пијам околу 9 и ме држи до 14 часот) Секој ден имам различни комбинации ама во принцип еве што ставам 100-150 гр блитва/спанаќ/цвекло или авокадо пола банана или рака малини или капини 10-15 зрна аронија отсекувам од свеж ѓумбир околу 2 сантима лажица мелено ленено или чиа семе лажиче цимет, лажиче куркума, лажиче какао околу 100 мл јогурт и 50 мл вода лажиче мед или 2 урми Енергетска бомба полна со витамини и минерали.
Имaм прaшaње дo вaс штo имaте блендери.Се мислaм дaли дa купaм нутрибулет или друг блендер...дa ми пoмoгнете дaли вреди нутрибулетoт зa пaрите или некoј сoвет зa блендер дo кaј 4000? Не знaм дaли имa гoлемa рaзликa бидејќи не сум имaлa блендер дo сегa.Пa aкo мoже некoј дa спoдели искуствo
Филипс и Тефал се океј. Резултатот е ист со Нутрибулет. Предноста на Филипс е што можеш за цело семејство наеднаш да го направиш смудито, не правиш чаша по чаша. Пак излегува прегусто смудито и не се блендира скроз мазно, ама за цената тоа е. Со Нутрибулет не добиваш ништо повеќе. https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=30_125_33&product_id=215184 https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=30_125_33&product_id=216835
И јас се двоумам.Денес го гледав Нутрибулетот и се повеќе сум за него.Како додаток има плус две чашки,во кои би им праќала на децата за во школо.Има плус и мелница за кафе,мак,шеќер кој го ситни во прав.Мислам на тој кој е 7000 ден. Некаков мора да купам.Стар ми е и соковникот.
Ја соткако го купив нутрибулетот не поминуваат повеќе од 3 дена а да не го искористам. За да не биде толку гусо треба само да се стави повеќе вода, со овошје да се полни малце под линијата, а со вода до линијата Али после неколку пати фаќаш ритам. Таму ставам работи што инаку немам навика да ги конзумирам, на пр. спанаќ, морков, цвекло, јаболка... Го имам и Пауер џусерот, али откако го купив овој тој буквално го баталив. Доброто е што е многу брзо, нема отпад и мене лично што ми е битно е што лесно се мие. Буквално за 5 мин правиш 4 чаши сок.