Незнам дали ќе ви биде ова чудно, ама се што имам дома, се ставам во смути. Моментално, секое утро си пијам смути со 1 банана, неколку ливчиња спанаќ, 2 мандарини, малку цимет, ептен малце млеко или вода, и готово. Многу енергија ми дава, незнам дали од плус што ставив спанаќ. И не се плашете од спанаќот, ако мислете дека така ќе ви биде вкусот, туку напротив, само има зелена боја, друго ништо не се осеќа, а спанаќот е многу добар за нас.
Иста сум и јас. Се ставам што имам здраво и хранливо. Блитва спанаќ брокула, па тоа е најздраво. Овие есенскиве ми се омилени со крушка и јаболче , мх, мх, мх.
Денес правев со се што најдов (секогаш така правам), и пак ќе речам есенските се најдобри Банана, мандарина, јаболко, круша, блитва, брокула и семе од коприва....Здравје во чаша
Би сакала да ми дадете некои рецепти за смути со зеленчук. Ова е инаку чокосмути ама расположена сум и за смути со овошје.
@buba4e89 во секое смути без млеко основата ми е спанаќ или блитва, потоа ставам банана и/или авокадо за да има кремаста структура, па овошје по избор и на крајот семиња.Дополнувам со вода. Понекогаш заблажувам со мед или јаворов сируп во зависност какво овошје сум ставила. Кога правам смути со млеко, ретко ставам кравјо. Користам оризово, бадемово... На пример може да ставиш банана, неколку урми, 200 мл млеко, лажичка какао иии имаш здраво чоко- смути. Или: банана, млеко, замрзнат микс на шумско овошје и ванила. Конкретно, само од зеленчук правам сок, но не и смути. Ама провери на интернет сигурно има рецепти.
Иако имам рецепти од смуди не би користам ич... Си правам по мое, во смудито клавам се што имам дома.... И можам да поминам со 950мл чаша цел ден без да јадам... Банана, портокал, јаболко, лешник, компот од смокви, млеко, урми, спанаќ.... Некогаш сите, некогаш правам комбинации... Некогаш : јаболко, ,цвекло, портокал, лимон....
Некој рецепт за смути со кафе или какао? Инаку најчесто правам овошбо смути и ставам што ќе ми се најде дома, периодов банана, портокал, мандарина, јаболко...
Види во предходниот мој пост напишав еден рецепт со какао, може ќе ти се допадне. Лично, мене тоа ми е омилено смути со млеко. Инаку ако ставиш кафе, тоа повеќе на шејк ми личи. Сум правела со банана, млеко, попарено нескафе и топка сладолед. Многу е вкусно. Ако не ти иде сладолед на времево, можеш и без него. Или пак додај бисквити, ресана, плазма, крем банани или нешто такво. Малку (повеќе) калорично, ама сигурно ќе биде многу убаво. Не ми текнува нешто друго што би одело со кафе
Одкако го купив Делимано блендерот, неможам да си замислам да ми помине ден без smoothie. Едно од омилените: 1/2 чаша млеко 1 банана 1 дозерка гејнер од чоколадо Малку нутела, мед и кокос по избор 4 коцки мраз Еве на слика и други исто преубави смутиња.
Розево смути. Вкусот е изненадувачки добар. А да и ставив еден морков. Лутата пиперка дава посебен вкус.