Јас еве трет ден пијам смудиња, рецепти сама си праам Ден 1: - 1 банана - 1 јаболка - 1 кива - сок од 1 лимон и 1 портокал. Ден 2: - 1 банана - 2 помали моркови - 1 кива - сок од 1 лимон Ден 3: - 1 помало цвекло - 1 банана - сок од 1 лимон - 1 лаж леново семе Патем би побарала совети од @LivingGlam за комбинација на овошјето и зеленчукот, за семиња, знам дека се храни здраво и се разбира во ова
Убави ти се комбинациите. Јас јаболко, морков и цвекло не користам во смуди, а портокал само цеден. Ама тоа е бидејќи ми даваат многу густа структура, а го сакам поводлесто. Ти ставај си штом ти одат, супер. Можеш да си додаваш мелени бадеми, лешници, ленено семе, сурово какао (во продавници за здрава храна го има). Овие одат добро во комбинација со банани, јагоди, боровинки и рибизли. Лененото во се’ си оди. Мелено семе од коприва додавам во зелени смудија. Не се осеќа вкусот воопшто кога ќе се измеша. И никогаш не комбинирај зелено со црвено, се добива бла боја, да не кажам ко што. Во твоиве комбинации мислам ти фалат повеќе бобинки. Аронија, рибизли, малини, капини... Сите се многу здрави и ги има да купиш замрзнати (освен рибизли, тие не сум ги видела во маркет). И можеш да ги вметнеш во комбинацијата од ден 3 што ја имаш пишано погоре. За засладување, место мед (зашто ми се лепи на ножот) користам урми (свежи). Ги сецкам пред да ги ставам внатре, да му помогнам на блендерот. И супер вкус даваат. Супер е смуди само од банани, урми, мелени бадеми и бадемово млеко.
Здраво на сите најчесто од тука гледам рецепти за смути https://www.facebook.com/ILSmoothies/ или од нивната страна I Love Smoothies се надевам дека ќе ви биде од корист
1 банана 1л чиа семе 2 лажици оризово млеко со вкус на ванила вода може да се пие а може да потопите овесни снегулки во него,идеално за здрав доручек
Едно од омилените ми е еден морков и едно јаболко со малку цимет. Друго омилено ми е без вода, туку ставам една банана, неколку лисја спанаќ по вкус, една рака јаготки, лажица голема павлака и малку јогурт. Ништо друго не додавам.
Од како тетка ми се разболе нонстоп по дома смути им правам и секакви миксови измислив Мене најомилен микс ми е малини, помаранџа/мандарина, пола банана, манго, млеко од бадеми и малку мраз. Искрено јас вака посебно мерки немам, од рака како ми дојде си ставам. Ама преубави се и здрави пред се
Моето стандардно смути е: Пола банана, 2 големи лажици аронија, 3 големи лажици вишна, 4-5 малини, 4-5 јагоди, 1 мала лажица кокосово масло, околу 150 мл јогурт и вода зависно од густината која сакам да ја добијам. Ако дента немам јадено чиа, додавам 1 мала лажица. Најважно од се: сето овошје (и/или зеленчук) ЗАМРЗНУВАЈТЕ ГО. Нема друг начин да добиете толку добра текстура на смутито.
Bloody Mr. Right. Имaм стaвенo aрoнијa, јaгoди, цреши и кaјсии и пo пoтребa млекo. #ГoтвимеСoMr.Right
Откако сум на диета, веќе 5 месеци скоро секој ден конзумирам смути, бидејќи е здраво и витаминско, па и со многу малце калории, а и добра замена ми е за газирани сокови и чуда. Рецепти сама си смислувам и еве некои од моите најчесто правени. Смути со банана и кајсија: -1 банана -3 кајсии -250мл млеко/вода -2 бисквити Смути со киви и праска: -2 киви -4 праски -250мл млеко/вода -Пола лажица мед Смути со јагоди и банани: -1 банана -Многу јаготки -250мл млеко/вода -1 лажици мед -3 бисквити Смути со портокал и јаболко: -2 јаболки -1 портокал -1 лажица мед -250мл млеко/вода Често ги правам со вода, бидејќи така ќе има помалце калории, но знам некогаш и со млеко кога сакам подолго време да ме држи смутито Одлични се за слабеење, од рецепти и нема потреба, се е до креативноста, само млеко/вода, комбинации на овошја и доколку има потреба од мед за неутрализација на киселоста, тоа е се И секогаш додавам 2-3 коцки мраз, за да ми се поосвежителни, но пијте ги побрзо, бидејќи доколку се стопи мразот стануваат многу воденасти и после не се пијат
Ако е smoothie, не се става млеко од животинско потекло, само растително млеко. Твоиве комбинации не се смутија, туку милк шејкови, особено кога има и бисквити. Ако сакаш да те држи повеќе, ставај овесни, јачменови или 'ржани снегулки, претходно убаво покиснати.
Спремна за утрински смуди оброк. Уште лен и течност да ставам, а најлончињата ми седат во замрзнувач.
https://tinkturedrsulca.com/recepti-prirodnih-cedjenih-sokova/ не е баш смути ама многу здрави сокови се