1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Cуши (Sushi)

Дискусија во 'Рецепти' започната од wolf4e, 6 декември 2011.

  1. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Дaли сте пробале и дали ви се допаѓа суши?
    Kажете дали би можеле да го јадете?
    Aко некој знае како да направи домашно нека каже,зашто има луге кои и дома си прават :wasntme:

    Jас кога бев помала и пред да пробам мислев дека внатре има жива риба или нешто што уште мрда :rofl:
    E од кога пробав нон стоп го јадам,дефенитивно моја омилена храна е :)

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Cуши(Sushi)

    Не сум пробала до сега...па ако знае некој рецепт па дома да си го правиме . :) :D
     
  3. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Cуши(Sushi)

    AAAA ова тема не ми требаше да ја прочитам и да ги видам сликите. Веднаш е настрвив. Инаку имам јадено суши само 2 пати но доволно за да станат едни од поомилените јадења :inlove:
     
  4. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Cуши(Sushi)

    Обожавам суши!Кога одам во станство, не испуштам прилика да јадам суши.
    Во Скопје има суши-бар,т.е. не знам дали е сеуште суши, или само бар :D ама, сушито што таму го имам пробано не ми се допаѓа.
    Би била пресреќна да можам дома да го подготвувам...Ама, тешко дека ова чудо може дома да се направи.
     
  5. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.132
    Допаѓања:
    64.745
    Пол:
    Женски
    Суши...ммм :inlove:
    Не купувам никогаш суши, не ми е сигурно некако со рибата, ама затоа дома си правам и не е воопшто тешко, готово е за 15-20 минути, битно е само да се погоди оризот.
    Пред 10-тина година бев на еден од оние еднодневни курсеви за готвење, таму научив како да го спремам и од тогаш со мерак и спремам и јадам.
    Најлесно е да се прави стандарното суши, малку потешко е оно внатре, надвор ама со мала пракса и тоа се совладува.
     
  6. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Аууу алал да ти е што го спремаш за 15 минути кога само оризот за да се свари убаво ти требаат 15 до 20 мин варење и следните 15 минути да не се отвара тенџерето. Плус после оцетот па да се лади и меша на посебен начин уште најмалце 10 или 15 минути па дури послеееее виткање....
     
  7. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.132
    Допаѓања:
    64.745
    Пол:
    Женски
    Да ми требаат 15-20 минути да направам суши ептен сум вешта 8), значи со веќе припремен ориз |( за виткање се потребни 15-20 мин, ете сега поубаво се изјаснив.
    А инаку оризот од кога ќе се свари баш треба да се промешува од време на време ако не се меша ќе се залепи целиот.

    Абре жени на се само да се најде рачка и да се приговара, ете ако знаеш што не си напишала како се прави суши место да се фаќаш за мојот пост, најбитно е да се набеди некој дека нешто незнае, а вие знаете :x
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Суши јадев летово прв пат.На дечко ми му е едно од омилените јадења и ме пукна јади па јади.Првото беше со туна и авокадо внатре и не беше лошо,а второто беше со тоа живото розевото рипче :lol: и не ми се допадна ама ич,чудно ми беше.Може дека не јадам риба баш многу..Ама како и да е пак ќе јадам,битно како за прв пат не ми беше којзнае што но,и не ми беше ни грдо.
     
  9. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Дека па ти објасни како се прави нели?
     
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    имам јадено еднаш!
    не е лошо, ама не ми е доволно солено, ко без вкус е некако...
    за проба не беше лошо, можеби би јадела пак :)
     
  11. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.132
    Допаѓања:
    64.745
    Пол:
    Женски
    Добро cecilia нема потреба да ја напнуваме темата |(
    Една од причините зошто не ја напишав целата процедура околу правењето на суши е затоа што во Скопје го нема основниот продукт, суши ориз, барем јас не видов, во Веро и Тинекс ако нема на друго место тешко, а другата е затоа што имам мало бебе кое ми го диктира времето поминато пред монитор, what`s your excuse :?:

    Како се спрема во тенџере оризот незнам, јас го спремам во rice cooker, не е на пареа туку си го готви оризот до перфекција, нема потреба од мешање, кога е готов оризот се исклучува, а никогаш не ми се залепил за самиот сад,а оризот што се користи е баш за суши.
    [​IMG]
    најдобро нешто во кујната според мене а цената му е некои смешни 20-30 долари
    [​IMG]
    јас овој ориз го користам

    Пред да се стави оризот да се свари треба да се стави во цедилка и едно 3-4 минути да се мие под чешма,да се измие вишокот од скроб, битен момент да не се лепи оризот, јас ставам 3 чаши ориз(од садот,на чашата пишува 180мл)и 4 чаши вода, додека се вари оризот го спремам преливот, пола чаша оцет од ориз, 2 лажици шеќер и 1 лажица сол, се става на тивок оган и пред да зоврие се трга.Кога е готов оризот со дрвена лажица е размешува нежно(многу важно е да не се користи железна лажица го расипувала вкусот)се става преливот и јас му ставам влажна крпа врз садот за да ја апсорбира влажноста, се остава да се олади.
    Наредната работа што е потребна е sushi mat и nori sheets [​IMG]норито се става со светкавата страна надолу на подметачот и се става оризот врз него, (оризот се работи со влажни раце)со дебелина од околу 1 см а норито како што е правоаголно, се остава по 2 см од страните (да има место кога се витка) На самиот почеток се редат продуктите, јас прво ставам пушен лосос(се купува готов и е како пршута тенка)авокадо сечкан на ленти, краставица исто тенка сечена на ленти и млад морков предходно обарен а некогаш и од конзерва ставам, и со подметачот почнувам да го виткам, на крај се потстегнува за убаво да се оформи и со влажен нож се сечаат парчиња, од еден нори се вадаат околу 6-7 парчиња.
    Може место лосос да се стави и пилешко месо ама мене не ми се допаѓа.

    Лудо19 сушито се јаде со соја сос, а тој е доста солен затоа самото суши не е солено, ако пробаш друг пат побарај и од сосот.

    Се надевам дека положив испит сега кај сесилиа :rofl:
    ау колку пати сум го напишала зборот ориз :sweat:
     
    На fenu, joy1, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    ете, затоа јас кажав дека нема шанси ова чудо дома да се направи!Кај нас нема ingridients за суши.Имаше едно време во Веро,ама сега нема скоро ништо...а и соја сосот што се продава по градов е катастрофа...
     
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Суши - обожавам! Само за разликување ова е суши, односно нигири суши - стуткан ориз со парче лосос, туна, ракче (такозвано Еби Суши :D ), јајце, butterfish итн. одозгора.
    [​IMG]

    А овие се маки, обвитканиве со алги.
    [​IMG]

    Има и тамаки, тоа е пак ориз и другиве риби или зеленчук, завиткани како во фишек во морска алга.

    Сушито односно општо и макито е храна која се смета за една од најздравите, затоа што не содржи калории а е богата со протеини, витамини, минерали. Сепак не треба да се претерува со истото.
    Јас обожавам да си ставам што повеќе васаби на сушито, онака да ми го испржи носот асално (зелената паста од рен) и се разбира да се дави сушито во соја сос :wasntme:

    Кога ќе имам повеќе време ќе пишам по некое рецептче иако Битер совршено објаснила и навистина за наши услови е речиси невозможно да се направи истото како во ресторан. Премногу се специфични производите потребни за истото.

    Само по некој интересен податок за сушито за оние кои се токмат да го пробаат, затоа што јас прв пат кога јадев со стапчиња беше о леле мајко, ама сега научив и си јадам и нормална храна со нив (и да ви кажам контам зошто се толку слаби луѓево, кога јадете со стапчиња дефинитивно внесувате помали залачиња и помалку јадете, односно побрзо се заситувате) - наводно, најголема навреда за Јапонците е да го јадете сушито со виљушка не дај боже да го сечете со нож. Доколку не знаете со стапчиња, земете го со раце - поприфатливо е. Ако ви е премногу големо за да го лапнете наеднаш, грицнете си го и на два пати изедете го, но никако сечење со нож.
    И да - внимавајте кога ќе го натопите во соја сосот, веднаш лапнете го затоа што оризот ќе се оддели и целото суши ќе се распадне :) За да се неутрализира вкусот на рибата и на васабито, веднаш после секој залак суши се јаде кисел ѓумбир кој обично оди во комплет со самото суши.

    А што е специфично специфично е, или го сакате, или го мразите - трето нема. На тони би изела маки со авокадо и краставичка и суши со маслова риба.
     
    На interesna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Пред некое време пробав суши за прв пат со свеж лосос и соја сос и суши со разни видови зеленчук замотани во алга баш како што опиша Прамитка. Морам да признаам дека беше вкусно, васабито даваше чили шмек. Ама ја би повторно и повторно..
     
  15. lepotushka

    lepotushka Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Според мене јадење суши е баш помодарство. Не верувам дека навистина ви се допаѓа. Кој од Македонките јаде жива риба? НИКОЈ! Ај алги уште накако и можат да се протнат.
    Спремање суши во домашни услови е апсурд.
    Неодамно правено е едно испитување - дали суши- рестораните во светот праваат вистинско суши. Резултатот беше фрапантен - само едавај десетина!!!
     
  16. madamstefi

    madamstefi Нов член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    15
    обожама мегу омилената храна ми е сушито
    ама ви јапонија како го прават тава е неверојатно
     
  17. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    476
    :rofl: :rofl: омилено јадење бре бре....да не си правиш по дома случајно?
    И како го прават во Јапонија, баш ме интересира??? ]:)
     
  18. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Никогаш немам пробано, а и не сум човек кој многу експериментира со храната. По самиот состав не би го пробала. Веројатноста да го пробам е премногу мала :D
     
    На dolly.doll му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Не сум пробала...би сакала да пробам,бидејки ако не пробам како ќе знам дали ми се допаѓа :)
    Инаку суши е жива риба?
     
  20. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Да спремам дома суши???

    Ај јапонките нека почнат да прават дома ајвар :lol: