1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Cуши (Sushi)

Дискусија во 'Рецепти' започната од wolf4e, 6 декември 2011.

  1. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Многу сакам суши да пробам и постојано ми се вртка по памет, ако некој од вас знае каде во СК може да се купи веќе готово нека ми каже и цена секако. Не ми се прави по дома затоа што гарант ќе го утнам, а сакам како за прв пат да пробам оригинално, направено како што треба.

    Мислам дека ќе ми се допадне, страствен обожавател сум на риба и ориз, па и алги би јадела, се што е морско ми е фетиш. :D
     
  2. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158

    Во Нобу на Ленинова, на друго место не ни знам кај има.

    А за тие што не сакаат жива риба, има и со овошје :)
     
    На interesna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    43.176
    Пробав, на две забави (приватни), и впечатокот е дека за такви вкусови би се чувала, т.е можам да јадам неколку пати во годината. Силно за мое непце.

    Мислам, за експериментирање и комбинирање вкусови е во ред, но претпочитам кинеска кујна.

    Пробав маки, со луткаст лосос и сусам, нормално брцнати во соја сос. Тоа беше вкусно и интересно, и салата со сиров лосос, дајкон и моркови.
     
  4. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
  5. I.love.your.lips

    I.love.your.lips Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    970
  6. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Сушико на Ленинова.
    И ми имат кажано дека и во Рамстор има.
    Мене ми се допаднаа California rolls, иако не ми се омилени, затоа што иам уште доста доста да пробувам.
    Него, јадел некој Сашими? Какво е? :)

    Инаку за сушито имам читано дека е попаметно со рака да го јадеш, отколку со стапчиња.
    Јас сепак со стапчиња го јадам, многу ми е интересно. Ми требаше половина час да ги усогласам прстите, и почнав секој ден дома по нешто да си каснувам со стапчиња, и voila, веќе не ми е проблем.
    И да напоменам дека препорачливо е сашими да се јаде со стапчиња.
    Ако некој иде да јаде суши во ресторан и дели чинија со личност/и да препорачам од таа чинија да зима со обратната страна на стапчињата (онаа која не дошла во допир со устата).
    Во Јапонија обично немаат масички за седење, па ако ептен сакате да влезете во улогата, попаметно е на шанкот каде може и да разговарате со готвачот.
    Нигири/Сашими суши смее да се мацка во соја сос, ама од страната на рибата затоа што инаку би се распаднал оризот и после следниот на масата што ќе сака да мака, нема баш да не се гади.
    Веќе има васаби во Нигирито на пример, во случај некој да сака повеќе, правилно е да се измеша со соја сосот.
    Со Маки е во ред да се брцне оризот во сосот, само ако стану збор за суши кое што е веќе завиткано и нема шанса да се распадне па да се направи каша попара. :)
    Толку можам да се сетам во моментов. Пред да идам да пробам за прв пат, читнав нешто од нешто, да не се брукам.

    Ммм, и ѓумбирот поставен од страна е за чистење на вкусот од претходното јадење до следното.
    Не се става врз сушито, туку измеѓу различни видови.
     
  7. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    суши..
    Го јадам но не многу незнам баш ен ми е нај нај во последно време...
     
  8. Sextasy

    Sextasy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    46
    Иако стара темава, пак ќе одговорам - Добро не ви е страв од тоа суши сашими да не закачите по некој паразит? Од каде сте сигурни дека рибата не е инфицирана и потполно здрава?


    http://www.naturalnews.com/043526_sushi_mercury_poisoning_parasite_infections.html

    http://renegadehealth.com/blog/2013...isk-parasites-with-7-tips-to-protect-yourself
     
  9. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас обожавам суши, ама свесна сум дека многумина не јадат жива риба (или се ежат на помислата), па така да кога го правам за други луѓе користам пушен лосос, туна или пак го правам вегетаријански со краставички и DSCN2164.JPG друг зеленчук. Во Рим имаше свежа риба колку ти душа сака, овде некако ми е шубе да го правам со свежа риба со оглед на тоа што Мк нема море па рибата патува од Грција или Хрватска а сепак свежо значи сега уловено...Еве ви слика на еден тањир суши кој го имам направено. Исто така многу убава комбинација е и краставица со течно сирење односно намаз (не верував дека е супер додека не го пробав). Поздрав
     
    На kjukli и joy1 им се допаѓа ова.
  10. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите љубителки на суши, доколку сакате да го направите сами дома, а не секогаш може да ги најдете оригиналните материјали како ориз за суши или оцет од ориз, во тој случај еве ви идеа како да ги замените со она што веќе го имате во вашите кујни без драстично да го промените вкусот. Јас секогаш користев ориз за суши (оној оригиналниот) додека еден ден го немаше никаде па решив да експериментирам со најобичен ориз и за чудо...беше многу вкусен како и со другиот ориз.
    Еве ви во продолжение како може да се направат домашни суши без оригинален ориз и без оцет од ориз. Поздрав

    Домашно суши (со она што го имаме во нашите кујни)

    [​IMG]

    Здраво драги мои,

    дефинитивно едно од моите омилени јадења, фантастично за секоја пригода, особено ако сакате да направите мал коктел од типот finger food со мали залчиња и за повеќе души. Повеќето од вас можеби сметаат дека е комплицирано за изработка. Епа денешнава статија има за цел да ви докаже дека суши може да го направиме со било која состојка која ја имаме дома, според наш вкус и дека подготовката е навистина многу лесна (откако ќе се навежбате).

    Во насловот на оваа статија споменав “со она што го имаме во нашите кујни“ токму така драги мои. Знаеме дека за подготовка на овој специјалитет секако ни е потребен специјален ориз за суши, оцет од ориз, алга нори и состојки по наш избор за полнењето. Оригиналниот ориз за суши е насвистина одличен (тоа и му е намената мора да биде одличен :)), и е навистина тешко да се најде барем кај нас. Единствено место каде го има (барем јас таму сум го видела а може да го има и на други места) е супермаркетот Carrefour во т.ц. City Mall, меѓутоа проблемот е тоа што го нема секогаш. Трет пат како што го барам и го нема на лагер. Потоа оцетот од ориз може да биде доста скап. Го имам видено во Carrefour и во некои продавници за здрава исхрана, меѓутоа многумина не би го земале затоа што е нешто што не го употребуваат често или пак затоа што е потешко да се најде.

    [​IMG]

    Меѓутоа не се грижете, најдов одлична “домашна“ алтернатива за овие состојки и со оглед на тоа што јас суши правам многу често, може да ви кажам дека вкусот е многу сличен, ако не и ист како оној направен со оригиналните материјали.

    Да не ве држам во неизвесност затоа ајде да започнеме.

    За моето домашно суши потребно ви е:

    - 150 гр. бел ситен ориз
    - 3 парчиња алга нори
    - јаболков оцет
    - сол
    - шеќер (јас користев интегрален)
    - лосос (јас користев пушен лосос)
    - краставичка (или било кој друг зеленчук како морков, целер)

    Што се однесува до оризот кој го користев во рецептот, навистина не ја знам марката, меѓутоа важно е да е ситен. Јаболковиот оцет ќе го користиме како замена за оцетот од ориз и тоа помешан со шеќер и сол. Верувјте ми ја има истата функција на оцетот од ориз, а и вкусот е доста сличен во крајниот производ.

    [​IMG]

    Најнапред оризот измијте го многу убаво со ладна вода, се додека водата не стане бистра (на почетокот додека го миете водата ќе биде бела ама инсистирајте, потребно е трпение). Откако убаво го измивте оризот ставете го во едно тенџерче и додадете вода за да го покриете (малку над оризот). Ставете го да се вари (покриено со капак) на многу ниска температура околу 15 мин. За време на варењето никако не го кревајте капакот. Пожелно е да ставите проѕирен капак за да може да го надгледувате оризот. Откако ќе поминат 15 мин. тргнете го тенџерето од рингла и оставете го така да стои уште 10 мин.

    [​IMG]

    Во едно ѓезве загрејте го оцетот заедно со шеќерот и солта. За количината на ориз која ја користев доволно ми беше околу четвртина шоља за кафе оцет (малку повеќе од четврт) во која ќе растворите половина лажичка шеќер и малку сол (на врвот на лажичката). Откако смесата ќе се олади сипете ја врз оризот и убаво помешајте. Секако вие експериментирајте со количините и откако ќе го најдете вкусот што ви се допаѓа така и правете го.

    Оставете го оризот на страна додека убаво не се олади и потоа ставете го во фрижидер во еден сад (јас користев порцелански) со капак да отстои цела ноќ. Може да се запрашате зошто цела ноќ? Затоа што од искуство ви велам дека е многу подобар ден потоа отколку истиот ден.

    Изутрина, извадете го оризот од фрижидер, земете ја алгата и ставете врз неа убава количина од оризот. Намокрете ги рацете да спречите оризот да ви се лепи на нив.

    [​IMG]

    Оставете простор на едниот крај од алгата за да можете полесно да ја затворите. Врз оризот ставете го она полнење кое ви се допаѓа. Јас направив два вида: со пушен лосос и пушен лосос со краставица.

    [​IMG]

    Полека почнете да виткате внимателно и накрај спојте ги краевите премачкувакќи ги со малку вода.

    [​IMG]

    Ете вашето суши/маки е готово.

    Доколку немате алга или пак не ви се допаѓа не очајувајте. Може да направите сашими. Едноставно земете мал дел од оризот, формирајте го како издолжена топка, и врз него одозгора ставете го парчето пушен лосос.

    [​IMG]

    [​IMG]

    Откако ќе ги направите сите ролни со суши/маки, земете убав остар нож и сечете ги на парчиња со средна дебелина и сервирајте ги онака како што вам ви се допаѓа.

    [​IMG]

    [​IMG]

    Ете драги мои, не е потребно да купувате специјални производи. Пробајте ја мојава домашна варијанта и оценете сами дали вкусот е добар како и оригиналните.

    [​IMG]

    Доколку сакате ставете малку соја сос во едно чинивче на страна и макајте ги секој од овие суши маки пред да ги изедете. Овој сос им дава навистина прекрасен вкус и мирис. При изборот на соја сосот ве молам земајте секогаш органски, затоа што сме сигурни дека во него нема ГМО (со оглед на тоа што е забранет во органската култура).

    Секако ви благодарам многу на вниманието и се надевам дека некој од вас ќе се обиде да ги направи. А доколку е тоа така, слободно пишете ми импресии под текстот.

    До следната статија.

    Вики
     
    На VoodooGirl, sorbet, tina-63 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.051
    значи ОБОЖАВАМ!! не сум јадела мнг пати но секогаш одвај чекам нова прилика да јадам. Во Ск само во Sushiko сум јадела. Има ли негде на друго место? За дома правење не би се осмелила.
     
  12. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Зошто не би се осмелила? Пробај немаш појма колку е забавно, а уште ако испадне и супер ќе скокаш од радост!!! :D
     
  13. PiaMia

    PiaMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2015
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    626
    Пол:
    Женски
    Имам гоолема желба да пробам. Освен во Сушико, каде на друго место би можела да најдам?
     
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Не, не и не. Фала..
    Барем не од оние што ги прават со жива риба..
    Во САД обожаваат суши, па кога бев во Њујорк внука ми реши дека е време да пробам..
    Ме однесоа во еден преубав ресторан, се беше супер, барем од останатата храна што ја пробав..
    Дури и онаа мисо супата ја проголтав (со оглед на тоа што супи мразам)..
    Ама ова сушиво...:envy::envy::envy::envy::envy::envy:
    Може да пробам со пушен лосос..ама со жива риба ни во следниот живот..
     
  15. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.609
    Пол:
    Женски
    Vo Star ocean vo City mall probav jas vegetarijansko sushi. Odlicno :D sleden pat i so losos bi sakala da probam.
     
    На PiaMia и mirandaa им се допаѓа ова.
  16. Kate505

    Kate505 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    Vo germanija vo eden kineski restoran imam probano voopshto ne se loshi, samo treba da ja odfrlish mislata deka jadish zhivo meso i toa e toa :D
     
  17. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Многу е лесно ова:D
     
    На joy1 и Kate505 им се допаѓа ова.
  18. Sextasy

    Sextasy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    46
    Вo САД и Гермaнијa сушитo штo гo јaдете не е oд свежa рибa,спoред хaсaп системoт мoрa дa биде пoвеќе oд 24 чaсa зaмрзнaтa дa се уништaт бaктерии и пaрaзитски лaрви пa дa биде безбеднo зa јaдење. Oвде вo мк експериментирaјте кoлку сaкaте.

    https://www.quora.com/Is-all-sushi-fish-frozen
     
  19. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.075
    Пол:
    Женски
    Колку чини суши по рестораниве? И кај е најубаво?
     
  20. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.570
    Во пекинг гарден на плоштад до тренд има и можете да пробате. :)