дали ги користите и дали ви се допаѓаат..јас го користам веќе 5 години и не планирам да ги сменам за ништо на светот моментално го користам C-THRU CHARMING преубав е....
Не памтам да сум купила, онака по другарки што се прскав понекогаш и добри се, ми се допаѓаат. Неодамна на поклон го добив темно-синиот, c-thru charming, прекрасен е! Ептен онака свежо ми мириса, летно.
истиот го имам и јас прекрасен е нели?претходно неколку години го користев зелениот ама сега немозам да го најдам по продавниците,па некое време го користев црниот,но откога го открив CHARMING се заљубив
Black Diamond ми е најубав парфем, ама премногу е тежок за летно време и го користам есен/зима. Порано имаше еден Aqua Marine или нешто така во плаво шишенце, ама веќе го нема Тој беше најсвеж парфем, најубав за пролет/лето...
И мене многу ми се допаѓа истиов, јас и летно време си го користам, преубаво ми мириса.Сите ми се убави, мислам дека плавиот најсвежо мириса.
дали ви текнува на зелениот како се викаше многу беше убав,ама сега мислам го нема тоа беше пред 3 години мислам ко го имав...
Мене црвениот и црниот ми беа најубави ама веке црвениот го нема. Сега имам од тој Golden Touch i Amethyst. Мене ми недостига тој црвениот-руби, со години го користев, трае долго време, лугето ме препознаваа по него. За роденден сите таков ми носеа И годинава оооп ми се јавуваат тројца велат твојот парфем повеке го нема. Кое разочарување. Имало некој сличен на него, јас барав по продавници ама ниеден не ми беше сличен.
Toj e toj Aqua Marine или нешто така, го нема никаде веќе, а во истото шишенце има сега парфем со друг мирис... Стварно не ми е јасно зашто ги снемува некои, а се појавија нови 2-3 со многу слични мириси. Баш без везе...
сознам сега за сега мислам дека најубав е C THRU CHARMING според мене,пробајте го зелениот беше најубав ама пошто го нема јбг убав е и овој и да црвениот не е лош!
да убави се, ама не сум се залетала да ги купам...и тие што ги имам ми се од роденден на роденден што ги добивам
Мене ми се меѓу омилените парфеми и дезодоранси. Моментално го имам овој и многу ми е свеж и убав, си го купувам веќе по втор или трет пат, среќа уште не ми здосадил. И ми текнува на тој аквамарин ли, како беше, непребол ми е. Се сеќавам дека секогаш си го имав во залихата. Убави парфемчиња се, трајни, супер на цена. :up:
Еднаш уште одааамна, го добив на поклон. Не памтам каква боја беше, ама преубаво мирисаше. Мислам дека беше ваков, ама не сум сигурна.. Спојлер Многу ми беше итересен, башка со бисерчињата.. Моментално имаме ваков дома, ама некако премногу е јак мирисот. Пот во комбинација со овој парфем, баш и не е пријатен. Ама убав е.. Спојлер
Јас многу го сакам оној портокаловиот ама веќе го нема во продажба. Дома имам уште пола шишенце и си го штедам, подолго да ми трае