Го користев црниот до пред некое време ама сега го земав плавиот некој нов Charming. Ептен е свеж, ми мириса на летооо
C-THRU Amethyst одличен е.Го имам и C-THRU Black diamond,ама тој е малку потежок. Спојлер Би сакала зелениот и плавиот да го земам.Може и розевиот.Може и цела колекција
Тој зелениот се вика C-THRU Emerald ,иначе и јас го имам користено пред 2-3 години,потоа го снема,не се произведуваше, ама пред некое време сестра ми кажа дека го видела истиот во една парфимерија тука во Куманово . Еве и слика од тој .
Па јас лично не сум го видела ама штом ми кажа сестра ми значи точно е . Ако го има донесено во Куманово сигурно го има и во некоја од парфимериите по Скопје , побарај го и сигурно ќе го најдеш
Парфемиве нон стоп ги користам ама најинтересно е што ниеднап не сум ги купила, нон стоп за родендени ми ги носат, ги користев виолетовиот, розевиот-Pearl Garden и зелениот Emerald. во план сум да си го земам пак розевиот, онака лесен ми е таман за времево, него прашањето ми беше која цена се?
Петка им се парфемчињава, мелем за мирисното сетило. Ги имам ови два: Спојлер Вториов посебно го обожавам, на убави средби ме потсетува Од него имам и дезодоранс. Исто го имам користено и овој дезодоранс: И искрено да ви кажам, и јас се чудев, ама дезодорансиве actually имаат ефект.
И мене ми се убави овие два, посебно розевиот ми е многу убав, особено за летно време, а и тој од дијаманти двата црни и розевиот, ми се најубави од сите.
Сум ги пробала и ги обожавам. Моментално го имам црниот , а сум ги користела и виолетовиот и розевиот, сите ми се многу убави ! Спојлер Oд розевиот неможев слика да најдам