Колку им се движи цената на овие парфеми? Гледам доста позитивни критики за парфемите па размислувам да си купам.
Ааа омилени ми се сите Инаку 30ml е околу 300 и нешто , а 50ml 500 и нешто не знам баш точно Провери со во дм, а и по маркетиве ги има.
Ги користам, скоро сите ги имам. Миризите ми се допаѓаат многу а трајноста им е во ред како за цената. Посебно ми се допаѓаат зелениот и сребрениот. Порано исто така го обожавав Аква Маринот но за жал веќе долго време го нема.
Овој е најсвеж од сите парфеми на c-thru. Мене ми беше омилен едно време, а долго не го имам користено. Наредно го земам.
Овој ми е омилен од C-THRU. Убави им се и другите, но овој така највеќе ми се допаѓа, за зима сега е погоден баш.